Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

andrej17.11.2017  Наташа Стојанова, мајка на две деца, ќерката мажена во Словенија, а синот Андреј е 23-годишно момче со посебни потреби, кој заради повредите кои ги добил при породувањето останал во количка.

Стојанова целиот свој живот комплетно го посветува на Андреј и заеднички со сопругот Зоранчо Стојанов се грижат за нивното дете со церебрална парализа кое не може да оди и поради тоа има специјални потреби и сам не може да функционира. Но, пресвртница во животот на Стојанова е прераната смрт на нејзиниот сопруг, татко на Андреј кога таа останува сосема сама со дете во таква специфична состојба.

Во најтешките моменти од својот живот утеха бара кај Бог и отците од Лесновскиот манастир, но во последниот месец и во лекарите од Русија кои по пресадување на матични клетки му гарантираат до некаде подобaр и поквалитетен живот.

Повеќе...

unipab futsal17.11.2017  Викендов ќе се игра тринаесеттото коло во првенството на Втората фудбалска лига – исток, во кое  “Осогово“ на стадионот “Никола Мантов“ ќе ја дочека водечката екипа на табелата “Беласица“ од Струмица.

Со оглед на лошите резултати и серијата порази во последните десетина кола, повеќе од јасно е дека “жолто-сините“ ќе имаат исклучително тешка задача да му се спротивстават на противникот и да не доживеат катастрофа.

Доволен доказ за тоа е што во минатото коло струмичани на гостувањето во Македонска Каменица ја прегазија “Саса“ со 5:0, а две кола пред тоа пак го победија и “Тиквеш“ во Кавадарци со 4:0.

Повеќе...

fekalna kanalizcija.pg16.11.2017  За изградба на водоводна и канализациска мрежа во Буџетот на Општина Кочани за наредната година се предвидени околу 135 илјади евра, што со оглед на реалните потреби може да се смета за скромна сума.

Сепак, најверојатно таа ќе се зголеми, со оглед што централната власт изразила подготвеност да помогне во реализацијата на сите проекти од овој дел на комуналната инфраструктура.

На седницата на Советот на Општината на која, меѓу другото, се разгледуваа и програмите за изградба на водовод и канализација во 2018 година, градоначалникот Илијев рече дека за да се добијат пари од државата, неопходно е да се изготви потребната техничка документација.

Повеќе...

lozje16.11.2017  Вкупно 409 е бројката на производители, претежно лозари и овоштари кои поднеле барање за исплата за обештетување од пролетниот мраз што и до 100% им ги уништи насадите.

Иако списокот на земјоделци кои имаа големи штети, Подрачната единица на Кочани навреме го испрати до Мiинистерството за земјоделство, процедурата заглави и досега не е исплатено на ниту еден производител.

- Можам да кажам дека табелите со имињата на земјоделците беа испратени до МЗШВ од таму се пргегледани и се препратени во Бирото за судски вештачења. Откако ќе се изврши вештачењето на сите производители кои се јавуваат како баратели за помош од доцниот мраз, табелите ќе се препратат до Пплатежната агенција и луѓето ќе ги добијат парите преку платежната агенција по тој основ, рече Горан Миладинов, раководител на ПЕ на МЗШВ.

Повеќе...

kocani-716.11.2017  Со завршувањето на локалните избори, општините повторно имаат можност да нудат на продажба парцели за изградба на објекти со различни намени.

Општина Кочани веќе излезе со нова објава за оттуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање. Таа е прва по неколку месеци, откако во средината на оваа година со несупех заврши огласот со кој од понудените 15 се продадоа само три парцели.

Со новииот оглас, што е 28. по ред, Локалната самоуправа на Кочани продава осум градежни парцели за изградба на индустриски објекти, викендички и куќи.

Повеќе...

image216.11.2017  Oпштината Пештера од Република Бугарија, локалната администрација од Лудбрег, Република Хрватска и комуналното јавно претпријатие “Водовод" од Кочани се дел од партнерскиот проект со кој ќе развива транснационален стратешки документ што ќе ги опфаќа темите поврзани со климатските промени.

Проектот “Две и половина минути до полноќ'' - Иновативен едукативен пристап кон темите за климатските промени во основните училишта“ е финансиран од страна на ЕРАЗМУС+ програмата и започна на 1 ноември.

Проектот е насочен кон подобрување на знаењата и вештините на наставниците и учениците од основните училишта за подобро да ја разберат климатската наука и да се насочат кон климатските промени и потребата од примена на обновливите извори на енергија.

Повеќе...

carev vrv16.11.2017  В недела, кочанските планинари, членови на ПСД “Осогово“ го организираат традиционалниот планинарски марш низ Осоговските Планини.

Почетокот на патеката е од манастирот Еленец, кај селото Цера, а потоа ќе се пешачи до Царев Врв каде ќе има кратко задржување и враќање на почетната точка, за што е предвиден заеднички ручек и дружење.

Тргнувањето кон Цера е со сопствен превоз, а поаѓањето е во 6 часот наутро од паркот во Кочани. Веднаш по пристигнувањето на почетната кота од 1.120 метри се тргнува кон Царев Врв на 2.085 метри надморска височина.

Повеќе...

denari packi15.11.2017  Наместо планираните 20 милиони денари од продажба на државно градежно земјиште, годинава Општина Кочани остварила само 1 милион, со што приходната страна на основниот Буџет по овој основ е на најниско ниво досега.

Освен тоа, има потфрлања и кај трансферите од централната власт, пред се за дотациите за училиштата, каде наместо 30 милиони, добиени се 16 милиони денари, па процентот на наплата на приходите, односно на извршување на буџетот е околу 60-тина проценти.

Такви се констатациите искажани на првата работна седница на новиот состав на Советот на Општината, со образложение за причините што довеле до потфрлање во реализацијата на Буџетот.

Повеќе...

tribina budzet sport15.11.2017  Голем интерес предизвика повикот што Општина Кочани го упати до спортските здруженија и поединци за учество на јавната трибина за предлог програмата за спорт за наредната година.

Салата на Советот, каде што се одржа состанокот, беше претесна за да ги собере заинтересираните граѓани кои дојдоа да ги слушнат туѓите, но и да ги искажат своите ставови за начинот на распределба на буџетските средства што се предвидени за поддршка на спортските активности на локално ниво.

Со тоа Локалната самоуправа го исполнува едно од ветувањата за поголема транспарентност и вклучување на јавноста во определувањето критериуми како ќе се помага спортот.

Повеќе...

basket dino m1415.11.2017  Прва победа остварија младите кошаркари на “Баскет Дино“ во овогодишното првенство на М-14 лигата.

Откако во првото коло од првенството во групата Исток беа слободни, во второто коло како домаќини се сретнаа со “МВП Академија“ од Струмица и победија од 80:63.

Надмоќноста и добрата подготвеност на момчињата на тренерот Сашо Лазаров воошто не доаѓаше во прашање во текот на целата средба, беа во водство во текот на сите четири четвртини, високата кош разлика на крајот дојде сосема заслужено.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 183 гости и нема членови


web counter



qr code