Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

poseta minister spasovski10.11.2017  Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев оствари средба со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Притоа се разговараше за актуелни теми за јавната безбедност и решавањето на сообраќајните проблеми.

Според министерот, со престојот во Кочани тој започнува серија посети на секторите и полициските станици во Македонија, оценувајќи дека е неопходна соработка со единиците на локална самоуправа, за заеднички да учествуваат во подобрувањето на јавната безбедност.

- Да започнеме една добра анализа и во тој дел да ги подобруваме сообраќајните можности во градовите, тоа да го овозможат градоначалниците, а ние како Министерство за внатрешни работи да им помогнеме во овој дел, бидејќи секаде во Република Македонија сообраќајот е како клучен проблем.

Повеќе...

IZLOZBA-simplex210.11.2017  Во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани беше отворена првата самостојна изложба на ликовниот уметник Марија Мицова Гацова од Кочани, која се претстави со 20 дела работени во масло на платно.

Марија Мицова Гацова ѝ припаѓа на помладата генерација македонски ликовни уметници, школувана на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Опсесија ѝ е дивиот- неурбанизиран пејзаж. Ја фасцинира недопрениот простор, поконкретно едноставниот пејзаж Simplex во примарната форма. Творечкиот потенцијал го насочува кон негова интерпретација.

 

Повеќе...

zena vinica tugja nega09.11.2017  Осумдесетгодишната Јелица Здравкова од Виница е тешко болна, неподвижна и не може сама да ги извршува основните животни потреби. Повеќе од две години лежи в кревет, а за неа се грижи синот Венко, кој заради немоќната мајка се вратил од странство.

Во меѓувреме, поднел барање за надоместок за туѓа нега, но двапати е одбиен, иако здравствената состојба на жената, која е дијабетичар, се влошува.

- Жената е катастрофа, значи слепа 100%, мозочен удар претрпен, склерозна и се на еден куп.

Повеќе...

Ilijev ibraimovski09.11.2017 Од Локалната самоуправа на Кочани информираат дека министерот без ресор во Владата на Република Македонија, Самка Ибраимовски, ја посетил Општината при што остварил средба со градоначалникот Николчо Илијев.

Притоа било разговарано за финансиските средства што можат да се наменат за решавање на проблемите на ромската заедница. Вниманието било насочено кон инфраструктурните прашања, како и за домувањето на ромските семејства.

Градоначалникот Илијев истакнал дека Општината е подготвена да соработува за реализирање на сите проекти, потсетувајќи на потребите за асфалтирање улици во Ромското Маало, изградба на канализациски и водоводни краци.

Повеќе...

gimnazija tribina govor09.11.2017  Трибина за млади на тема „Говор на почитување наспроти говор на омраза“ се одржа во СОУ „Љупчо Сантов“ Кочани.

Оваа трибина е трета по ред од циклусот на трибини кои треба да се одржат во 12 града во Македонија. На трибината зедоа учество 52 млади лица од средните училишта во Кочани и Виница, како и активисти од Црвен Крст во Кочани и Виница.

На трибината младите беа запознаени со Младинската капања „Стоп омраза - сподели почит“ која ја спроведува Гешталт центарот „Младен Костиќ“ - Аспекти од Скопје во соработка со Црвен Крст, младински совети и други невладини организации, а финансирана од страна на Цивика мобилитас.

Повеќе...

opstina kocani  zgrada2309.11.2017  Општина Кочани ќе организира јавна трибина со граѓаните за да ги слушне нивните мислења и предлози околу планирањето на буџетските средства што треба да се одделат за спортски активности во 2018 година.

Веќе е упатен повик за учество до сите заинтересирани спортски клубови, здруженија и поединци, од кои се очекува да кажат како најдобро да се распоредат парите за да се постигнат подобри ефекти од поддршката што ја обезбедува Локалната самоуправа.

На трибината ќе се разгледува предлогот за утврдување критериуми за распределба на средствата од Програмата за спорт на Општина Кочани за 2018 година, а ќе се образложат и приоритетите во оваа област.

Повеќе...

ILARION zrnovci.jpg08.11.2017  Со вечерна богослужба наспроти празникот и со света Златоустова литургија на која чиноначалствуваше владиката Иларион и свештеници од Брегалничката епархија, беше одбележан големиот христијански празник посветен на Св. Димитриј Мироточив Солунски, кој што воедно е и храмова слава на истоимената црква и  празник на општината Зрновци.

Владиката Иларион зборувајки за Светиот Димитриј им го честиташе празникот на сите верници.

Повеќе...

dopis ostavka09.11.2017  Во врска со информацијата за поднесената оставка на Управниот одборна ГФК „Осогово“ до градоначалникот, ја известуваме јавноста дека институцијата Градоначалник нема легитимитет да ја прими оставката бидејќи не учествува во телата на ГФК „Осогово“.

Општината и Градоначалникот не се основачи на „Осогово“, па е нелогично да се инволвираат во одлуки идејства на граѓански здруженија.Поддршката за смирување на тензиите на двете спротивставени страни беше во име на добра волја на градоначалникот за средување на состојбите во овој спортски клуб.

Понатаму, спротивставените страни ќе мора сами да ги средат состојбитеи да го доведат клубот на здрави нозе.

Повеќе...

konstitutivna sednica vinica08.11.2017  Советот на Општина Виница и официјално ја доби верификацијата на членовите кои влегуваат во неговиот состав за наредниот четиригодишен прериод.

Со одржувањето на конститутивната седница со која, по договорот на двете советнички групи, раководеше досегашната претседателка Благица Андонова, беше потврдено дека новиот Совет ќе работи брзо и ефикасно.
 
За околу еден час беше избран нов претседател, како и членови на комисиите. По предлог на координаторот на советничката група предовдена од СДСМ, во следниот мандат со Советот ќе претседава Тони Велков.

Повеќе...

sednica konstitutivna cesinovo oblesevo08.11.2017  Недоразбирањата во Советот на Општина Чешиново-Облешево започнаа уште на одржувањето на конститутивната седница.

Набргу по нејзиното започнување, таа била прекината, а дел од советниците си заминале, па на состанокот можеше да се забележи присутвото само на шестмина од нив.
 
Според поранешната претседателка на Советот, Тина Петрова, согласно Деловникот за работа и Статутот на Општината, таа ја отворила седницата, а потоа раководењето му го препуштила на најстариот советник Игор Нисов. Била избрана верификациона комисија која ги потврдила мандатите на сите советници.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 181 гости и нема членови


web counter



qr code