Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

orkestar23.09.2013 Дувачкиот оркестар на град Скопје во петокот на летната сцена на ЦК „Бели Мугри“ одржа концерт што е дел од одбележување на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Во градскиот дувачки оркестар од Скопје кој постои веќе 8 години застапени се скоро сите дувачки инструменти и плус синтисајзер, бас гитара и класични тапани. Оркестарот брои 27 членови сите професионални музичари.

Во Кочани не настапија во толкав број бидејќи дел од музичарите се вработени во операта и истата вечер имаа настап. Но, нивното отсуство не се забележа бидејќи, го направија максималниот квалитет и напор во настапот.

Повеќе...

dabo424.09.2013  Уште извесен период ќе се почека за да се извршат санации на оштетувањата на дабот кај селото Бели. Стручните лица кои можат тоа да го направат се зафатени, па дрвото ќе продолжи само да се бори за да опстане.

По случката од 4 јуни минатата година, кога гром удри во една од гранките и предизвика пожар, стеблото остана тешко оштетено, како закана да се исуши целото дрво. Иако членовите на црковниот одбор од манастирот “Свети Илија“ и месното население повеќепати реагираа дека е неопходно да се преземе нешто за да се заштити, конкретни мерки на терен немаше.

Од Општината велат дека презеле одредени активности и побарале помош од стручните институции.

Повеќе...

etno-kuka23.09.2013 Антологиски избор на поетски, прозни и други народни умотворби, предговори, белешки, речници и друга научна литература. Во етно куќата во Кочани беше промовирана едицијата „Македонски народни умотворби“ во десет тома, на проф. д-р Марко Китевски од Институтот за македонска литература од Скопје.

За едицијата зборуваше проф. д-р Илија Велев, а дел од народните умотворби цитираше професорот Доне Донев.

-Едицијата „Македонски народни умотворби“ во десет тома е плод на моето четиридецениско истражување на македонскиот фолклор и тука е собрано целокупното мое знаење и искуство во собирањето, проучувањето и афирмацијата на македонскиот фолклор, истакна проф. д-р Марко Китевски, автор.

Повеќе...

Sudenje24.09.2013  Без поголеми пресврти во изведувањето на доказната постапка продолжи главниот судски претрес против поранешните први луѓе на кочанската Полициска станица.

Иако беа поканети повеќемина сведоци на десеттото продолжение од претресот во судницата на Основниот суд во Кочани се појавија само четворица, односно по двајца полициски службеници и граѓански лица.

Тие сведочеа во врска со обвинението против поранешниот командир Ванчо Тодоровски и неговиот заменик Санде Стојменов дека двајцата ја злоупотребувале службената должност и се мешале во работењето на своите подредени.

Повеќе...

moleben23.09.2013 Молебен за здравје на децата од Грдовци кои настрадаа во тракторската несреќа годинава на први мај се одржа во саботата во црковниот храм „Св. Тројца“ во село Грдовци. Освен децата присуствуваа и нивните родители и роднините и пријателите кои за здравје месеа погачи, се молеа и палеа свеќи. По повод христијанскиот празник Рождество на Пресвета Богородица или Мала Богородица се одржа света литургија.

-Одржавме света божествена литургија посветена на Рождество на Пресвета Богородица кај народот познат како Мала Богородица. По литургијата одржавме молебен во чест на децата кои настрадаа во тракторската несреќа на први мај. Среќни сме што сите деца се живи и здрави и им читавме молитва за здравје на нив и нивните семејства како и за сите селани, истакна Илчо Миленковски, свештеник.

Повеќе...

gradinka24.09.2013 Само 7 од 600 родители биле заинтересирани за воведување втора смена во детската градинка „Павлина Велјанова“ во Кочани, покажала спроведената анкета. Од градинката велат дека заради малиот број на заинтересирани родители како и заради непостоење економска оправданост воведување на втора смена засега ќе нема. За тоа зборуваше и министерот Спасов на средбата со граѓаните при отворањето на детската градинка во село Трсино.

-Имаме неколку проекти кои што се во фаза на разработка со цел давање на дополнителни услуги и подобрување на услугите кои ги даваат градинките. Сеуште сме во фаза на анализи во однос на заинтересираноста на родителите за двосменско работење на градинките. Затоа дополнително ќе излеземе со конкретни предлог решенија кои ќе бидат доставени до градинките и до родителите, истакна Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.

Повеќе...

Osogovo-Babi-423.09.2013 „Осогово“ ја оправда улогата на фаворити и со тесен резултат од 3:2 ја совлада „Јака“ во рамки на 6-тото коло до Третата лига - Исток.

Стрелци на головите за жолто сините беа Ѓеорѓиев во 20, Арсов во 77, Шуманов во 80, додека во гостинскиот состав Јанев се запиша во листата на стрелците во 71 минута. Вториот погодок во мрежата на домаќинот беше автогол на Николовски во 85 минута со кој радовишкиот третолигаш успеа само да го ублажи поразот.

„Слога 1934“ влезе во победничка серија откако во Виница го совлада „Напредок– Здравје Радово“ со 2:1.

Останати резултати од колото:

Повеќе...

ivica-sdsm24.09.2013 Ивица Димитров е новиот претседател на ОО на СДСМ во Виница. По професија e технолог, роден 1983 година.

Димитров беше претседател на локалниот клуб, потоа координатор на младите на СДСМ за третата изборна единица, а последните четири години член на извршниот одбор на ОО во Виница.

Цел на новиот претседател во следниот период ќе била излегување од сивилото во Општината под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, каде како што вели, видливо е дека изминатите повеќе од четири години откако на власт е владејачката партија, немало реализирано ниту еден значаен проект освен задолжувањето на локалниот буџет и партиските вработувања на несоодветни кадри.

Повеќе...

Seminar-Sudii23.09.2013 Семинарот во Кочани, организиран од ФФМ со поддршка на ОФС, се состоеше од теоретски и практичен дел.

Теоријата ги содржеше основните и напредните судиски правила кои младите судии на возраст од 16-25 години мораат добро да ги познаваат пред да ја започнат својата кариера.

-Предавачите се од ФФМ, Марјан Ристевски и Бранко Манојловски во стручниот дел, а во практичниот наши еминентни судии -рече Драган Стојановски, главен координатор на семинарот.

Обуките се дел од „Грас-руд“ програмата за судии, чик потписник е и судиската организација на Македонија.

Повеќе...

policija20.09.2013  Пораст на криминалитетот за околу една третина е регистриран на територијата што ја контролира кочанската Полициска станица.

Во првата половина од оваа година, во споредба со истиот период лани извршени се 181 кривично дело за кои се поднесени 173 кривични пријави. Кај најголемиот дел, односно за 119 дела сторителите не се откриени, што исто така преставува пораст за околу 34 отсто.

Карактеристично за периодот од Нова Година до Илинден е што крадците биле особено активни и извршиле 38 тешки кражби повеќе споредено со лани или вкупно 94. Освен тешките, имало и полесни кражби, за што до полицијата биле поднесени 20 пријави, но сторителите до денес се непознати. Исто така, во два случaи биле пријавени разбојништва.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток17°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/35°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 125 гости и нема членови


web counter



qr code