Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

upisi624.06.2013 Започнаа уписите во средните училишта. Кочанската гимназија може да прими 272 ученици распоредени во две струки економска и гимназиска струка од по четири паралелки. Одзивот на првиот ден од првиот уписен рок е задоволителен и во двете училишта.

-Динамиката на запишување е сосема задоволителна. До 13 часот имаме пријавено околу 150 ученика – 80 во економската и 70 во гимназиска струка. Вкупниот потребен минимум за запишување на ученици во првиот уписен рок се 60 бодови, а за вториот ќе се прават корекции за да можат да бидат опфатени сите ученици, истакна Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Другото средно училиште Ѓошо Викентиев годинава може да прими 408 ученика распоредени во три струки, машинската, електро и сообраќајната струка.

Повеќе...

eksterno24.06.2013 Објавени резултатите од екстерното тестирање за учениците од четврто до седмо одделение и од прва до трета година во средните училишта. Истите задоволуваат ако се земе во предвид дека учениците се соочија со голем број недостатоци и технички проблеми за време на тестирањето. Оценките од екстерното во поголем дел се совпаѓаат со оценките на наставниците.

-Денес во 10.30 часот пристигнаа резултатите од екстерното тестирање и учениците можат да извршат увид во истите. Задоволни сме од финишот на проектот. Ќе почекаме учениците сами да дојдат да ги видат резултатите и ако имаат забелешки ќе можат да си го искористат рокот за приговор, рече Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Повеќе...

nikola-karev24.06.2013 Ја демантираме веста објавена на официјалната страна на телевизија Канал 8 во врска со резултатите од екстерното оценување и наводното  казнување на одредени наставници во ОУ “Никола Карев” како крајно неаргументирана и голема навреда на професионалноста и достоинството на наставниците како и угледот на училиштето.

Имено,во периодот кога веста беше објавена ,19.06.2013 резултатите од екстерното оценување  не беа добиени во целост , а анализа  на истите не беше можно да биде направена ниту во самото училиште, а да не зборуваме за ниво на општина или република..Согласно ова, немаше никаква можност да има казнети наставници. Ова не наведува да размислуваме за намерен атак врз имиџот на нашето училиште во време кога трае уписот на ученици и кога секоја позитивна,односно негативна информација влијае врз одлуката  за избор на училиште.

Повеќе...

stecajci324.06.2013  Локалните избори поминаа и време е Владата и Парламентот повторно да се позанимаваат со нашиот проблем, за конечно да се најде решение, велат од Здружението  на стечајни работници УНИТ.

Според претседателката на Здружението, Лилјана Георгиевска, стечајците до сега биле доволно трпеливи, а на неодамнешната координативна средба со сите ограноци била донесена одлука да се организира нов протест.

- Одлучивме на 4 јули да се излезе на протести пред Владата, затоа што тоа ќе биде и симболично поднесување на Предлог-законот, што за жал е по петти пат. Затоа, еве една молба до Владата на Република Македонија да размисли, да сфати дека е тежок животот на оваа категорија работници и да го изгласаат Предлог-законот или пак, нека понудат решение до 4 јули, нешто од нивна страна за згрижување на оваа категорија на работници, рече Лилјана  Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници УНИТ.

Повеќе...

osogovo324.06.2013 15- тина фудбалери потпишале договор со ФК „Осогово“-информираше претседателот на клубот Крсте Крстев. Поради оправдани причини, според него, тоа досега не го сториле уште петмина играчи, но тие веќе дале усна согласност дека ќе ги бранат боите на клубот.

Во договорот стои дека на играчите ќе им се плаќа надомест, хранарина, премии за победа на домашен и гостински терен, како и патни трошоци за играчите однадвор.

ФК „Осогово“ планира и да се засилува. Определба на менаџментот на клубот ќе биде да се ангажираат играчи од Кочани и кочанско, за како што велат оттаму, да не се повтори истата грешка со ангажирање на поголем број играчи до страна, кои потоа си заминуваат заради незадоволство или други причини.

Повеќе...

pozar-ularci120.06.2013 Пожар во средата доцна попладнето пеплоса 7,6 ха плодно земјиште. Парцелите лоцирани во близина на Уларци, од левата страна на селото имале тројца сопственици, а биле засеани со пченка, овес и пченица.

Во гаснењето на огнот учествувале селаните. Се организирале сами и за час и половина успеале да го локализираат пожарот.

Се претпоставува дека го предизвикал човечки фактор, иако вистинските причини се уште се предмет на истрага.

Пеколните температури тукушто започнаа и се сериозен аларм. Овој случај е предупредување дека сезоната на пожари допрва почнува. Пожарникарите минатата и предминатата година се бореа против неколку огнени стихии и тоа најмногу во полскиот реон, но и во планинските и ридските предели.

Повеќе...

Avionsko-Prskanje-320.06.2013 По цела деценија пауза, авионот повторно го надлета Кочани во акцијата за прскање против комарци. Истата се спроведе во раните утрински часови. Започна во 05.00 а заврши во 06.30 часот.

Според одговорните, протекла без никакви проблеми. Авионското запрашување се изврши на територијата на општините Кочани, Виница, Пробиштип и Делчево. Со оваа активност се опфати вкупна површина од околу 1500 хектари во Кочани и 1000 во Виница. Се прскаше главно над оризовите ниви крај населените места и покрај речните корита, односно на непристапните места за третирање од земја. За прскањето беше употребено средство „аквакотрин“.

Авионското пркање чини 325 денари по хектар, што значи дека за Кочани беа потрошени нешто помалку од 500 000 денари, додека во Виница околу 325 илјади денари.

Повеќе...

Stecajci-220.06.2013  Наместо на состанок во салата на Мултикултурниот центар, стечајците од Кочани останаа на тротоар.

Не се одржа закажаната средба, на која требаше да се договараат за претстојните активности околу поднесувањето на предлог-законот до Владата.

Иако почекале дваесетина минути некој од Локалната самоуправа да дојде и да каже дали ќе им отвори за да влезат, не се појавил никој.

Револтирани од таквиот однос, само набрзина се договориле дека следната средба ќе ја одржат, макар и на отворен простор.

Повеќе...

seminar-osogovo-120.06.2013  Воспоставување поцврста врска меѓу невладините организации од осоговскиот регион заради заедничко дејствување во насока на развој на Осоговијата беше тема на работилницата што се одржа на мотелот Гратче.

Организатор на активноста беше Македонското еколошко друштво, кое го реализира проектот “Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, а опфатени се граѓански здруженија од општините Кочани, Пробиштип, Крива Паланка и Кратово.

Целта на проектот меѓу другото е да се најде заеднички бренд на регионот што подобро ќе го претстави и ќе овозможи негов развој.

Повеќе...

Policija-za-Roleri20.06.2013 Со зголемување на температурите се зголеми и бројот на деца кои возат ролери и велосипеди на коловозите и со тоа стануваат потенцијални жртви на сообраќајни незгоди.

Секојдневната сообраќајна контрола на кочанската полиција покажува дека лица кои возат ролери најчесто се малолетници. Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај апелира до родителите и старателите на децата да поведат поголема грижа за своите малолетници.

Во наредниот период кочанската полиција ќе ги зајакне контролите против овие учесници. Согласно Законот за прекршоци и Законот за малолетничка правда ќе преземе мерки и покрај одговорноста на малолетниците ќе бидат повикувани и нивните родители и ќе биде утврдувана и нивната одговорност.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: North при 0 kmh
Среда3°C/12°C
Четврток3°C/14°C
Петок4°C/14°C
Сабота4°C/13°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 195 гости и нема членови


web counter



qr code