Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

zemjodelie-opstina-prostori-417.09.2013  Тесен простор и тешки услови за работа се секојдневни проблеми со кои се среќаваат десетмината врботени во Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани. Друштво им прават уште петмина вработени во државните инспекторати, па сите заедно на простор од триесетина метри квадратни не можат нормално да ги извршуваат обврските.

Пред околу две години беше најавено дека просторните проблеми ќе се решат, за што беше преотстапен најгорниот кат од објектот на водостопанство “Брегалница“. Според одговорните, решение за новите простории веќе е добиено, бил распишан и тендер за изведувач на градежните работи за уредување и адаптирање на просторот, но од непознати причини процедурата запрела.

Повеќе...

pesevski17.09.2013  Прашањата поврзани со развојот на земјоделството во општина Кочани беа тема на дискусија на работната посета што ја оствари вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Притоа тој се сретна со претставници од подрачната единица на министерството за земјоделство и на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, кои го запознаа со актуелните случувања во нивното работење и најчести проблеми со кои се среќаваат.

Пешевски се интересираше колкав процент од земјоделските површини во општината се обработуваат и дали има необработено земјиште, како и за резултатите од испитувањата на новите сорти ориз, увезени од Турција.

Повеќе...

nikolina317.09.2013 Секој момент може да остане без покрив над глава и бара начин некој да и помогне да направи едно сопче во кое ќе живее. Николина Ангелова од Кочани со 2300 денари што ги добива како социјална помош неможе да си ги покрие трошоците за живот. Разведена е од сопругот со кој живеела, деца нема, а нема ниту родители. Останала да живее сама. Поради немањето средства да преживее паднала под депресија. Пари за лекови нема и болна неможе да најде работа.

-Потеклото ми е село Подлог. Таму немам ништо освен еден плац на кој барам да ми биде направено барем една соба. Земам социјална помош од 2300 денари. Од нив 1500 денари плаќам кирија, 500 денари за вода и струја и ми остануваат 300 денари за основните трошоци, кои исто така не стигнуваат. Ако не платам кирија еден месец ќе ме исфрлат од станот и ќе живеам на улица како куче, вели Николина Ангелова.

Повеќе...

forum17.09.2013 Општините од Брегалничкиот регион имаат можност да аплицираат за мали инфраструктурни проекти за вода, како мали колекторски системи за отпадни води, пречистителни станици за отпадни води, рехабилитација на системите за водоснабдување и проекти за заштита на подземните води. На првата форумска сесија во Чешиново - Облешево беа изложени мислењата на локалната заедница. Во оваа фаза се уште се прибираат идеи од граѓаните во општините опфатени со проектот, пред да се издвојат најдобрите од нив.      

-Станува збор за инвестициски фонд од 60 000 швајцарски франци, од кои 50 000 се донација на Швајцарската агенција за развој и соработка, а 10 000 издвојува самата Општина. Целта е Општината да се консултира со граѓаните за кој приоритет сакаат да бидат вложени средствата. Листата од идеи ќе му биде предадена на градоначалникот, а прифатениот проект би се знаел во октомври - рече Светлана Здравковска, модератор.

Повеќе...

gradinka617.09.2013 Заврши анкетирањето на родителите чии деца одат во градинка. Одговараа на прашања дали се согласуваат нивното дете да има часови по „Корективна гимнастика“ .

Корективната гимнастика кај децата од предучилишна возраст се воведува за прв пат. Часови ќе имаат децата од средната и од големата група. Ги одржува стручно лице со завршен факултет по физичка култура кое им покажува на децата вежби што ќе им помогнат за правилно развивање и држење на телото, при искривување на рбетот, рамни стапала.

Корективна гимнастика е предвидено да имаат еден час во неделата и истата не припаѓа во цената што ја плаќаат родителите за престој во градинка , туку би требало да се доплаќа симболична цена од 80 денари месечно.

Повеќе...

turkovizija417.09.2013 Сања Лефкова настапи на фестивал во Памуккале, своевидна Турковизија, која се организира по урнек на Евросонг. Фестивалот се одржа од 11 до 15 месецов во Денизли, а учествуваа претставници од 27 земји.

Лефкова ја претставуваше Македонија исполнувајќи две песни на македонски ( „Пауза па плеј“ и „Лијат години“), а на главната вечер пееше балада на турски јазик.

Фестивалот беше од ревијален карактер, но сепак Лефкова од организаторите доби награда за најдобра интерпретација.

Исто така и од земјите учеснички доби пофалби и покани за настап и претставување на Македонија.

Повеќе...

Sah17.09.2013 Митко Цоневски, вработен во Полициската станица во Виница е прогласен за најдобар шахист на десеттите синдикалните полициски игри што од 13-15 месецов се одржаа во Охрид.

Како единствен претставник од Полициската станица во Виница кој се пласираше по регионалните квалификации во Делчево, Цоневски на државниот натпревар учествуваше со уште 13 шахисти од сите сектори на МВР.

Цоневски како поранешен член на шаховскиот клуб “Ангел Винички“ има солидни резултати зад себе во спорот кој му е долгогодишно хоби. Шахот има долга традиција во Виница, со особено забележителни резултати додека беше активен шаховскиот клуб “Ангел Винички“.

Повеќе...

prv-akademski-den-616.09.2013  Новите студенти на Економскиот факултет на штипскиот универзитет кои ќе студираат во Кочани го започнаа своето високошколско образование.

На петте насоки настава ќе следат вкупно 70 студенти, од кои 19 се вонредни. Тие ја претставуваат втората генерација студенти што ќе им се придружат на своите колеги кои своето високо образование овде го започнаа минатата година.

На свеченоста што се одржа во амфитеатарот во комплексот АСНОМ пред дел од присутните бруцоши зборуваше Ристе Темјановски, продекан на Економскиот факултет. Притоа тој посебно ги поздрави бруцошите на новата насока Менаџмент и претприемништво што започнува од оваа година, изразувајќи задоволство од интересот и успехот што досега го покажале студентите.

Повеќе...

ohridska16.09.2013 Пропусти во деталните урбанистички планови правени години наназад до денес им создаваат проблеми на возачите.

Улицата „Охридска“ во населбата Текишински лозја создава тесно грло на спојот со „Павлина Велјанова“, каде не можат да се разминат две возила. Само 30 метри понатаму се шири во неразбирлив паркинг простор што служи како приватно паркиралиште за неколку куќи, за после 20 метри да се прошири во улица со нормална широчина по која возилата кои доаѓаат од спротивна насока непречено поминуваат.

Од Секторот за урбанизам велат дека овде не се планирани никакви интервенции. Според нив се работи за кус потег, прегледноста била добра и немало потреба од какви било промени. Дали може да стане збор за добра прегледност најдобро знаат возачите, особено оние што се движат по улицата „Павлина Велјанова“ и свртуваат в лево.

Повеќе...

pantelej416.09.2013  Локалните самоуправи на Кочани и Пробиштип со заедничка иницијатива ќе го довршуваат започнатиот проект за асфалтно поврзување на двете општини преку селата Рајчани и Турско Рудари.

Без разлика што на коловозот се појавија оштетувањата во рок од само две години по асфалтирањето на првата делница, нашата општина даде поддршка да се бараат нови пари за завршување на остатокот од патниот правец. Финансиер на градежните работи како и до сега треба да биде Бирото за рамномерен регионален развој, при што за делот што се уште чека асфалт се потребни 16 милиони денари.

Според одговорните во локалната власт, ова е проект што има регионално значење заради што двете соседни општини се одлучиле да дадат сопствен придонес.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 2 kmh
Петок7°C/22°C
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 72 гости и нема членови


web counter



qr code