Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ekogreen NIKOLA KAREV21.11.2017  Центарот за развој на Источниот плански регион во рамки на проектот што се реализира во Општина Кочани, „Зелени згради за заедничка зелена иднина“, во училишниот двор на ОУ „Никола Карев“ организираше промотивна кампања за сите ученици од петто одделение.

- Целта е да се поттикнат учениците да преземат акции за заштеда на електрична енергија и вода, да користат помалку пластика, да се грижат за животната средина, да рециклираат отпад и да се подигне свеста за глобалните климатски промени, рече Зујица Ангелова, координатор на проектот.

Повеќе...

strisanska cesma sobir21.11.2017 Со реновирањето на Стришанската чешма пред осум години се возобновија и празничните собири. Жителите на Стришани и други кочанци се собраа на чествување на празникот посветен на Свети Архангел Михаил заеднички да му оддадат почит на ангелот кој е нивен заштитник.

Годинава тројцата кумови на славата органиизрале и направиле богата трпеза која што ја благословија свештениците од кочанскиот храм.

- Особено ми е чест и задоволство да сумј кума на ваква слава бидејќи на оваа чешма го имам поминато своето детство.

Повеќе...

tribina kultura20.11.2017  Скромен интерес покажаа граѓаните на Кочани, како претставници на здруженија или поединци кои се активни во културата, за да учествуваат на јавната трибвина што ја организираше Општината во врска со планирањето на средствата од Буџетот наменети за културни активности за идната година.

За разлика од сличната средба на која се зборуваше за поддршката од буџетските средства за спортот, на оваа имаше само десетина присутни, што сепак не влијаеше на квалитетот на дискусиите.

Напротив, имаше одлични мислења, предлози и ставови за тоа како Локаланата самоуправа може да им помогне на сите кои даваат придонес за културната надградба, без разлика дали дејствуваат институцуионално или пак тоа го прават самоиницијативно.

Повеќе...

etno vesta zena21.11.2017  Етно вешта жена по петти пат ќе се организира во Кочани. Годинава ќе се одржи на 24 ноември, во 19 часот во ресторанот „Амор“, а ќе учествуваат вешти жени од Кочани, Виница и Македонска Каменица, ќе има гости и од Пехчево.

Годинава за прв пат ќе биде збогатена со учество и на деца кои ќе изработуваат ракотворби со пластелин.

- Интересно е што годинава вклучуваме и учество на деца од 4 и 5 одделение кои што ќе изработуваат ракотворби од пластелин.

Повеќе...

sitnovski20.11.2017  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, денеска донесе решение, со кое членот на Советот на Општина Кочани, Благој Ситновски ќе го заменува за време на спреченост или отсуство.

Решението е донесено врз основа на ченот 52, став 5 од Законот за локална самоуправа и е во согласност со првите три става на членот 29 од Статутот на Општина Кочани.

Решението влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Кочани“.

Повеќе...

vinica plostad20.11.2017  На почетокот од оваа работна недела, направени се кадровски промени на дел од раководните позиции во основните училишта во општина Виница.

На местото на досегашниот директор на ОУ “Славчо Стојменски“, Јордан Стојанов, со одлука на градоначалникот Ивица Димитров назначен е Горан Иванов, долгогодишен одделенски наставник во истото училиште. Инаку, оваа образовна институција Стојанов ја водеше во изминатите 8 години, а деновиве поднесе оставка на функцијата.

Во ОУ “Гоце Делчев“ директорското столче на досегашниот раководител Македончо Ѓорѓиев го презема Маре Јованова, наставник по македонски јазик во истото училиште.

Повеќе...

kniga crkva kocani20.11.2017  Со вечерна богослужба на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион и со Света златоустова литургија беше одбележан значаен јубилеј - 100 години од изградбата и осветувањето на кочанската црква „Св. Вмч. Георгиј“.

По тој повод беше промовирана и книгата „Црквата Свети Великомаченик Георгиј – еден век постоење“ дело на авторките м-р Љубинка Ајтовска и Илинка Атанасова, чиј промотор беше м-р Александар Атанасов кој е и рецензент на делото.

Тој пред присутните истакна дека монографијата е преубава претстава за црквата „Св. Георгиј“ бидејќи научниот аналитичен дух на авторите испитал се, проучил и средил прекрасен текст во кој што меѓу другото зборува и за појавата и ширењето на христијанството во Брегалничкиот регион.

Повеќе...

rotari predavanje20.11.2017  По повод одбележување на месецот ноември за подигање на свеста за машкото здравје, Ротари клубот Кочани - Виница организира хуманитарна забава во „Парк кафе“ во Виница, в сабота на 25 ноември со почеток во 21,30 часот.

Воедно на 21 ноември пак вторник со почеток во 19.00 часот во големата сала во општина Штип ќе се одржи предавање на тема „Карцином на простата негово рано откривање и третман“ за што од Ротари клубот Кочани – Виница ги покануваат сите заинтересирани да присуствуваат на предавањето.

Инаку, карцином на простата се дијагностицира кај 1 од 6 мажи а најчесто заболувањето е без симптоми.

Повеќе...

mobilnost rabotilnica20.11.2017  Работилница на тема „Остварување на правото на инвалидска пензија и признавање на правото на бенифициран стаж на лицата со телесен инвалидитет во Република Македонија“ се одржа во хотел-ресторанот „Александар Парк“ во Виница во организација на Здружението на телесни инвалиди „Мобилност“ од Кочани.

Целта е да им се објасни на луѓето со телесен инвалидитет како полесно   да дојдат до бенифициран стаж.

Присутни на свеченоста беа претседателот и секретарот на Сојузот на Здруженијата на телесни инвалиди „Мобилност“ на Македонија и членови на здруженија од 17 градови од Републиката.

Повеќе...

vinica opstina1117.11.2017  Општина Виница донесе одлука годинава максимално да штеди на трошоците за новогодишната прослава и сосема скромно да го одбележи преминот во 2018-та.

Сумата што ќе се потроши изнесува 110 илјади денари и тие пари ќе бидат обезбедени од општинскиот буџет.

Главно, вниманието ќе биде насочено кон вообичаеното украсување на централното градско подрачје, за што се ќе се потрошат 30 илјади денари. Исто толкава сума се планира купување пактечиња за децата во детската градинка и во дневниот центар за лица со посебни потреби.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: North при 18 kmh
Вторник-6°C/4°C
Среда-6°C/4°C
Четврток-2°C/7°C
Петок-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code