Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

EVN31.07.2013 Пет кражби на електрична енергија откриле екипите на ЕВН Македонија КЕЦ Кочани во првата половина од 2013 година. Петте лица кои краделе струја го оштетиле претпријатието за околу половина милион денари или 30 илјади киловат часови нелегално потрошена електрична енергија. Кражбите се третираат по новиот закон според кој освен парична, предвидена е и затворска казна.

-Имаме откриени пет кражби кои се веќе во судска постапка. Две се веќе со платени пресметки и останува само судската постапка. Треба да се напомене дека овие кражби ќе се третираат спорфед новиот закон според кој се предвидува до 5 години казна затвор. Пресметки се дека претпријатието од споменатите кражби е оштетено за околу половина милион денари, рече Кирил Андонов, раководител на ЕВН - КЕЦ Кочани.

Повеќе...

policija230.07.2013 Празникот 2 август годинава е поврзан со викенд деновите, а со оглед на тоа дека е и временски период на користење годишни одмори , се очекува масовно оддалечување на граѓаните од своите домови. Затоа СВР Штип и ПС Кочани апелира до сите граѓани пред да се оддалечат од своите домови да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од вршење кривични дела. Да си ги заклучат влезните врати, терасите, балконите, гаражите, подрумите и прозорците.

Исто така апел упатува и на учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи. Да не управуваат под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола.

Повеќе...

Obuka-Javor31.07.2013  Општините Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница, Карбинци и Македонска Каменица се опфатени со проектот за подобрување на управувањето со животната средина на локално ниво преку извршувањето на јавните услуги и креирање капацитети.

За претставниците од локалните самоуправи се одржа обука за добивање т.н. Б-интегрирана еколошка дозвола. Носител на проектот што започна во април и трае шест месеци е Здружението за рурален развој “Јавор“ од Зрновци.

Проектот треба да придонесе за зголемување на квалитетот на услугите обезбедени од локалната самоуправа во делот на заштитата на животната средина особено во делот на одобрување на Елаборати за оценка на влијание врз животна средина, односно доделувањето на таканаречената Б-интегрирана еколошка дозвола.

Повеќе...

Osogovo30.07.2013 Разрешницата на клинчот во кој влегоа двете струи кои водеа битка за легитимитетот над клубот конечно се случи на повтореното или вонредно, сеедно, годишно собрание на ФК „Осогово“, што се одржа во клупските простории.

Во хаотична атмосфера каде сите, а особено фудбалерите грчеа раменици и го очекуваа конечниот епилог, градоначалникот Димитровски во главна ролја ја одби улогата на арбитар кога ги изнесе оформените позиции по заедничките разговори.

Иако навидум беше донесено соломонско решение, за тоа немаше голема потреба затоа што двете страни однапред се откажаа од тврдите позиции и беа отворени за компромис.

Повеќе...

Pomos-Manovi30.07.2013 Помош за четиричленото семејство Манови од Кочани кои повеќе од три месеци живеат во гаража, без минимални услови за хигиена и нормален живот, стигна од штипскиот црвен крст и од бизнисменот од Штип Дурмиш Мехмедов. За семејството Манови дознал од телевизија и веднаш одлучил да им помогне.

-За ова семејство дознав од телевизија. Кога видов дека нема каде да живеат веднаш се понудив за помош. Нека биде ова и апел до локалните власти за да им обезбедат простор да им се направи кров над глава. Греота е и за децата, рече Дурмиш Мехмедов , бизнисмен од Штип.

Од ОО на Црвен Крст од Штип добија еднократна помош составена од храна и основни хигиенски средства.

Повеќе...

iskra231.07.2013 84 наслови на монографски публикации, 1 наслов на алманах и два наслова на списание од изложбата „ Литература со религиозна содржина од областа на православната вероиповед“ или вкупно 95 примероци   се изложени во витрините на библиотеката Искра и им се на располагање на кочанските граѓани. Приказот на литература со релиогиозна содржина е објавена по повод одбележување на 1150 години од Моравската мисија на солунските браќа Св. Кирил и Методиј.

-Оваа година купивме книги од Саемот на книгата бидејќи сите епархии имаат свои штандови и издаваат свои книги, така да имаме соберено доволно материјал за да направиме изложба и на тој начин да ги информираме граѓаните дека имаат на располагање литература со религиозна содржина, истакна Вера Атанасова, виш библиотекар.

Повеќе...

ulica229.07.2013  По многу забелешки, критики и незадоволства од граѓаните, започна асфалтирањето на улицата “Крум  Вранински“ во Кочани.

Нејзината должина е околу 470, а широчината 5 метри. За целосно комплетирање беа обезбедени над 55 илјади евра, пари што Општината ги доби како грант од Светската банка.

Оваа улица беше еден од приоритетните инфраструктурни проекти за оваа година, а на нејзино асфалтирање се чекаше подолг период. Грантот што го доби Општината беше резултат на успешно завршениот проект за замена на дел од водоводната мрежа во градот.

Повеќе...

sah31.07.2013 По очекуваниот и вкалкулиран пораз на граница на дебакл против моќниот „Алкалоид“ од 5,5: 05, ГШК Кочани во второто коло забележа победа против Карпош со резултат од 4:2.

Поединечно Стаменков го совлада Кацаковски, а реми одиграа Милосиев – Илиќ, Стојчев – Раниќ, Мархолев – Велески и Гочев – Петров, додека Ерменков беше подобар од Хаџи-Монев.

Останати резултати:

Прилеп“ – „Кисела Вода“ 1,5:4,5, „Стево Патако“ – „Гамбит Асеко-сее“ 0,5:5,5 и Куманово“ – „Алкалоид“ 1:5.

Повеќе...

Nesreken-Slucaj-Kanal-Brega29.07.2013  Викендот во кочанската полициска станица било пријавено дека во водата на каналот од хидросистемиот “Брегалница“ кај селото Жиганци е пронајден машки труп.

При увидот на местото на настанот било констатирано дека се работи за телото на 39-годишниот Игорчо К. од Кочани. Неговото исчезнување било пријавено во полицијата уште пред десетина дена, откако во деновите на прослава на празникот Петровден тој не се вратил дома.

Безживотното тело на средовечниот маж го забележал одржувач во водостопанското  претпријатие, кој го контролирал дотокот на вода во каналот кај месноста “Сигурносен канал“ во атарот на селото Жиганци. Веднаш ја известил полицијата која заедно со лекар пристигнала на местото и направила увид.

Повеќе...

galacev30.07.2013  Државната комисија за спречување на корупцијата констатирала судир на интереси кај Костадин Галачев поради извршување на две функции истовремено, со што извршил повреда на член 9 од Законот за спречување судир на интереси. Антикорупциска констатирала кумулација на функции зашто тој истовремено со функцијата член на Советот на општина Кочани ја извршувал и функцијата член на Управен одбор на ЈЗУ – „Универзитетска клиника за радиологија“ Скопје.

Постапувајќи согласно со одредбите од Законот за спречување судир на интереси, а во насока на отстранување на констатираните состојби, Државната комисија за спречување на корупцијата во смисла на член 23 став 1 од Законот за спречување судир на интереси се обратила лично до него и уште неколку функционери во државата.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

11°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 47%
Ветер: WNW при 2 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
Недела6°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 152 гости и нема членови


web counter



qr code