Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

dario pavlov05.07.2018  Семејството Павлови од Кочани ги моли сите хумани граѓани ако се во можност да донираат за помош на 14-годишниот Дарио чиј живот одеднаш се сменил со дијагностицирањето на болеста енцефалитис - трансферзален миелитис, која направила компликација и предизвикала воспаление на рбетниот мозок.

Тоа пак, предизвикало целосна парализа на десната нога и изнемоштена болка што се влошува и зголемува секојдневно.

За да се намали воспалението, Павлов треба да добие третман со матични клетки во Грција кој што чини многу повеќе средства отколку што може да обезбеди неговото семејство.

Повеќе...

ratkova skala05.07.2018  Во организација на ПСК ”Осогово” Кочани, а по повод празникот на градот Петровден, викеднов ќе се одржи традиционалниот Петровденски планинарски марш, на кој ќе учествуваат планинарски клубови од земјата и странство, планинари, рекреативци и вљубеници во планината.

За оваа година предвидено е планинарите да се искачат до локалитетот Раткова скала на надморска височина од 1.250 метри, а стартната позиција е од село Пантелеј.

Должината на патеката изнесува 10,5 километри во еден правец, а до локалитетот се стигнува за околу 3 часа. Тежината на патеката е средно лесна и можат да учествуваат сите заинтересирани кои се во добра кондициона подготвеност.

Повеќе...

pozar ibica04.07.2018  Автомобил од марката “сеат ибица“ со кочански регистерски таблички целосно изгоре за половина час. Пожарот се случи во вторникот доцна вечерта, околу 23,30 минути на главната улица во Зрновци.

Според исказите на очевидци, возилото се запалило во движење, а возачот успeал навреме да излезе од него. Веднаш била повикана противпожарна екипа која за кратко време пристигнала на местото каде што горел автомобилот.

Дополнителна опасност претставувало и тоа што огнот се заканувал да ги зафати и дрвјата над возилото, а на моменти се слушале и мали експлозии од запалените гуми и од запалената пластика во внатрешноста на “ибицата“.

Повеќе...

nakit izlozba04.07.2018  Прва самостојна изложба на Ивана Димова на рачно изработен накит беше отворена во ЦК „Бели Мугри“.

Станува збор за три годишна макотрпна работа, при која што накитот е изработен рачно, трпеливо и со многу љубов.

Граѓаните на Кочани можеа да видат преубаво изработени обетки, ѓердани, нараквици, како и круни, лично дело на младата кочанка Ивана Димова  која што вели дека ужива додека го изработува накитот, а ја инспирира се она што е убаво и што се случува секојдневно.

- Ова е моја прва изложба на рачно изработен накит. Уживам додека го правам ова, а го изработувам од кристали. Заинтересираност од страна на луѓео за накитот има, мислам дека уште поголем ќе има и после изложбата, рече Ивана Димова, автор на изложбата.

Повеќе...

PAVLOVDEN-plakat04.07.2018  Одбележувањето на празникот Павловден во Виница ќе започне идната недела со повеќе настани со културна содржина.

Тоа беше повод во просториите на Локалната самоуправа да се одржи прес-конференција на која градоначалникот Ивица Димитров со своите соработници информираше за содржините што се влезен во програмата за празникот на општината.

Притоа, тој истакна дека годинава настаните наместо еден ден, ќе се реализираат во текот на целата недела, а граѓаните ќе имаат поголем број културни содржини.

Повеќе...

gradinka zrnovci02.07.2018  Четириесетина дечиња на возраст од две до шест години од денеска започнаа да ја посетуваат новоизградената детска градинка „Бисерчиња“ во Зрновци, со што и објектот е ставен во функција.

На почетокот дечињата се распоредени во две возрасни групи, а во зависност од заинтересираноста на родителите се планира во иднина да се формира уште една мешана група.

Во моментот за нив се грижат по двајца воспитувачи и негуватели, како и четири лица од помошниот персонал, но се најавува можност за зголемување на бројот на вработените.

Повеќе...

odbor za nagradi04.07.2018  Рок групата „Тенеси“ е добитник на наградата за животно дело за 2018 година, а компанијата „Антура МК“ го доби признанието за значајни остварувања во развојот на општина Кочани во изминатиот едногодишен период.

Со појавата во почетокот на 60-те години од минатиот век, музичарите од „Тенеси“ се сметаат за пионери и основоположници на рок музиката во Кочани и пошироко кои оставиле белег во развој на културата.

Компанијата „Антура МК“ пак, за краток период од отворањето прерасна во еден од најзначајните стопански капацитети во регионот во кој постојано се инвестира и во моментот се вработени на 500 лица.

Повеќе...

petrovdenski konaci 201528.06.2018  На 5 јули започнуваат настаните од манифестацијата „Петровденски конаци“, со која Кочани ќе го одбележи Петровден, Празникот на Општината.

Во програмата што заеднички ја организираат Општина Кочани и Центарот за култура „Бели мугри“ се влезени десет културни содржини од сценско-музичка, ликовна, литературна и тетарска дејност, како и спортски настан – „Петровденски турнир во мал фудбал“.

Програмата ќе започне со концертот под наслов „Музика за флејта и пијано“ со флејтистката Златка Митева и пијанистката Наташа Трбојевиќ.

Повеќе...

avtobuski prevoz27.06.2018  Ако учениците во Кочани во изминатите години секој ден се возеле со такси при доаѓање и заминување од училиште, а за тоа да им плаќала Општината, вкупниот трошок би бил помал отколку превозот со автобус.

Иако во јавноста веќе се познати податоците за огромните трошоци што училиштата во општина Кочани, а со тоа и Локалната самоуправа ги плаќале и ќе треба уште да ги отплаќаат за бесплатниот превоз на учениците, сепак се уште фрапантни се конкретните бројки и суми што беа изнесени на панел-дискусијата на градоначалникот Илијев со граѓаните.

- Ако цената за еден билет од Грдовци до Кочани е 20 денари, и 20 во другиот правец е 40, нашето училиште плаќа 63 денари.

Повеќе...

parking prostor27.06.2018  Учесниците во сообраќајот рационално да го користат паркинг просторот во Кочани, апелираат одговорните на паркинзите во градот. Тоа значи дека оние задржувања по десеттина минути без плаќање со изговор да се заврши некоја работа да станат минато.

- Секој од возачите кога ќе дојде да користи паркинг простор најмалку еден час потребно е да плати десет денари. За тој час нека ги заврши сите работи, а да не се практикува старата праксата кај граѓаните дека ќе се вратат за десет минути а ги нема цел час или онбаа пракса да платат за еден час а да ги нема со часови. Значи бараме рационално и одговорно користење на паркинзите оти има луѓе и од други градови кои што кога дојдат немаат каде да се паркираат, рече Иван Симеонов, контролор на паркинг службата.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини
giweather joomla module
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 61 гости и нема членови


web counter



qr code