Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

jakimovo29.08.2013  Одбележан верскиот празник “Св. Јоаким Осоговски“, патрон на храмот и слава на село Јакимово. Утрово се служеше света литургија, а околината на објектот поладнево беше полна со верници од повеќе краеви.

Тие, презадоволни од условите во храмот и црковно-народната прослава

-Прекрасно е, има многу народ. Навистина е ретко да се видат толку голем број верници на едно место, вели посетител.

-Доаѓаме секоја година. Палиме свеќи за здравје на  најблиските, вели средовечна жена  од Јакимово.

Повеќе...

komisija726.08.2013 Помалку интересен за дискусија беше кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, што е помало во однос на минатата година. Според раководителот на секторот за финансии Ирина Хаџиева, тоа се должи на изборите во март, што било причина Општината да доцни со доставувањето на решенијата за даноци, комунална такса, како и лицитациите за градежно земјиште. За Хаџиева интересни се неколку ставки на приходната буџетска страна

-Тоа се другите неданочни приходи, каде имаме остварување од 201 %. Во суштина тоа не е вистински приход, туку овде влегуваат и донациите што ги примивме оваа година од прекуграничните проекти за етно- куќата и модернизација на инфраструктурата - рече Ирина Хаџиева, раководител на сектор за финансии.

Повеќе...

dab-beli-krst426.08.2013  Уште едно верско обележје доби манастирот “Св. Илија“ кај дабот кај село Бели. Светлечки крст, со златно-жолта  основа и височина од 1,5 метар е поставен на кровот на црковниот објект.

Го изработи и го донираше фирмата  “Студио 5“ од Скопје, која се занимава со изработка на светлечки  реклами. Во внатрешноста на крстот се поставени флуоросцентни светилки и замислата е преку ноќ да го осветлува целиот простор.

Сопственикот на фирмата, кој потекнува од Кочани, вели дека и претходно дал своја донација за манастирот, која е поставена над главниот влез.

Повеќе...

Bogorodicni-postovi-426.08.2013 Во последно време младите повеќе ги почитуваат црковните правила поврзани со исповед и причест, а повозрасните си тераат по свое и ретко доаѓаат на исповед. Од кочанскиот храм „Св. Вмч. Ѓеорѓи“ непосредно пред празнувањето на празникот Голема Богородица апелираат дека верниците   на исповед треба да појдат навреме неколку ден пред празникот, затоа што групно исповедување во православната вера не постои.

-Апелирам до сите верници, посебно до оние повозрасните над 60 години дека пред да пристапат кон светата тајна причест треба да се исповедаат и да побараат благослов од духовникот. Исповед треба да направат неколку дена пред да се причестат затоа што на самиот ден на празникот не е можно голем број луѓе да се исповедаат, а групен исповед во православието не постои, вели   Димитар Арсовски, ѓакон.

Повеќе...

vera526.08.2013 Аплаузи и враќање на бис за сопранот Вера Данилова која со својот моќен глас во петокот буквално ја освои публиката во салата на Спомен домот „АСНОМ“. Кочанската публика имаше ретка можност да ужива во исполнувањето на аријата на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, аријата на Виолета од операта „Травијата“, како и дела од Белини, Росини, Ардити, Пучини, Верди.

Вера Данилова настапи со пијано придружба на Елизабета Ѓорѓиева, директор на ОМУ „Ристо Јуруков“. Задоволната кочанска публика со силен аплауз знаеше да го награди квалитетот.

На крајот од концертот Данилова беше опсипана со подароци, а таа пак не можеше да го сокрие задоволството и солзите радосници кога настапува пред своја публика.

Повеќе...

kamp226.08.2013  Седумчлена делегација од Здружението “Јосип Броз - Тито“ од Кочани учествуваше на десетдневниот “Камп на мирот - Сребреница 2013“. Тие беа единствените македонски претставници во рамки на одбележување на настаните за време на војната во Босна и Херцеговина.

Сместен на 40-тина километри од Сребреница, на езерото Перуќица, на кампот имаше стотина претставници од сите екс-Ју републики. Кампот е традиционален и се организира трета година по ред, а е финансиран од владата на Република Босна и Херцеговина, преку Здружението на граѓани “Сребреница“.

Ноќевањето е организирано во шатори, со обезбедебна исхрана, а во иднина се планира да се изградат бараки. Освен дружење на кампот се организираат историски предавања, гостувања на музички групи и културно-уметнички друштва и посета на значајни локалитети.

Повеќе...

osogovo226.08.2013 „Осогово“ забележа многу значајна победа на гости против Карбинци, остварена со минимални 0:1.

Стрелец на единствениот гол за кочанскиот третолигаш беше Љупчо Коцевски во 70 минута. „Осогово“ имаше и една статива и уште 2-3 посериозни шанси.

Шанси за постигнување гол имаше и домаќинот, но не успеа да ги капитализира.

Иако замина со респект кон противникот, „Осогово“ одеше на освојување на трите бода во Карбинци, но тоа според тренерот Тоде Митев било остварено потешко од очекувањата.

Повеќе...

ortodonci23.08.2013 Генетиката, исхраната и лошите навики се најчестите причини за зголемениот број на деца со аномалии на забите. Ако пред 10 години 15 сетина деца месечно имаа потреба од исправање на забите со протеза, таа бројка сега е дуплирана , велат ортодонтите.

-Бројот на деца кои што носат ортодонски помагала се повеќе се зголемува, посебно кај девојчињата. Причините за зголемување на бројката на деца со аномалии на забите е лошата исхрана и генетската предиспозиција. Децата наследуваат мали вилици од мајката и крупни заби од таткото, рече д-р Павлина Николова, специјалист , ортодонт.

Ортодонтите со полни раце работа. Но, имаат проблем со фондот од каде го ограничуваат бројот на протези што се на терет на Фондот.

Повеќе...

Lenin23.08.2013  Откако Владата донесе одлука, Локалната самоуправа ги презема ингеренциите околу трансформирањето на поранешниот работнички универзитет “Ленин“ во нова општинска јавна образовна установа.

Објектот во центарот на градот што подолго време стои заклучен и не се користи, треба да добие слична функција како поранешната. Просториите преминаа во сопственост на Општината, а таа ги презема и останатите ингеренции околу функционирањето и финансирањето на новата образовна институција, при што нејзиниот назив ќе се трансформира во Отворен граѓански универзитет за доживотно учење.

Тој нема да претставува класично училиште, туку установа што ќе овозможи стекнување дополнителни знаења и вештини, посебно за категориите граѓани кои имаат потреба од преквалификација или не го оформиле образованието по редовен пат.

Повеќе...

Ucebna-Godina-Kraj--423.08.2013  Привршуваат тековните подготовки за прифаќање на учениците, и училиштата подготвено ќе го дочекаат почетокот на новата учебна година.

Таков е генералниот заклучок од средбата што градоначалникот ја имаше со директорите на образовните институции од општината, со одредени забелешки дека треба да се навремено да се реализираат набавките за огрев и бесплатен превоз. На средбата се разговараше и за приемот на првачињата и подготвеноста за реализирање на наставата.

Карактеристично за оваа учебна година е што, иако како и лани бројот на децата кои за првпат ќе тргнат на училиште се зголемува, дел од паралеките ќе мора да се затворат.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

23°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: North при 2 kmh
Петок7°C/22°C
Сабота8°C/23°C
Недела12°C/27°C
Понеделник13°C/28°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 110 гости и нема членови


web counter



qr code