Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна ја потврдија веродостојноста на информацијата.
-Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците се уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна.
]]>
Постапката за обновувањето на условите што ги нуди ловиштето е со финансиска поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а партнери во проектот се Министерство за животна средина и просторно планирање, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЈП „Национални шуми“, Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“ од Скопје, Македонското еколошко друштво и Универзитетот за применети науки во Берн, Швајцарија.
]]>
Во саботата на 5 септември се искачија на врвовите Китка на 1903 мнв и Царев врв - 2085 мнв, како поддржувачи на предизвикот „12 врвови“ што го организира ПСК „Трансферзалец“ од Скопје.
]]>
Од ресорното министерство информираа дека Институтот за јавно здравје на ниво на целата држава регистрирал 24 излекувани пациенти кои се лекувале во домашни услови. Петмина излекувани пациенти се евидентирани во Кочани, по четворица во Скопје и Дебар, по тројца во Штип, Прилеп и Тетово и по еден во Струмица и Куманово.
Во изминатите 24 часа потврдени се седум нови случаи на КОВИД-19 во земјава. Од нив три случаи се во Тетово и по двајца во Куманово и Кочани. Со тоа вкупниот број на заболени регистрирани во Центарот за јавно здравје во Кочани се искачи на 28.
]]>
Дневно се произведуваат по околу 20 кубни метри компост, од кои околу две третини отпаѓаат на сламата. Во моментот трае тест периодот во кој се испитува хемискиот состав и количините на хранливи состојки во ѓубривото, по што тоа ќе може да се применува на земјоделските површини.
]]>Чизмите се наменети за дејствување во затворен простор. Тие ги исполнуваат соодветните стандарди за заштита, изработени се од кожа, заштитуваат од пробивање, ѓонот штити од топлина и лизгање, а поседуваат и други карактеристики предвидени со посебен стандард за квалитет.
]]>- Ова е свечен момент за сите вработени од експозитурата но и за клиенти на банката. Денес може да бидеме горди на многубројните проекти кои ги имаме финансирано во изминативе 20 години, преку кој нашите клиенти успеаа да ја зголемат вредноста на своите компании, да станат поуспешни и поконкурентни на пазарот.
]]>
Едногласна одлука за намалувањето донесе општинскиот Совет, при што првичниот предлог со кој се предвидуваше тоа да трае до крајот на мај, беше продолжен до 31 декември.
Намалувањето на висината на надоместокот за комуналии, утврден со Програмата за уредување на градежно земјиште на поодрачјето на општината за 2020 година, се однесува на изградбата на објекти со намена за домување и комерцијални дејности, но не и за викенд куќите на Пониква.
]]>
Поради лошата состојба во која се наоѓаат одредени делови, во Програмата за уредување на градежното земјиште за 2020 година е предвидена реконструкција на улиците: „Четврта македонска бригада“ (260 м), два крака на улицата „Маршал Тито“ (крак 1 – 90 м и крак 2 – 130 м), „Илинденска“ (250 м), „Плачковица“ (190 м), „Коста Рацин“ (220 м) и „9 Мај“ (570 м).
]]>
Домаќините први дошле во водство со голот на Здравков во 15 минута и со резултат од 1:0 се отишло на пауза. Во вториот дел домашниот тим ја продложил иницијативата и нападите што придонело да го зголеми водството во 60 минута со погодокот на Ѕурѕу.
Таквиот резултат како малку да ги освестил гостинските фудбалери , по што почнале почести напади кон голот на „Каменица Саса“.
]]>Во рамки на 4 коло успех забележа генерацијата 2006. Таа со резултат 4:0, на домашен терен, ја совлада незгодната екипа „Брегалница“ од Штип, која е еден од конкурентите за пласман на врвот. Со убедливата победа токму против штипјани јуниорската екипа на „Фудбал старс“ го зачува првото место на табелата.
Пофалба за успехот заслужува целата екипа, а посебно стрелците на головите, при што Марио Симоски постигна два погодока, а по еднаш противничката мрежа ја затресоа Ненад Малинов и Николче Ефремов.
]]>Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица од Кочани трет ден се на терен, но немоќни се во локализирањето на пожарот поради непристапноста на теренот, а силниот ветер и сувата вегетација дополнително помагаат огнот брзо да се шири.
Командирот на ТППЕ, Благој Паунов истакна дека интервенирале повеќе од 48 часа и ги ангажирале сите пожарникари и опремата со која располагаат.
]]>За реконструкција и адаптација на зградата на Мултикултурниот центар ќе бидат наменети 316 илјади евра, од кои 213 илјади евра се од Интерег ИПА-програмата, 37.000 се од Министерството за локална самоуправа и 65 илјади евра се кофинансирање од Општина Кочани.
]]>
Во тек е постапката за избор на фирма што ќе ги направи истражните геотехнички испитувања и ќе изработи основен проект за браната, а за што од општинскиот буџет е планирано да се потрошат близу 2,2 милиони денари.
Мини акумулацијата ќе биде лоцирана во месноста Арамиска чешма, во непосредна близина на Пониква и главна цел е да обезбедува вода за постојните и новите викендички во населбата, за одморалиштата, како и за планинските поила за сточниот фонд.
]]>За набавката беа издвоени средства од буџетот на Општина Кочани, а таа се реализира после неколку години.
- Добивме работни униформи, 18 парчиња, што се состојат од панталони, кошули, џемпер, маици, капа, кондури и чизми, што ни беше неопходно за извршување на секојдневните работни обврски. Униформите ги добиваме после неколку години и е од големо значење за нашата професија, рече Благојчо Паунов, командир на ТППЕ - Кочани.
]]>Најсреќниот Ристов со неговите другари според обичајот ќе ги посетат семејствата во градот, кои го даруваат крстот со пари за здравје и среќа.
Тој пред сите присутни ја даде христијанската изјава и посака Бог да му дари здравје на него и неговите најблиски.
]]>Во ОУ „Никола Карев“ во Кочани се прави адаптација на тоалетите, при што се поставува комплетно нова водоводна инсталација, се заменуваат вратите и се санираат таваните. Исто така, ќе се постават нови тоалетни елементи, а целата инвестиција е во вредност од 780 илјади денари.
По завршувањето на градежните работи во централното, ќе се заменат прозорците и ќе се реконструира подот во подрачното училиште во селото Тркање.
]]>Најголем број од интервенциите, вкупно 39, биле кај пожари на отворен простор, при што била опожарена површина од 32 хектари, што е за пет пати помалку споредено со 2017 година. Во 16 случаи се интервенирало кај запалени објекти, а останатите излегувања на терен биле за гаснење пожари кај моторни возила.
Од ТППЕ - Виница рекоа дека лани од пожарите е предизвикана вкупна материјална штета од 235 илјади денари, што е намалување за околу половина.
]]>