Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Tretman-Komarci18.06.2013  Без проблеми помина првото од двете прскања против комарците од земја.

Возилото со специјална опрема за запрашување ги помина планираните улици во градот и дел од  населените места во регионот.

Кампањата за борба против комарците продолжува со второто прскање со што ќе заврши третманот од земја во првата фаза. Сепак, акцијата продолжува и во текот на оваа недела со првото прскање од авион, што во кочанскиот регион ќе се спроведе по пауза од дваесетина години.

Од Центарот за јавно здравје на прес конференцијата во понеделникот рекоа дека не се очекуваат изненадувачки ефекти од прскањето, но сепак континуитетот од минатата и оваа година треба да даде позитивни резултати.

- Се очекува дека треба да има поголем резултат оваа година за разлика од минатата. Ќе кажам дека и оваа година очекуваме дека повторно ќе има комарци, но мораме да бидеме трпеливи, 20 години, како што добив информација не е правено ништо, се работи за живи организми, не можеме ние преку ноќ да ги истребиме, меѓутоа правиме се за да го намалиме нивниот број, рече Благица Ѓурковиќ, директор на Ценатрот за јавно здравје - Кочани.

Истовремено со прскањето од земја во Кочани, исто такво се спроведе и во општината Зрновци.

Третманот против комарците продолжува в четврток, кога во раните утрински часови ќе има авионско запрашување на теритроијата на нашата и соседната општина Виница. Со оваа актовност се планира да се опфати вкупна површина од околу 2500 хектари. Ќе се прска главно над оризовите површини, над населените места и во долините на речните сливови во двете општини.

Т. Ајтовски

Сподели

Tretman-Komarci3Tretman-Komarci2Tretman-Komarci1

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 38 гости и нема членови


web counter



qr code