Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Lukoil-Kocani-113.08.2013  Руската нафтена компанија “Лукоил“ ја проширува својата мрежа од бензински станици во источниот дел на Македонија.

Во заедничка инвестиција со кочанската фирма “Еко-оил“ на излезот од градот, во месноста Прокарка, ќе гради современ објект.

Стартот на изградбата беше означен со пригодна свеченост за поставување камен-темелник на која покрај инвеститорите, присуствуваа и претставници од Локалната самоуправа, од бизнис секторот и од МПЦ.

Заедничката инвестиција е резултат на долгогодишната соработка меѓу двете фирми во областа на трговијата со нафтени деривати.

Повеќе...

kasarna613.08.2013 Активноста беше спроведена во рамки на програмата Европски волонтерски сервис на невладината организација „Павел Шатев“. За Рамазан Бајрам на жителите на старата касарна им беше доделена хуманитарна помош во храна, облека и детски играчки.

За замислата што ја имале, волонтерите најпрвин ги известиле локалните власти.

-Стапивме во контакт со градоначалникот Ратко Димитровски, а потоа и со две невладини организации од Скопје - рече Семра Курт, волонтерка.

Волонтерите потоа го контактирале бизнис секторот во Кочани. Во пресрет им излегле неколку фирми.

Повеќе...

Penzioneri-Prevoz-313.08.2013  Пензионерите кои не живеат во Скопје сметаат дека се дискриминирани во однос на бенефициите во јавниот превоз што ги имаат нивните скопски колеги.

Иако со години членуваат во Здруженијата на пензионери и редовно ја плаќаат членарината, се жалат дека немаат можност бесплатно да се превезуваат во своите населени места. Освен тоа, немаат никакви бенефиции ниту за да стигнат до главниот град дури и кога имаат здравствени и други неодложни потреби.

- Кога ќе отидеш на доктор, на контрола, како што јас одам, или на прошетка за да го видиш Скопје, ги нема тие бенефиции  во Куманово. Сe што има е само во Скопје...

Повеќе...

dabo413.08.2013  Дабот кај Бели и понатаму го преживува своето искушение да опстане. Надежите на месното население и на црковниот одбор на манастирот “Свети Илија“ дека споменикот на природата ќе биде спасен не се изгубени.

Сепак, не го кријат разочарувањето што никој не се интересира во каква состојба е дрвото по случката од 4 јуни минатата година, кога гром удри во една од гранките и предизвика пожар.

- Треба да биде заштитен, и тоа максимално, оти тоа е старо дрво и стои како споменик на историјата на Македонија... Ништо нема, не е поткрепено, на е подновено ништо, се си е така. Само што наоколу се засадија нови дрвца, местото се одржува, а стариот даб не е поткепен, како што си беше така е, само тоа што беше заштитено кога оганот беше изгасен, рекоа жители на село Бели.

Повеќе...

Prskanje-Komarci13.08.2013 Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 до 22.00 часот. Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјата по течението на реките и водотеците, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Чешиново-Облешево, локалитети со застојани водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.

Надлежните апелираат до пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.

Во случај на појава на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.

Повеќе...

investicii212.08.2013  Влегување на нова странска инвестиција во Кочани од една американска компанија најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски.

Со тоа ја потврди информацијата што извесен период кружи во кочанската јавност дека странски инвеститор е подготвен кај нас да вложи во објект во кој ќе се произведуваат кабли и електронска опрема за патнички возила.

Во интервју за МТВ, министерот Ставревски рече дека преговорите се при крај и за неколку месци треба да се видат првите резултати од тоа.

- Во финална фаза сме на разговори и пред потпишување договор со неколку компании. Очекувам до крајот на годината најмалку 5-6 компании да потпишат договор за инвестирање во Македонија.

Повеќе...

sdsm312.08.2013 За две недели ќе биде познато името на новиот претседател на кочанската општинска организација на СДСМ. Годишните одмори и запазувањето на одредени статутарни процедури биле единствените причини за извесното пролонгирање на постапката што требаше да заврши до почетокот на август. По пристигнатите пријави од четворица кандидати престедателот на партијата, Зоран Заев се определил за двајца, од кои треба да го избере првиот човек на партискиот огранок во Кочани.

- Во Кочани отприлика е прилично јасна состојбата на излегување на површина со кандидатите и мислам дека ако во Штип очекувам дебата од два-три часа и заради големината на општинската организација и заради тоа што има повеќе кандидати, овде се двајца кандидати, каде што претпоставувам дека за час-два со заедничка дебата со нашите први активисти, ќе ги утврдиме кандидатите, рече Зоран Заев, претседател на СДСМ.

Повеќе...

Soobrakjajka-Sliv-212.08.2013  58-годишната В.М. од виничкото село Лаки е тешко повредена во сообраќајна незгода што  се случила половина час по полноќ во близина на мотелот “Слив“ кај Виница.

Во критичниот  момент жената се наоѓала во близина на коловозот на магистралниот пат и била удрена од непознато моторно возило. Возачот, откако забележал што се случило, без да застане и да и укаже помош на жената, побегнал во непознат правец.

Извесно време по несреќата жената во бессознание останала да лежи на земја, а дури подоцна, во мракот ја забележале лица кои наишле на местот на настанот.

Повеќе...

eksterno12.08.2013 Во Гимназијата 5, во „Ѓошо Викентиев“ 77 ученици кои од различни причини не полагаа екстерно тестирање во јуни, ќе полагаат на 16 ти и 19 ти август. Од „Љупчо Сантов“ 4 ца ќе полагаат заради тоа што на денот на полагањето биле надвор од државата и еден ученик заради што не бил ставен на списокот поради техничка грешка на системот.

Во СОУ „Ѓошо Викентиев“ 75 полагаат за прв пат од истата причина. Не биле опфатени во списокот во првото полагање, а двајца ученици не се јавиле на испит.

Од училиштата информираат дека од Министерството за образование и наука веќе ги доставиле распоредите по предмети по училиштата и дека секој ученик веќе знае кој предмет ќе го полага.

Повеќе...

Pantelej-Penzioneri12.08.2013  Повеќе од 2000 пензионери од 20 здруженија во Македонија дојдоа на традиционалната средба во манастирот “Св. Пантелејмон“.

Кочанските пензионери кои беа нивни домаќини и организатори на средбата и годинава се потрудија добро да ги пречекаат и да ги угостат своите гости. Со организиран настап на музички групи и подготвен манастирски ручек за сите пријавени пензионери, викендот помина во незљаборавна дружба и веселба.

- Супер е смислено, ние на повеќе места одиме вака, пред 20 дена бевме во Радовиш, исто вака во манастир, и овде е многу убаво. Интересно е, повеќе здруженија доаѓаат, па да не претерам, ама сигурно 50 автобуси има со пензионери од разни градови...

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

29°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 27%
Ветер: Variable при 2 kmh
Вторник13°C/29°C
Среда13°C/29°C
Четврток13°C/28°C
Петок13°C/28°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code