Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Javen-Prevoz-202.12.2013  Автобусите на превозникот “Авто атом“ го започнаа најавениот проект на Општината за организиран јавен градски превоз.

Четири пати, во различни термини во текот на денот, почнувајќи од 8, а завршувајќи во 16 часот ќе се одржува линијата чија почетна точка е во населбата Оризари, а потоа се движи низ градското подрачје на Кочани, заедно со зоната Лесна индустрија.

Јавниот превоз се најавуваше уште пред половина година, а околу еден месец траеле интензивните подготовки што ги презеде Општина Кочани за успешнен старт на проектот. Меѓу првите патници изутрината беше и градоначалникот Ратко Димитровски, според кого потребата од јавен превоз постоела подолго време, а со сериозни подготовки сега се реализирала.

- Ние направивме напори заедно со превозникот “Авто атом“, со Полициската станица и службите од Општината, за подготовки на сите места, да се растовари сообраќајот, да се постават автобуските постојки, да се финализира возниот ред. И покрај некои поединечни негодувања од граѓаните за поставување на автобуските постојки, сепак тоа е завршено, но не е конечно, можеме со искуство, со следење на овие работи да ги променуваме, да го менуваме и возниот ред и автобуските постојки, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

На првото возење Димитровски беше придружуван од претседателот на Советот, Иван Иванов, кој рече дека очекува граѓаните да ја прифатат можноста што им се нуди, пред се заради пристапната цена за превоз.

- Цената како што кажавме е доста популарна, само 10 денари, а исто толку субвенционира и Општината, така што би ја искористил оваа можност да ги повикам сите граѓани да го почувствуваат благодетот на градскиот превоз, рече Иван Иванов, претседател на Советот на Општина Кочани.

На поголем број од автобуските постојки за почеток ќе има полициска контрола за да ги информира возачите да не ги паркираат своите возила и да им овозможат полесен пристап на автобусите.

- Би апелирал од страна на Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај до сите возачи, особено во централното градско подрачје да внимаваат на поставените знаци за обележани автобуски постојки  и во овие периоди на тие места да нема паркирани возила затоа што во тој случај го попречуваат сообраќајот, а го отежнуваат и симнувањерто на патниците, односно тие ќе мораат да се симнуваат на коловозот, на самата улица и со тоа се загрозува нивната безбедност, рече Горан Велковски, инспектор за превенција во сообраќајот.

Автобуската линија е во должина од околу 15 километри и ќе поврзува поголем број улици во Оризари и Кочани, а на секоја постојка има сообраќаен знак со возен ред на тргнување на автобусите. Единствено во четврток, кога во Кочани е пазарен ден, линијата ќе биде скратена, односно наместо до населбата Бавчалук, ќе оди до градскиот плоштад, а останатите релации ќе бидат според вообичаениот редослед.

Т. Ајтовски

Сподели

©2013  Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.

{youtube}

|700|525|0{/youtube}

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 81%
Ветер: North при 2 kmh
Четврток-3°C/13°C
Петок-3°C/12°C
Сабота-3°C/9°C
Недела0°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code