Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Ruen1211.07.2013  Доверителите на “Руен“ кои имаат 74,6% од побарувањата дојдоа на Собранието на доверители што го закажаа стечајниот судија и стечајниот управник.

На состанокот мнозинските доверители се договорија имотот на фабриката да се продава по трет пат.

По неуспешните два огласи, кога беше определена почетна цена за трите пакети што беа огласени со продажбата, овој пат на Собранието се прифати предлогот на стечајниот управник Драги Димовски да се прибираат понуди од заинтересирани купувачи, но да нема почетна цена, а да се определи минимален износ што тие треба да го уплатат.

Повеќе...

Spancevo111.07.2013  Кобни последици можела да има кавгата меѓу две семејства од Спанчево чии куќи се во исто соседство.

Иако нетрпеливоста траела со години никој не претпоставувал дека ќе заврши со физички напад во кој 28-годишниот Б.М. насилно влегол во куќата на 65-годишната С.И. и почнал да мава со камења. Притоа искршил поголем број прозорци и дел од инвентарот.

Со цел да го спречат во намерата да им го демолира домот, малолетниците внуци на С.И. со секира почнале да удираат по мопедот на напаѓачот при што сериозно го оштетиле. Со намера да не остане должен на соседите, Б.М. возвратил со иста мерка, односно му го уништил скутерот на 17-годишниот Г.И. За среќа, скараните страни биле разделени од блиските соседи, па настанот завршил без потешки последици.

Повеќе...

sud4411.07.2013  Наместо да продолжи судењето на поранешните први луѓе на кочанската полиција, Судскиот совет со кој заседаваше судијата Јаким Илиев донесе одлука да го одложи.

Судот оцени дека нема законски услови да се одржи претресот против поранешниот полициски командир Ванчо Тодоровски и неговиот заменик Санде Стојменов, заради што предложи да се бара нов термин за продолжението.

Една од причините за одлагањето е што еден од сведоците во обвинението, кој се јавува и во улога на оштетено лице, не се појави во судницата. Беше речено дека и покрај обидот на два пати да му се достави покана за да се јави во судот, сведокот не ја примил затоа што се наоѓа на работа во Италија.

Повеќе...

Parceli1411.07.2013  Вкупно 20 парцели нуди Општина Кочани со најновиот, единаесетти оглас  за продажба на државно неизградено  земјиште.

Од нив 10 парцели се за изградба на индивидуални куќи, а 12 за викенд куќи. Плацевите за индивидуално домување се со површина од 290 до близу 500 метри квадратни и се наоѓаат на улиците “Скоевска“, “Орце Николов“, “Крум Вранински“ и “Мишо Арсов“.

Нешто поголема површина имаат парцелите за викендички на Пониква, што се наоѓаат во склоп на викенд населбата во близина на поранешниот ски лифт број 2.

Повеќе...

fk osogovo11.07.2013  Тринаесет играчи се јавија на првата прозивка што ја свика тренерот на ФК “Осогово“ Крсте Крстев.

Дел  од повиканите не дојдоа со оправдудвање дека биле зафатени поради одржувањето на фудбалски турнири во регионот, но имало ветувања дека нема да изостанат на следните тренинзи.

Со прозивката и првиот тренинг практично стартуваат подготовките пред новото првенство, во кое се најавува максимален ангажман на сите капацитети со кои располага екипата. 

 

Повеќе...

turnir1211.07.2013  “Елемент“ против “Истра“ и  “Европа 92“ против “Еко оил“ се четирите екипи што се најдоа во полуфиналето на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Во салата на ОУ “Никола Карев“, се одигра третото коло што ја даде разврската на нaстаните во групата “Б“ каде што постоеше дилема кои ќе бидат двете екипи што ќе ги продолжат натпреварите.

И ако за групата “А“ веќе беше познато дека третото коло е само формалност и во полуфиналето одат “Елемент“ и “Еко оил“, во другата група “Европа 92“ изгуби од директниот конкурент “Истра“, но сепак и двете екипи го продолжуваат натпреварувањето на турнирот.

Повеќе...

ZemjodelskiAptekiKrazba410.07.2013  Хемиски препарати за заштита на оризот вредни 5.500 евра се украдени од земјоделските аптеки “Даниво“ и “Агро мат“ во Облешево.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет успеал да влезе низ прозорецот на едната и низ вратата на другата просторија. Објектите се наоѓаат во непосредна близина, еден наспроти друг, па не било тешко да се изнесе поголема количина од вредната стока.

Кражбата се случила по полноќ и никој не забележал дека во објектот влегол неканет гостин. Необично е што двете земјоделски аптеки се наоѓаат на многу прометно место, биле добро осветлени и заклучени, а во близина работела и една бурекчилница.

Повеќе...

sud210.07.2013  Петмина сведоци беа сослушани на осмото продолжение од главниот судски претрес против поранешните први луѓе на кочанската полициска станица. Сите се сегашни или пензионирани полициски службеници кои во обвинението против нивните поранешни претпоставени, Ванчо Тодоровски и Санде Стојменов, се споменуваат дека директно примале наредби како да постапуваат во случаите кога граѓаните поднесувале пријави за одредени настани.

Дел од сведоците ги негираа таквите наводи во обвиниението, а двајца рекоа дека се случувало Тодоровски да им се јави или да им укаже против одредени лица да не пишуваат соодветни пријави.

Повеќе...

dijaliza10.07.2013  Компанијата “Метрополитен“ ДООЕЛ – Скопје понудила најповолни услови за давање услуги на бубрежно болните  лица во реонот 1, во кој спаѓа и општина Кочани. Тоа значи дека во иднина наместо за здравствената дејност за дијализа да биде одговорна Општа болница, тоа ќе премине како обврска на скопската фирма.

Таков е епилогот по јавната набавка и наддавањето меѓу петте компании кои се пријавија на тендерот што го објави Министерството за здравство.

Со измените што ќе се направат се очекува да се подигне квалитетот на дијализната дејност во државата.

Повеќе...

PlivanjeKursevi1410.07.2013  Седумнаесет деца од социјално ранливите категории се посетители на школата за пливање што се одржува на градскиот базен.

Организатор на школата е  Општина Кочани, која ги покрива целокупните трошоци.

По продолжениот рок за пријавување на заинтересираните кандидати пристигнаа доволен број пријави за да може да се оформи групата за пливачи почетници.

Децата се на возраст од 8  до 12 години, а со подобрувањето на временските услови се очекува школата да се реализира без проблеми.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

4°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 52%
Ветер: North при 18 kmh
Вторник-6°C/4°C
Среда-6°C/4°C
Четврток-2°C/7°C
Петок-1°C/9°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code