Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

penzionerski dom09.03.2018  Откажувањето на изградбата на аеродромот во Штип оди во прилог на забрзување на постапката околу изградбата на пензионерскиот дом во Кочани, истакна градоначалникот Николчо Илијев.

Тој на денешната средба со пензионерите информираше за постигнатиот договор меѓу општината и Министерството за труд и социјална политика околу изградбата на дом за стари лица.

- Ние како Локална самоуправа продолжуваме да соработуваме и да ги подржуваме во секој поглед луѓето од третата доба и во тој контекст имавме средба со министерката за труд и социјална политика каде што уште еднаш на многу високо ниво ја истакнавме изградбата на старечкиот дом во Кочани, што е и регионален проект.

Повеќе...

proizvodstvo amfenol08.03.2018  Македонија веќе има изградено пазарно стопанство. Притоа, не постојат општествени фирми, без вистински сопственици, така што се применуваат правилата и законите што се вообичаени секаде во светот каде што постои ваквиот економски модел.

Ова е оценката на првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, најавувајќи дека капиталот мора да се чува и надградува, при што треба да се гради партнерски однсо со државата.

- Заврши трансформацијата на општествениот капитал, секаде имаме сопственици, јасно декларирани и изразени и следниот чекор е да си го браниме сопствениот капитал.

Повеќе...

potpisuvanje povelba08.03.2018  Општина Кочани се обврза да ги преземе сите мерки што и стојат на располагање за подобрување на родовата еднаквост на локално ниво.

Во тие рамки, градоначалникот Николчо Илијев, претпладнето ја потпиша Европската повелба за рамноправност на жените и на мажите, со што Локалната самоуправа ќе треба да ги имплементира нејзините одредби.

- Еднаквоста на жените и мажите е право и придобивка на секое демократско општество. Потпишувањето на оваа Европска повелба значи дека и суштински ќе се залагаме за родова еднаквост.

Повеќе...

volonteri pavel satev08.03.2018  Волонтерите од Здружението “Павел Шатев“ организираа акција, при што ја искористија можноста на жените во Кочани да им го честитаат нивниот празник.

Во изминатите денови, десетина млади од Турција кои се дел од студентската размена што ја организира Здружениeто, напишале поголем број осмомартовски пораки, што ги ставија во мини пликови и во текот на денот им ги подарија на жените од Кочани.

- Смисливме една активност на која тие напорно работеа и имаме направено над 200 коверти со инспиративни пораки внатре со цел да се честита Денот на жената. Напорно ќе се работи и понатаму, на смислување нови активности, тие се доста иновативни и споделуваат активности што ги спроведуваат во нивните земји, со што се подига и свеста кај нашите граѓани, рече Филип Николовски, ментор во Здружението “Павел Шатев“.

Повеќе...

vera anastasova07.03.2018  ЈОУБ „Искра“ Кочани од први март е со ново раководство. На местото на Румена Тодорова, која што досега ја раководеше установата, за в.д. директор е назначена Вера Анастасова која што оваа установа ја раководеше четири години, од 2005 до 2009 година.

Анастасова целиот свој работен век работи во библиотеката и има големо искуство во работата и функционирањето на оваа јавна установа.

Во краткиот разговор за Канал 8, таа рече дека работата како раководител на установата и е позната и искуството ќе го искористи за реализирање на сите активности и проекти предвидени со програмата за работа за 2018 година.

Повеќе...

opstina kocani novo07.03.2018  Дел од раководителите на високи позиции во Локалната самоуправа во Кочани со години затајувале данок на имот, а дури пред неколку денови упатиле барање да го пријават имотот во кој веќе живеат.

Според Одделението за даноци, такси и надоместоци во Општината, вообичаена постапка е сите оние кои што досега го немале пријавено имотот, да се задолжат да гo платат данокот и за претходните години.

Неофицијално, станува збор за луѓе блиски на претходната локална власт што ја предводеше градоначалникот Димитровски, кој во јавноста остана познат по тоа што се обидуваше да спроведува даночна дисциплина и бараше данокот на имот и комуналната такса да се плаќаат уште на почетокот на годината.

Повеќе...

cistenje reki07.03.2018  Состојбата со акумулациите од хидросистемот “Брегалница“ е стабилна, а се преземаат мерки да се спречи излевањето на водата од речните корита.

Во моментот во браната Калиманци се акумулирани 98 милиони метри кубни вода, а просечниот доток од реката Брегалница е 28 метри кубни во секунда. Поради најавите за нови врнежи од дожд и топењето на снегот, превентивно се испуштаат по околу 12 метри кубни, за да може да се амортизира зголемениот доток.

Во акумулацијата Мавровица има 2,3 милиони метри кубни, додека Гратче е полна и се прелеваат по околу 2 метри кубни вода во секунда.

Повеќе...

pacient07.03.2018  До почетокот на февруари имаше само 6 лица заболени од грип кои што беа пријавени во Центарот за јавно здравје Кочани.

За еден месец таа бројка се зголеми на 131 заболен, поточно, во седмата недела од годината до Центарот за јавно здравје пристигнале 131 пријава за заболени од грип.

Во осмата недела таа бројка се намалила на 123, за во деветтата недела од годината да се намали и да стивне грипот со 63 заболени, информираат од Центарот. Таа бројка е на ниво на сите општини што ги покрива Центарот за јавно здравје - Кочани.

Повеќе...

PCELARI06.03.2018  Пчеларите од Кочани се заинтересирани, но немаат финансиски можности за производство на пчелин отров.

Станува збор за профитабилен бизнис од кој добро може да се заработи, бидејќи е поскап од злато, но процесот на производство е многу тежок, бара трпение, упорност, инвестирање во опрема и минимум пчеларот да има 100 пчелни здрави семејства.

Драган Колев, пчелар од Кочани вели дека сака да проба да собира пчелин отров, но признава дека производството е напорно и тешко.

Повеќе...

boraci spartak06.03.2018  Солиден успех остварија членовите на БК “Спартак“ на државното изборно првенство за кадети и пионери што се одржа во Радовиш.

Борачот Андреј Антов во пионерска конкуренција во категоријата 85 килограми имаше три победи и еден пораз во финалната борба за освојување на првото место, па на крајот се закити со сребрен медал. Ваквиот резултат за него е одлично постигнување, со оглед што учеството на првенството му беше втор официјален настап.

Неговиот клупски колега Дејан Митров, кој исто така се натпреваруваше во пионерска конкуренција, во категоријата 62 килограми имаше 2 победи и еден пораз со што ја пропушти можноста да го освои бронзениот медал и се пласираше на четвртото место.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 54%
Ветер: Variable при 4 kmh
Сабота14°C/28°C
Недела14°C/28°C
Понеделник13°C/28°C
Вторник13°C/28°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 76 гости и нема членови


web counter



qr code