Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

saem tekstil germanija05.09.2018  Пет македонски текстилни компании учествуваат на меѓународниот саем за облека што од 4 до 6 септември се одржува во германскиoт град Минхен.

Меѓу учесниците е и кочанската конфекција “Метас“, како единствен претставник од нашиот град, која се претставува со својата производна програма на кошули.

Учеството на македонските компании на саемот е со поддршка од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, и тоа е одлична можност тие да ги претстават сопствените инвестициски потенцијали на европскиот и поширокиот меѓународен пазар.

Повеќе...

Pozar vezba Zrnovci13.09.2018  Едно возилo на Тертиторијалната противпожарна единица на Кочани со спремните пожарникари беше доволно да се изгасне пожарот во ОУ „Синиша Стоилов“ кој како дел од вежбовната активност избувна во училиштето.

Од симулираниот пожар беа зафатени неколку училници и беа повредени тројца ученици кои навреме беа евакуирани од пожарот и од страна на екипите и волонтерите од ОО Црвен крст - Кочани им беше укажано прва помош.

Евакуацијата и симулацијата на пожарот се спроведе со учество на сите вработени во училиштето и учениците. Од вежбата се покажа дека ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци како и ТППЕ на Кочани се подготвени за брза реакција при евентуална несреќа и справување во случај на пожар.

Повеќе...

FA-kocani-turcija13.09.2018  Уште една успешна турнеја и уште едно незаборавно дружење на фолклористите на ФА „Кочани“ во градот Бејпазар, близу Анкара во Република Турција.

На традиционалниот Меѓународен фолклорен фестивал што се одржува во овој град, кочанскиот ансамбл учествуваше со рекреативната група фолклористи кои и се претставија со три кореографии.

- ФА „Кочани“ со рекреативната група играорци учествувавме на 24. Меѓународен фолклорен фестивал на култура и туризам кој што се одржа во градот Бејпазар, близу Анкара, Р. Турција. Се претставивме со три кореографии - “Малешевија“, “Овчеполе“ и староградски игри.

Повеќе...

voen otsek kocani12.09.2018  По покана од локалната власт, во работна посета на Општина Кочани престојуваше потпретседателката на Владата и министер за одбрана, Радмила Шеќеринска, при што се сретна со градоначалникот Николчо Илијев и неговите соработници.

На средбата стана забор за повеќе актуелни прашања од работата на Општината, пред се во делот на средувањето на финансиските проблеми, но и за конкретни прашања, каде што е неопходна поддршка од Министерството.

Меѓу нив беше споменат и проблемот со руинирниот објект на поранешниот Воен отсек, каде најголем дел од сопственоста ја има ресорното министерство.

Повеќе...

bejli kocani04.09.2018  Амбасадорот на САД во Македонија, Џeс Бејли престојуваше во работна посета  на кочанскиот регион. Главна цел на посетата беше запознавање со проектите за кои американската влада дала поддршка преку програмата за меѓународна соработка на УСАИД.

Во рамки на престојот во регионот амбасадорот Бејли најпрвин ги посети производствените погони на компанијата “Екстра фунги“, каде беше информиран за начинот на работа и капацитетите со кои располага фабриката. Притоа тој високо ја оцени определбата на менаџерскиот тим да реализира високи стандарди на квалитет во произивдиството, од кое скоро воп целост е наменето за извоз на пазарите во Европа и пошироко.

Повеќе...

cupino trail 201804.09.2018  Во неделата во Виница за прв пат се оддржа планинската трка Чупино Трејл 2018 на падините на Плачковица.

Виничани беа домаќини на настан што се реализираше, на патеки со должина од 13 и 30 километрии. Натпреварувачите беа распоредени во неколку категории во машка и женска конкуренција како и ветерани над 50 години.

На Првата патека со наслов Бумбарска трејл во должина од 13 километри во во машка конкуренција најдобар беше Димитар Михаилов Миоски кој ја помина за 1 час и 13 минути, а десетина секунди зад него се најде Михаил Крстов. Во женска конкуренција најдобар реултат постигна Антонија Брезовска од 1 час и 30 минути. 

Повеќе...

dzudo104.09.2018  Во силна конкуренција со учество на џудо клубови од 11 држави, џудо клубот „Гладијатор“ од Кочани се врати со освоени две втори места, едно поединечно и едно екипно од Балканското првенство што викендов се одржа во Кавадарци.

Истото беше во техничка организација на Џудо федерацијата на Македонија. Тренерот на кочанскиот џудо клуб задоволен од постигнатите резултати.

- Домаќините се претставија во одлично светло што значи дека нашата репрезентација за прв пат во историјата на македонското џудо во микс категорија мажи и жени го освоивме второто место.

Повеќе...

proekt avena131.08.2018  Со завршна презентација на постигнатите резултати, финишираа активностите од проектот “Сите заедно на училиште“, што беше наменет за децата од ромската популација во Кочани.

На средбата со претставниците од училиштата, родители и активисти кои беа вклучени во спроведувањето на задачите, беше речено дека во изминатите седум месеци се постигнати задоволувачки резултати, посебно во запишувањето во училиште на децата кои воопшто не посетувале настава.

Носител на проектот беше здружението на Роми “Авена“ од Кочани, во соработка со други невладини органзииации и педагошко-психолошките служби од основните училишта “Раде Кратовче“ и “Малина Попиванова“.

Повеќе...

vmro pres1231.08.2018  - Токму од овде уште еднаш ќе потcетам дека немањето градски превоз е реален проблем со кој секојдневно се соочуваат граѓаните на Кочани. Градоначалникот во неговиот одговор на овој проблем зборува за превоз на ученици кој нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз.

Бесплатниот превоз на учениците е право кое е регулирано со закон, а договорите кои сте ги објавиле се склучени како резултат на спроведена јавна набавка и изразените цени се за повратни билети на редовните ученици, Вие ја замајувате јавноста кажувајки ги цените за билет во редовните автобуски линии во еден правец, што претставуваат две различни работи, рече меѓу другото Миле Лефков, претстедател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ - Кочани на организираниот прес пред новинарите.

Повеќе...

dogovor ljupco santov31.08.2018  Почитуван претседател на општинскиот партиски огранок, се прашувам како имате доблест повторно да излегувате на прес-конференција за јавниот превоз кога граѓаните очекуваат одговорност, а Вашите сопартијци оставка од координаторското место поради потпишувањето договор за превоз на ученици, за кој сте имале законска обврска да го поништите.

Добро знаете дека јавната набавка треба да резултира со пониски цени од пазарните, а не двојно и повеќе повисоки.

Правите очајнички обид да ја извртите вистината и да префрлате вина на друг, нешто што не треба да му е својствено на професор, на човек кому првин учениците треба да му веруваат. Се лажете и себеси и јавноста кога велите дека „бесплатниот“ превоз на учениците нема никаква поврзаност со општинскиот линиски превоз. Граѓаните очекуваат да одговорите каде е разликата во цените од училишниот превоз.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 50 гости и нема членови


web counter



qr code