Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

komarci avion prskanje29.05.2018  На крајот од оваа недела ќе се реализира првата фаза од овогодишната кампања за уништување на комарците.

Општина Кочани веќе го најави третманот од воздух што ќе се реализира в петок во периодот меѓу 4 и 8 часот наутро. Активноста е во рамки на законските обврски за заштита на населението од заразни болести. Притоа со авиодезинсекцијата во општина Кочани ќе биде опфатена површина од 3.400 хектари во градот и во населбите од низинскиот дел од општината.

Прскањето против комарците ќе го реализираат стручни екипи од компанијата “Бониер“ од Куманово која и во изминатите години ја извршуваше истата услуга.

Повеќе...

DAF kocani29.05.2018  Во присуство на голем број гости и љубители на дрмаската уметност синоќа во ЦК „Бели Мугри“ беше отворен 55. Драмски аматерски фестивал.

На отворањето му претходеше драматизацијата според народни кажувања со наслов „ Бегај ѓаволе жена ми доаѓа“ во режија на Бојан Подгоршек а во изведба на културното друштво „Шатор Шторје“ од Словенија.

Свеченото отворање на фестивалот се одржа на сцената на ЦК „Бели Мугри“ а присутните ги поздрави драматургот Дарко Спасов кој што е и претседател на годинешното издание ДАФ.

Повеќе...

basket dino m14 klupa29.05.2018  Младите кошаркари на “Баскет Дино“ кои се натпреваруваат во М14 лигата останаа без повисок пласман на завршниот фајнал фор турнир што се одигра во Струмица.

Момчињата на тренерот Сашо Лаззаров се најдоа на четвртото место во борбата со екипите на “Вардар“ и “Партизан Мултишпед“ од Скопје и домаќинот “МВП Струмица“.

Во средбата за освојување на третото место, “Баскет Дино“ доживаа пораз од 90:70 од струмичките кошаркари. Во првото коло пак, нашата екипа не успеа да им се спротивстави на своите врсници од екипата на “Вардар“ од Скопје, загуби со 84:57 со што ја пропушти шансата за пласман во врвот.

Повеќе...

patronat kim 201828.05.2018  Со свечена академија и положување цвеќе пред бистата, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ го одбележа својот патронен празник.

Свечената академија што се одржа во ЦК „Бели Мугри“ започна со изведба на македонската химна од страна на хорот и оркестарот на училиштето, продолжи со настап на учениците од сите активи, драматизации, скечови и музички точки.

Учениците преку игра и песна искажаа колку всушност се горди што учат во училиште кое што го носи името на двајцата просветители, Светите Кирил и Методиј. Учениците зборуваа за големината на делото на светите Кирил и Методиј кои ни ја подарија писменоста.

Повеќе...

iftar vecera dzamija28.05.2018  Поголем број муслимански верници од Кочани и соседните општини во саботата присуствуваа на третата традиционална ифтар вечера што се одржа во дворот на џамијата Дуди Ханум.

Капијата од верскиот објект беше широко отворена за сите доброноманеррни гости кои беа срдечно дочекани и угостени. Организатор на свечената вечера беше хуманитарната организација “Раце за помош“ од Кочани чија цел е на верниците да им овозможи достоинствено славење на светиот месец Рамазан, но и ширење на меѓусебно разбирање и толеранција меѓу припадниците на различни религии.

На ифтар вечерата присуствуваа и претставници од Локалната самоуправа со претседавачот на Советот на Општината, а добредојде на сите им посака претседателот на хумaнитарната организација, Мухамед Мемедов.

Повеќе...

zavrsen turnir detska liga28.05.2018  Младите фудбалери од виничка “Слога 1934“ во генерациите 2006, 2008, 2009 и 2010 ги освоија првите места на завршните турнири во Детската фудбалска лига – источен регион. Екипите на “Фудбал старс“ од Кочани пак, се победници во конкуренција на фудбалери од генерациите 2005 и 2007.

Натпреварите се играа на стадионот во Виница и на фудбалското игралиште во Горни Подлог, во организација на ФФМ, а со поддршка на двата клуба кои ги освoија првите места.

- Во секоја генерација по 4 екипи учествуваа на завршниот турнир, такви се пропозициите, сите што ќе победат на завршниот турнир одат на завршен турнр во Скопје, фајнал фор што ќе се одржи на 2 и 3 јуни на терените на ФФМ.

Повеќе...

predavanje dijabetes201828.05.2018  Важноста на исхраната и конзумирањето на јаглехидрати кај дијабетичарите и лицата приматели на инсулин беше темата на предавањето кое што во организација на Здружението на дијабетичари Кочани се одржа во венчалната сала.

Предавач едукатор е Татјана Ѓорѓовски, од клиниката за ендокринологија Скопје, а организатори на едукативниот караван за броење јаглени хидрати е Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија во соработка со локалните здруженија на дијабетичари.

Претседателката на Асоцијацијата за детски дијабет Наташа Деспотовска - Димитриевска Асоцијацијата истакна дека за жал дијабетесот во светски рамки веќе пандемски се шири и постојано расте бројката на лица со дијабет меѓу кои и деца.

Повеќе...

dzudo gladijator medali28.05.2018  На државниот џудо натпревар за помлади пионери и кадети што во неделата се одржа во Прилеп во конкуренција од 18 џудо клубови од целата држава и повеќе од 200 натпреварувачи, кочанскиот џудо клуб „Гладијатор“ настапи со 6 натпреварувачи и се врати со освоени пет медали од кои два златни, два сребрени и еден бронзен медал.

- Ги имаме и првите репрезентативци кои влегуваат во селекцијата во помлади пионери Стефанија Павлова и Емилија Станојкова кои што се закитија со златниот медал. Дамјан Крстов се бореше во кадетска конкуренција и се закити со сребрениот медал. Андреа Минова и Филип Станојков се закитија со бронзен медал, додека Христијан Павлов во борбата за третото место ја загуби борбата и слезе на петата позиција но на следното натпреварување одиме за заземање на првото место бидејќи станува збор за високо квалитетен борец, рече Драган Шеќекорски, тренер на џудо клубот „Гладијатор“ Кочани.

Повеќе...

kra niko judo28.05.2018  Одличен успех постигнаа младите цудисти Дијана Иванова и Филип Јакимов од Кочани на Државното џудо првенство за помлади пионери и кадети што викендов се одржа во Прилеп. Тие се членови на клубот за реално аикидо “Нико“ од Кочани, но во Прилеп се натпреваруваа како претставници на џудо клубот “Пелистер“ од Битола.

Иванова го освои златниот медал во настапот во категоријата помлади пионери до 44 килограми, а нејзиниот клупски другар Јакимов, кој се натпреварувашево истата категорија до 46 килограми, беше третопласиран и го освои бронзениот медал.

Со оглед што ова е прв нивен официјален настап на вакви натпревари од државен ранг, сосема оправдана е оценката дека освоените дебитантски медали имаат уште поголема вредност.

Повеќе...

nov fitness28.05.2018  Со презентација на фитнес вежби и канго џампс, како и презентирање на фитнес справи, во Кочани беше отворен Health & Fitness Centar „Fit Gym ".

Станува збор за фитнес центар кој што нуди комплетна нега за здравјето и телото, односно, во тежинскиот дел или вежби со тегови центарот располага со разни видови на справи, понатаму кардио дел за кардио вежби и сала за групни тренинзи во која се одивива канго џампс, аеробик степ, како и специјална програма за деца и корективна гимнастика.

Одговорните на центарот се и главни увозници за Македонија на суплементите Gold Touch Nutrition.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: SSW при 17 kmh
Недела18°C/32°C
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 135 гости и нема членови


web counter



qr code