Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Priemna-Ambulanta19.09.2013 Кочанската болница досега немаше приемна амбуланта. Болните од различни болести доаѓаа во хируршката која , како што и кажува името треба да биде само за хируршките болести.

Од денеска приемната амбуланта е ставена во функција со која се очекува да се стави ред и да се намалат гужвите при приемот на пациенти. Новата приемна амбуланта ќе служи и за закажување на пациентите преку проектот „ Мој термин“.

-Приемна амбуланта е потреба на која лекарите одамна укажуваа за нејзиниот недостаток. Секојдневно се случуваше после 16 часот и во вечерните часови хируршката амбуланта да функционира и како хируршка и како приемна и се случуваа немили сцени, а тоа е во исто време да дојдат пациенти со различни патологии и се создаваше гужва.

Повеќе...

forumi-kocani-119.09.2013  На првата форумска сесија на проектот за управување во сливот на реката Брегалница, присутните граѓани ги разгледуваа актуелните и најважни проблеми со отпадните води во општината.

Нивна задача ќе биде потоа да дадат предлози како тие да се решат, а најдоброто решение ќе конкурира за дел 50-те илјади швајцарски франци што како грант за проектот ги дава владата на Швајцарија.

Форумската сесија всушност е трета по ред, со оглед што минатата година се одржаа две работни средби на кои проектот беше презентиран во присуство и на донаторот, швајцарскиот државен секратаријата за економски прашања.

Повеќе...

svetska-banka-119.09.2013 Со цел размена на идеи за поуспешна реализација на проектот “Градови без корупција, градови со иднина“ во кој е вклучена Општината, во Виница се одржа средба на градоначалникот Дончев со претставници на Светска Банка.

Проектот вклучува изработка на антикорупциска стратегија заради ефективно управување со развојот на општината во насока на инклузивен и одржлив развој.

Екс градоначалникот на главниот град на Боливија, Лапаз, Роналд Меклина Борај е ангажиран како експерт на Светска Банка заради исклучително успешната борба со корупцијата во многу краток период.

Повеќе...

Poeti-Iskra19.09.2013 Литературна средба на членовите на Сојузот на писателски асоцијации на Македонија во библиотеката „Искра“. Настапија писатели и поети од повеќе литературни клубови од десет градови, членови на Сојузот, меѓу кои и домаќинот Кочани.

-Секој поет чита дел од творештвото по свој избор, затоа што тематиката не беше сугерирана од страна на организаторот. Намерата е да се претставиме пред што поголема публика во градовите што се членови на нашиот сојуз-рече Божина Трајковска, претседател на Сојузот на писателски асоцијации на Македонија.

Литературната средба е иницијатива на библиотеката „Искра“, а намерата била да се промовира националниот сојуз на писателски асоцијации и во Кочани.

Повеќе...

Muzicki-Branovi-Vinica-319.09.2013 14 композиции од фестивалот на детска песна „Музички Бранови“ беа презентирани пред виничката јавност. Учесниците од Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци ги испеаја песничките од фестивалот кој втора година се одржува во Кочани. Општина Виница финансиски го помага фестивалот, бидејќи учествуваат и деца од Виница.

Овогодишната победничка рокерката Нина Ѓорѓиевска е токму од оваа општина. Градоначалникот Дончев најави ваков фестивал да се организира и во Виница.

-Втора година го подржуваме фестивалот. Навистина е прекрасен и се радувам што овогодишната победничка е од нашата општина. Ќе се потрудиме во иднина ваков фестивал да добие и Виница, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Повеќе...

muzej-419.09.2013 Накитот пронајден на трите археолошки локалитети кои во изминатиов период беа предмет на истражување на археолозите од Музеј “Теракота“изложен пред пошироката јавност како настан кој ќе ги одбележи Европските денови на културно наследство.

Накитот е повеќе од украс. Токму со таа идеја вработените во музеј “Теракота“ преку декорации им раскажаа детали од историјата од деветтиот век пред нашата ера па се до средниот век.

-Накитот е пронајден на археолошките локалитети „Виничко кале“, „Гробана“ и „Коколов рид“. Се надеваме дека изложбата ќе предизвика голем интерес затоа што накитот како во минатото така и денес предизвикува внимание.

Повеќе...

open-fun19.09.2013 Отворените забавни фудбалски школи се организираат по 11 пат. Носител на проектот е основното училиште „Никола Карев“, во соработка со ФК „Кочани“, а покровител годинава по петти пат е Локалната самоуправа.

-Во овој изминат период поминаа многу генерации на возраст од 7-11 години. Во една година учествуваат околу 200 учесници распоредени на 12 станици како елементарни игри, хокеј фудбал, штафетни игри-рече Владо Андов, директор на ООУ „Никола Карев“.

Учениците ќе бидат распределени согласно нивната возрасна категорија, а во деновите на одржувањето на овој хепенинг ќе поминуваат по пет часа во рекреација и дружење, по триесет минути на секоја спортска станица.

Повеќе...

izbori18.09.2013 Точно половина година од одржувањето на локалните избори, се уште не се исплатени дневниците на членовите на избирачките одбори во сите општини од микрорегионот. Некои велат дека им ги исплатиле сите пари на претседателите и на членовите на избирачките одбори, додека други им дале само за првиот изборен круг.

Обврските целосно ги завршиле Општина Кочани, која ги исплатила средствата и за првиот и за вториот круг и тоа меѓу првите во државата, како и Општина Зрновци каде се одржа само еден изборен круг.

Втор круг имаше и во Чешиново - Облешево. Таму се исплатени само половина од парите. Останатиот дел ќе биле префрлени во следните неколку денови - уверува градоначалникот Костадин Личков.

Повеќе...

Oriz-Zetva-418.09.2013  Земјоделската механизација влезе во нивите во Чешиновско и ги ожнеа првите класја ориз.

На површина од 1 хектар, сопственост на Мијалче Кузманов, пролетва биле засеани две различни турски сорти што во Кочанско беа донесени со проектот на Земјоделскиот институт од Скопје и турската агенција за соработка и развој  - ТИКА. Периодот за вегетација кај едната бил меѓу 115 и 120 дена, па со оглед на тоа што била посеана на 10 мај, стигнала навреме да се жнее.

Влажноста на зрното изнесувала 20%, што според препораките од турските експерти е идеална за жетва, за да се избегне кршење и растурање на арпата.

Повеќе...

Neasfaltirani-Ulici-718.09.2013  Поголем број писмени и усни барања до локалната власт во изминатите години поднеле жителите на неколку улици во населбата Бејрут со надеж дека конечно ќе добијат нормален пристап до своите домови.

Дел од сообраќајниците на кои живеат се пробиени и делумно се поставени рабници, а други чекаат комплетна изградба.

Без оглед што овде се изградени нови, современо уредени семејни куќи, за улиците што водат до нив постојано добивале ветувања дека ќе бидат завршени, а тоа не се исполнувало.

Затоа помош побараа и од Советот на Општината, преку членовите кои се дел од советничкото мнозинство.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток17°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/35°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 126 гости и нема членови


web counter



qr code