Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

detski park12.07.2018  Нови лулашки, тобогани и клацкалки се само дел од реквизитите кои како донација од холандската компанија “Антура” се поставени во реновираниот детски забавен парк кај Паркот на Револуцијата во Кочани.

Како општествено одговорна компанија од “Антура МК“ се погрижија ова детско катче да добие нов, поинаков изглед ,што за најмладите сограѓани се обновува по пет децении.

- Денешниот настан е мало внимание кое што “Антура МК” сака да го изрази кон најмалите жители на оваа општина. Корпоративниот успех на компанијата носи обврски за вложување и подобрување на целокупното општество, а не само остварување на финансиски профит, рече Јохан Хејле, директор на “Антура МК“.

Повеќе...

litija park201812.07.2018  Со празнична богослужба и Света архиерејска литургија во храмот “Св. Вмч Ѓорги” во Кочани на која чиноначалствуваше митрополитот брегалнички Иларион во сослужение на повеќе свештеници од Кочанско, беше одбележан празникот на градот - Петровден.

По литургијата свештениците и верниците се упатија на Петровденска литија со иконата на светите апостоли Петар и Павле во Градскиот парк, кај фонтатана каде се наоѓа мозаикот со ликовите на апостолите. Овде беше пресечен славскиот колач и беа упатени молитви до светите апостоли за здравје, берикет и среќа на верниците.

Повеќе...

nagradeni ucenici 201811.07.2018  Триесетина најдобри ученици од основното и средното образвоание од општина Кочани, кои добиле награди на државни и меѓународни натпревари во разни области, присуствуваа на приемот што градоначалникот Николчо Илијев го приреди во нивна чест.

Во знак на благодарност за нивните потигнувања тој им честиташе за постигнатите успеси и им подели пригодни подароци, како натамошно мотивирање и стимулирање, да продолжат со одличниот успех во школувањето и во иднина достојно да ја презентираат општината.

Градоначалникот Илијев истакна дека успешните ученици се амбасадори на Кочани кои на вистински начин им покажуваат на идните генерации како да се грижат за напредокот и развојот на локалната средина и државата.

Повеќе...

sednica sovet juli201811.07.2018  Нешто повеќе од ефективен половина час траеше 13.  редовна седница на Советот на Општина Кочани, што помина без ниту една дискусија по точките од дневниот ред.

Советничката говорница остана празна, а усвојувањето на точките се одвиваше експресно, па на претседателот на Советот му преостана само да ги чита предложените теми за кои требаше да се разговара и да констатира дека секоја поодделено добива поддршка за да се усвои.

Иако се очекуваше дека барем точките за решенијата за разрешување и назначување членови на Надзорниот одбор на КЈП “Водовод“ ќе испровоцираат дискусија, тоа не се случи. За разлика од минатите седници, кога за оваа тема се губеше најмногу енергија за дискусии, овојпат таа помина тивко.

Повеќе...

POZARNA vezba10.07.2018  Територијалната противпожарна единица од Кочани во иднина ќе биде ангажирана за гаснење пожари и за други интервенции и на подрачјето на соседните општини Зрновци и Чешиново-Облешево.

Таквата обврска произлегува од договорот за меѓуопштинска соработка што ќе го склучат градоначалниците на трите локални самоуправи, а со кој се здружуваат финансиските и материјални средства за да се подобри нивото на противпожарна заштита.

Интервенциите во двете општини кочанските пожарникари ги реализираа и досега, но со склучувањето на договорот се запазуваат одредбите од Законот за пожарникарство, но и се одредуваат меѓусебните обврски   за покривање на трошоците за ангажманот.

Повеќе...

soobrakajka kalimanci06.07.2018  Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случила во четвртокот околу 16 часот на магистралниот пат Кочани – Делчево, во близина на браната Калиманци.

Од МВР потврдија дека во незгодата учествувало товарно моторно возило “мерцедес актрос” со бугарски национални ознаки, управувано од лицето В.М на возраст од 60 години, државјанин на Бугарија и патничко моторно возило “опел аскона” без регистерски ознаки, управувано од 30-годишниот кочанчанец Б.М.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Б.М, кој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Кочани.

Повеќе...

vinica kanalizacija05.07.2018  Поврзувањето на градскиот водовод во Виница со изворот Дончово кладенче, како и неколкуте други зафати што се прават во меѓувреме за да се обезбедат дополнителни количини вода за пиење, би требало да ги спречат проблемите и рестрикциите во водоснабдувањето.

Според, градоначалникот Ивица Димитров, во одредени села можно е да има повремени прекини, а најспецифичен е примерот со селото Лески, каде поради нерационалното трошење минатата година имаше проблеми во текот на четири месеци во пролетнииот и летниот период..

- Морам да апелирам и до жителите на Лески да внимаваат со искроситувањето на водата, посебно со наводнувањето на своите ниви и бавчи што ги имаат во дворовите.

Повеќе...

asfaltiranje stamen manov205.07.2018  Во реализацијата на програмата за изградба и реконструкција на сообраќајната инфраструктура за оваа година, Локалната самоуправа на Кочани го вклучува докомплетирањето на уште две сообраќајници во градот.

Се работи за улиците “Новопрoeктирана 1“ и “Јенифоча“ што се наоѓаат во зоната Лесна индустрија.

Според проектната документација планирано е целосно да се завршат, односно да се доасфалтираат над 210 метри од улиcата “Новопроектирана 1“, со што ќе се обезбеди нормално поврзување на постојните објектите што гравитираат кон оваа локација.

Повеќе...

dario pavlov05.07.2018  Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис - трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Повеќе...

ratkova skala05.07.2018  Во организација на ПСК ”Осогово” Кочани, а по повод празникот на градот Петровден, викеднов ќе се одржи традиционалниот Петровденски планинарски марш, на кој ќе учествуваат планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.

За оваа година предвидено е планинарите да се искачат до локалитетот Раткова скала на надморска височина од 1.250 метри, а стартната позиција е од село Пантелеј.

Должината на патеката изнесува 10,5 километри во еден правец, а до локалитетот се стигнува за околу 3 часа. Тежината на патеката е средно лесна и можат да учествуваат сите заинтересирани кои се во добра кондициона подготвеност.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 68 гости и нема членови


web counter



qr code