Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Igraliste-Zrnovci27.09.2013  Игралиштето што се гради во Зрновци е дел од проектот на Владата за изградба на „100 повеќенаменски спортски игралишта во државата“. Интензивно се работи на негова градба и за месец и половина се очекува да биде завршено.

-Започнавме со изградба на повеќенаменското игралиште. Јас очекувам дека за месец и половина ќе биде завршено. Се работи за повеќенаменско игралиште за мал фудбал, кошарка и ракомет. Добиено е преку Агенцијата за млади и спорт. Иако беше најавувано повеќе време поради објективни причини досега не започнавме со негова изградба, но сега интензивно се работи и ќе биде завршено, рече Блаже Станков, градоначалник на Општина Зрновци.

Повеќе...

koncert327.09.2013 Традиционалната македонска народна музика, познати ора и песни од типот на „Дафино вино црвено“, „Ајде ред се редат“, „Јано, Јанке“ имаше можност да слушне кочанската публика на концертот што го одржа народниот оркестар „Вез“ при ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ од Штип. Учениците се од класата на професорот Илија Ќосевски.

-Ова не им е прв настап на моите ученици. Во изминативе две години имаме настапувано во Хрватска и во цела Македонија. Сакам да истакнам дека овие се прекрасни деца бидејќи ако тие не ја продолжат да ја почитуваат македонската народна музика и македонскиот фолклор нема кој да продолжи. Јас се обидувам да ја изучуваат народната музика уште од седумгодишна возраст, истакна Илија Ќосевски, професор по народни инструменти.

Повеќе...

osteoporoza427.09.2013 Предавањето се однесуваше на превенција, дијагноза и навремено откривање на остеопорозата и е во соработка со Македонското здружение за остеопороза. Целта на предавањата е подигање на јавната свест и информираност на граѓаните и зборување за потребата од заеднички и организиран пристап во борбата со остеопорозата и спречување на скршениците како последица на оваа болест.

-Целта на предавањето беше повеќе да се превенира остеопорозата. Важно е навремено да ја спречиме да се разбудиме пред таа да не разбуди нас. Современиот седечки начин на живот, нередовната и неправилна исхрана всушност го зголемуваат бројот на лица кои страдаат од оваа тивка, но опасна болест, истакна д-р Љупчо Ѓоргиев, специјалист – ортопед.

Повеќе...

provident-foods-group26.09.2013  Половина милион евра вложија домашни инвеститори од Виница и Горни Подлог, Кочанско во нов  производствен капацитет на компанијата “Провидент фудс груп“.

Фабриката ќе преработува и конзервира зеленчук и овошје, а според димензионираните капацитети е најголема од таков вид во источниот регион. Лоцирана е на влезот во Виница, а за производствените потреби адаптиран е постојниот објект на еден од партнерите во кој порано работел салон за мебел.

- Ние пробно започнавме пред еден месец, а од вчера и официјално стартувавме со работа. Во оваа фаза сме фокусирани на една сорта на пипер, таканаречен родео пипер, го преработуваме, го чистиме од семето и го ставаме во саламура како полупроизвод.

Повеќе...

bolnica-1326.09.2013 Кочанските гинеколози го обновуваа знаењето за предвремената бременост и предвременото породување.

Присуствуваа на предавање одржано од доктори специјалисти од Америка, д-р Бајрон Калхун гинеколог и директор на гинеколошко - акушерската клиника во Америка и д-р Енди Сандерс , директор на програмата, специјалист - интернист.

-Многу сме возбудени и задоволни посебно од овој дел од програмата каде не остануваме само во Скопје туку ги посетуваме болниците ширум републиката. Денес сме во Кочани и со задоволство ја одржуваме презентацијата. Предавањето се однесува на предвремената бременост и предвременото пораѓање како и можните компликации од истите, рече  д-р Енди Сандерс, директор на програмата.

Повеќе...

poraka25.09.2013  Нема изгледи дека наскоро би можел да профункционира дневниот центар за лица со интелектуална попреченост “Порака“ во Кочани. Поради низа персонални и технички причини пред пет години тој престана со работа и лицата кои престојуваа таму останаа без никакво организирано социјално згрижување.

Сепак, кај дел од родителите и понатаму постои интерес Центарот да проработи, а со тоа на нивните деца да им се овозможат активности што ќе ги вклопат во средината во која живеат.

- Тие лица, поранешни корисници на тој дневен центар прашуваат дали Општината има некаква стратегија за згрижување, правење дневен центар за вакви потреби, затоа што знаеме дека тој е неопходен и за корисниците, но и за нивните семејства, рече Лилјана Арсова, член на Советот на Општина Кочани.

Повеќе...

socijalen326.09.2013 Прокиснат кров, куќа која ќе се распадне во секој момент. Секојдневно со страв живее 55 годишната Горјана Симендиќ од Зрновци заедно со нејзиниот 15 годишен син Давид кој веќе три години не посетува настава. Поради условите и сиромаштијата честопати станува агресивен и ја напаѓа сопствената мајка. На училиште не оди затоа што нема свидетелства за завршено училиште во родната Германија. Горјана повеќе од 30 години живее и работи во Германија, каде била мажена со сега разведениот сопруг и го добиле Давид. Но, откако се развеле започнал нејзиниот тежок живот.

-Најголем проблем е тоа што син ми веќе три години не посетува училиште. Станува агресивен заради тоа. Тој мора да се дружи со другарчињата и мора да посетува настава. Немаме никаква поддршка , немам фамилија и нема кој да ми помогне. Детето не оди на училиште затоа што немаме документи за завршено образование во Германија, рече Горјана Симендиќ.

Повеќе...

sednica26.09.2013 Најжестока расправа советниците имаа за третата точка од дневниот ред која се однесуваше на предлог - одлуката за давање согласност за формирање чисти паралелки со помал број ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ согласно законот за основно образование. Со 7 гласа „за“ и 2 „против“ беше усвоена и оваа точка.

-Имаше различни дискусии и на крајот беа усвоени сите точки. Во ОУ „Синиша Стоилов“ и понатаму останува да постои само една комбинирана паралелка која е во село Мородвис. Таа комбинирана паралелка постои и заради политиката на самото училиште да не останат вработените без работа. Само кажавме дека на тоа одделение ќе му се посвети поголемо внимание за да не се почувствуваат децата запоставени, рече Благој Николов, претседател на Советот на Општина Зрновци.

Повеќе...

aulos1026.09.2013 Квартетот „Аулос“ кој постои од 2007 година одржа концерт пред кочанската публика. Го сочинуваат Ангелина Катмерова и Марија Јакимовска магистри по флејта, Александра Тевдоска , дипломиран флејтист на Факултетот за музичка уметност и Билјана Камчева четврта година на ФМУ во Скопје, сите во класата на реномираниот професор по флејта Страшо Темков.

Пред кочанската јавност се претставија со дела од Моцарт, Мишел, Лансен Димушевски и Имери.

-Концертот помина прекрасно, ние сме презадоволни и се надеваме дека и понатаму ќе имаме вакви успешни концерти. Од публиката добивме и силен аплауз, рече Ангелина Катмерова, магистер по флејта.

Повеќе...

Multikulturen-Poeti-226.09.2013 Во Мултикултурниот центар се одржа поетско-музичката средба под наслов „Поезија за оризот, музика за душа“. Пред публиката беа презентирани најуспешните творби од литературниот конкурс распишан во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Локалната самоуправа ги награди творбите на Симона Ангелова, Милена Јанева, Надица Манасиева, Нина Димитрова и Александра Стоилкова.

-Пристигнаа 42 литературни творби, жири-комисијата ги разгледа и одлучи да награди по една од сите училишта, а седум литературни творби да бидат пофалени. Имаше навистина квалитетни творби, а целта беше учениците да се поттикнат да размислуваат за оризот како бренд на Кочани- рече Аника Илиевска Ѓоргиева, претседател на комисијата за оценување.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток17°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/35°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 132 гости и нема членови


web counter



qr code