Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

pesacki08.10.2013 Дислоциран е пешачкиот премин кај СОУ „Ѓошо Викентиев„ кое беше по барање на директорот на училиштето. Местото на погрешно обележаниот пешачки премин претставуваше опасна зона за учениците кои секојдневно по неколкупати небезбедно ја преминуваа улицата за да купат храна.

-На иницијатива на училиштето во соработка со кочанската полиција кои веднаш ни излегоа во пресрет, а се погоди и терминот кога тече обележувањето на пешачките премини во градот и за неколку дена по нашата реакција пешачкиот премин кај училиштето е поставен онаму каде му е местото и ќе си ја извршува својата функција. Ме радува тоа дека најголем дел од учениците веќе го користат ново обележаниот пешачки премин, рече Димче Сребренов, директор на СОУ „Ѓошо Викентиев“.

Повеќе...

kino08.10.2013 74- годишнината од издавањето на стихозбирката „Бели Мугри“ од Коста Апостолов Солев е поводот поради кој Центарот за култура од Кочани го распишува конкурсот на слободна тема.

Истиот нема натпреварувачки карактер. Единствен критериум е пријавените песни да не се објавувани претходно, а ограничувачка е само возраста.

Право на учество на имаат граѓаните од општините Кочани, Зрновци и Чешиново- Облешево постари од 16 години.

Краен рок за поднесување на творбите е 15 ноември, а нивната промоцијата е закажана за почетокот на декември.

Повеќе...

eko-akcija1008.10.2013 Училиштето „Св. Кирил и Методиј“ има потпишано договор со Друштвото за управување со отпад „Еко пак хит“ од Кочани. Во заедничка соработка спроведоа акција за собирање стара хартија, како дел од одбележување на Меѓународниот ден за намалување на уништување на природата 8 октомври.

-Нашата акција е собирање на стара хартија , но ние постојано организираме акции и за собирање на стара пластика, која понатаму фирмата „Еко пак хит“ ја подига од нашите простории, а ние за тоа добиваме соодветна финансиска надокнада, истакна Љубица Теодосиева, координатор на програмата.

-Акцијата се вика „Да се ослободиме од старата хартија во училиштето и дома“, рече Анастасија Нешевска, член на еко одборот во училиштето.

Повеќе...

gradinka08.10.2013 Одбележувањето на Детската недела продолжи во клон 2 на кочанската градинка „Павлина Велјанова“.

Децата имаа активности од областа на физичкото, ликовното образование, како и игри со натпреварувачки карактер што и најмногу им го привлекоа вниманието.

Активности имаа децата од сите воспитни групи. Од малата група беа поделени во две групи од која едните боеја, а другите работеа апликации - овошни дрвца.

За прв пат средната група имаше две помали групи, а тоа кажува и на зголемување на бројот на децата во градинка.

Повеќе...

kruzen-tek07.10.2013 Најголемите грешки се прават бидејќи по навика се применува правилото на десна страна или пак возачите низ кружниот тек се движат како по приоритетен пат и директно влегуваат без да ги пропуштаат возилата кои веќе се наоѓаат во него. Со почетокот на градбата на крстосницата беше поставена сообраќајната сигнализација- предупредување дека се наидува на кружен тек и улица со првенство на минување.

-Возилата кои влегуваат во крстосницата со кружен тек на сообраќајот мораат да ги пропуштат возилата кои веќе се движат и кружат во крстосницата. Од друга страна треба да внимаваат на улица која има две сообраќајни ленти. Оние кои се движат по левата, треба да ја користат внатрешната лента, а возилата од десната треба да ја користат надворешната сообраќајна лента, освен ако имаат намера веднаш на наредниот излез да ја напуштат крстосницата -рече Горан Велковски, инспектор за превенција во сообраќајот.

Повеќе...

dimovski-za-subvencii-oriz307.10.2013  Субвенциите за оризот ќе продолжат, без разлика дали земјоделците ќе сеат од досегашните или пак од новите турски сорти.

Од Министерството за земјоделство ги демантираат гласините дека се размислувало за извесни промени во поддршката за оризопроизводителите.

Проширувањето на површините во Кочанско што догодина се најавува дека ќе се засеат со турски сорти ориз немало да влијае на веќе утврдената политика за субвенционирање што ја има донесено ресорното министерство.

Тоа го потврди и министерот Димовски при неговата неидамнешна посета на Кочани.

Повеќе...

grdovski-orman204.10.2013  Општина Кочани ќе даде половина милион денари од сопствениот буџет за да учествува во кофинансирањето  на изградбата на нов експлотационен бунар за водоснабдување од месноста Грдовски орман.

Овие пари се близу 17 отсто од потребните 59 илјади швајцарски франци за реализација на проектот, што на Форумот во заедниците го одбраа граѓаните. Остатокот од парите ќе ги даде Швајцарската агенција за развој, а реализацијата на градежните работи би требало да се случи во првата половина од идната година.

Советот на Oпштината даде едногласна поддршка на предлогот за кофинансирање, што кај опозицијата предизвика реакција оти проектот за браната Речани е далеку од реализирање.

Повеќе...

malina1007.10.2013 ОУ „Малина Попиванова“ со низа активности се вклучи во националната акција „Македонија без отпад 2013 “ која се спроведува на иницијатива Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање. Цела недела училиштето имаше активности, работилници, едукативни предавања со цел едукација на учениците за справување со отпадот и подигање на свеста за зачувување на животната средина.

-Нашите ученици изработија мозаик од отпаден материјал. Истиот носи еколошка порака дека и отпадот има иднина, дека секој отпад не значи ѓубре и истиот треба правилно да се складира, селектира и да се рециклира. Тоа е еден од начините со кои ќе придонесеме да имаме почиста животна средина. Немаме резервна планета, ја наследивме од нашите предци, а ја позајмивме од идните генерации, рече Здравка Охомуш, координатор на проектот.

Повеќе...

ponikva304.10.2013  Општините Кочани и Пробиштип се на чекор до формирање заедничко јавно претпријатие за управување со ски-центарот на Пониква. Членовите на кочанскиот Совет ја прифатија одлуката да започне законската постапка, со што претпријатието би требало да заживее пред почетокот на претстојната зимска сезона.

Мирно, без ниту една дискусија, советниците се согласија потребната сума за основање во висина од 5 илјади евра по половина да ја финансираат двете општини од своите буџети.

Според донесената одлука, новоформираното претпријатие ќе го носи името на скиpцентарот, а треба да се грижи за снабдувањето со вода за пиење, отстранувањето на отпадните води, собирањето и транспортот на цврстиот отпад, како и за уредувањето на просторот на Пониква со кампови, одморалишта, објекти за сместување, но и да ги развива и унапредува условите за повеќе видови спортови. Една од приоритетните дејности ќе биде и организирањето превоз на патници до и од центарот.

Повеќе...

ponikva2207.10.2013  Со изворна македонска песна и оро стартуваше заедничкото дружење на неколку стотини посетители од регионот, кои во неделата напладне дојдоа на Пониква за да бидат дел од манифестацијата “Осогово и лично и различно“. Таа годинава се организираше за прв пат, а основната идеја беше да се промовираат туристичките потенцијали не само на рекреативниот центар, туку и на планината воопшто.

Манифестацијата трае три дена, период во кој се промовираат различни локалитети на македонската и бугарската страна од Осоговијата.

Во организирањето на заедничкото дружење се вклучија планинарското друштво “Осогово“, велосипедските клубови “Електрика“ и “Зелени патеки“, здружението “Слоуфуд Осогово“, земјоделското здружение “Машински круг“ и здружението на пчелари “Пчела“, а целата организација ја координираше Македонското еколошко друштво.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

6°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 87%
Ветер: NE при 4 kmh
Четврток3°C/14°C
Петок6°C/21°C
Сабота8°C/23°C
Недела9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 73 гости и нема членови


web counter



qr code