Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

gradinka617.09.2013 Заврши анкетирањето на родителите чии деца одат во градинка. Одговараа на прашања дали се согласуваат нивното дете да има часови по „Корективна гимнастика“ .

Корективната гимнастика кај децата од предучилишна возраст се воведува за прв пат. Часови ќе имаат децата од средната и од големата група. Ги одржува стручно лице со завршен факултет по физичка култура кое им покажува на децата вежби што ќе им помогнат за правилно развивање и држење на телото, при искривување на рбетот, рамни стапала.

Корективна гимнастика е предвидено да имаат еден час во неделата и истата не припаѓа во цената што ја плаќаат родителите за престој во градинка , туку би требало да се доплаќа симболична цена од 80 денари месечно.

Повеќе...

turkovizija417.09.2013 Сања Лефкова настапи на фестивал во Памуккале, своевидна Турковизија, која се организира по урнек на Евросонг. Фестивалот се одржа од 11 до 15 месецов во Денизли, а учествуваа претставници од 27 земји.

Лефкова ја претставуваше Македонија исполнувајќи две песни на македонски ( „Пауза па плеј“ и „Лијат години“), а на главната вечер пееше балада на турски јазик.

Фестивалот беше од ревијален карактер, но сепак Лефкова од организаторите доби награда за најдобра интерпретација.

Исто така и од земјите учеснички доби пофалби и покани за настап и претставување на Македонија.

Повеќе...

Sah17.09.2013 Митко Цоневски, вработен во Полициската станица во Виница е прогласен за најдобар шахист на десеттите синдикалните полициски игри што од 13-15 месецов се одржаа во Охрид.

Како единствен претставник од Полициската станица во Виница кој се пласираше по регионалните квалификации во Делчево, Цоневски на државниот натпревар учествуваше со уште 13 шахисти од сите сектори на МВР.

Цоневски како поранешен член на шаховскиот клуб “Ангел Винички“ има солидни резултати зад себе во спорот кој му е долгогодишно хоби. Шахот има долга традиција во Виница, со особено забележителни резултати додека беше активен шаховскиот клуб “Ангел Винички“.

Повеќе...

prv-akademski-den-616.09.2013  Новите студенти на Економскиот факултет на штипскиот универзитет кои ќе студираат во Кочани го започнаа своето високошколско образование.

На петте насоки настава ќе следат вкупно 70 студенти, од кои 19 се вонредни. Тие ја претставуваат втората генерација студенти што ќе им се придружат на своите колеги кои своето високо образование овде го започнаа минатата година.

На свеченоста што се одржа во амфитеатарот во комплексот АСНОМ пред дел од присутните бруцоши зборуваше Ристе Темјановски, продекан на Економскиот факултет. Притоа тој посебно ги поздрави бруцошите на новата насока Менаџмент и претприемништво што започнува од оваа година, изразувајќи задоволство од интересот и успехот што досега го покажале студентите.

Повеќе...

ohridska16.09.2013 Пропусти во деталните урбанистички планови правени години наназад до денес им создаваат проблеми на возачите.

Улицата „Охридска“ во населбата Текишински лозја создава тесно грло на спојот со „Павлина Велјанова“, каде не можат да се разминат две возила. Само 30 метри понатаму се шири во неразбирлив паркинг простор што служи како приватно паркиралиште за неколку куќи, за после 20 метри да се прошири во улица со нормална широчина по која возилата кои доаѓаат од спротивна насока непречено поминуваат.

Од Секторот за урбанизам велат дека овде не се планирани никакви интервенции. Според нив се работи за кус потег, прегледноста била добра и немало потреба од какви било промени. Дали може да стане збор за добра прегледност најдобро знаат возачите, особено оние што се движат по улицата „Павлина Велјанова“ и свртуваат в лево.

Повеќе...

pantelej416.09.2013  Локалните самоуправи на Кочани и Пробиштип со заедничка иницијатива ќе го довршуваат започнатиот проект за асфалтно поврзување на двете општини преку селата Рајчани и Турско Рудари.

Без разлика што на коловозот се појавија оштетувањата во рок од само две години по асфалтирањето на првата делница, нашата општина даде поддршка да се бараат нови пари за завршување на остатокот од патниот правец. Финансиер на градежните работи како и до сега треба да биде Бирото за рамномерен регионален развој, при што за делот што се уште чека асфалт се потребни 16 милиони денари.

Според одговорните во локалната власт, ова е проект што има регионално значење заради што двете соседни општини се одлучиле да дадат сопствен придонес.

Повеќе...

osogovo16.09.2013 Одиграно 5-тото коло во Третата фудбалска лига- Исток. „Слога 1934“ од Виница славеше на гостувањето во Штип против „Астибо“ со 0:3.

Натпреварот „Рудар“-„Осогово“ во Пробиштип не се одигра поради интервенции на фудбалскиот стадион.

Останати резултати:

„Брегалница Голак“ – „Чешиново“ 1:0
„Беласица“ – „Баби“ 3:1
„Напредок Здравје“ – „Каменица Саса“ 2:1
„Јака“ – „Карбинци“ 5:0
„Тркања“ – „Работник“ 3:1

Повеќе...

ZFK-Kocani-Konzuli-116.09.2013 Рутински и покрај солидниот отпор што го пружија гостинските од Битола, ЖФК „Кочани“ ја забележа и третата победа во годинешното првенство, остварен пред домашната публика со резултат од 4:1.

„Кочани“ ја имаше доминацијата во сите 90 минути од натпреварот. Од многуте створени шанси пред голот на „Конзули“ успеа да капитализира четири, по две во двете полувремиња.

Резултатот го отвори најефикасната во шампионатот Афродита Салихи во 18 минута.

На два спрема нула зголеми Спировска во 40-тата, која реализираше и за 3:0 во 55-тата минута.

Повеќе...

Crven-Krst16.09.2013 И кочанскиот огранок на „Црвен крст“ во соработка со Полициската станица го одбележа Светскиот ден на првата помош, преку едукативна акција, симулација на вежба, на која се тестираше познавањето на правилата на првата помош од страна на учесниците во сообраќајот.

-Со стратешкиот план и програма и ние го одбележуваме Светскиот ден на првата помош -рече Митко Петров, претседател на ОО на „Црвен крст“ Кочани.

Во случајот се работи за сообраќајна несреќа со тројца повредени при судир на автомобил и мопед. Сообраќајната полиција има за задача да ги сопира учесниците во сообраќајот за да се тестира нивното знаење, додека активистите на „Црвен крст“ ги следат нивните постапки при укажување на првата помош и секогаш кога има потреба им дообјаснуваат -рече д-р Иван Коцев, претседател на Комисијата за прва помош при ОО на „Црвен крст“.

Повеќе...

Oriz-Preparati-513.09.2013  Дел од земјоделците кои одгледуваат ориз на своја рака користеле нелегално увезени хемиски препарати против плевелите. Според државниот земјоделски инспекторат хербицидите најчесто се набавувани од Турција, без декларација на македонски јазик и без контрола на хемискиот состав. На тој начин оризопроизводителите ни не знаеле со што прскале.

По направената контрола во текот на минатата и оваа недела, инспекторите утврдиле дека во околу 20% од случаите каде потфрлила заштитата против плевелите најголемо влијание имале неиспитаните незаконски увезените препарати.

Инспекторите и понатаму продолжуваат со контролите, а според заменик министерот за земјоделство за прекршителите на законските прописи ќе следуваат санкции.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

21°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 73%
Ветер: Variable при 4 kmh
Четврток17°C/26°C
Петок15°C/29°C
Сабота17°C/32°C
Недела18°C/35°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 130 гости и нема членови


web counter



qr code