X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Den-na-Ucitelot04.10.2013 Учениците да имаат современо едуциран учител, прилагоден на современите услови на настава кој е креативен во работата е целта на одбележување на денот на учителот 5 октомври. По повод „Денот на учителот“ ОУ „Св. Кирил и Методиј“ распиша ликовен и литературен конкурс на тема „Мојот учител“. Право на учество имаа сите ученици од училиштето. Наградите на најуспешните творци им беа доделени на свечената активност во училиштето по повод одбележување на денот.

-Нашето училиште му дава поголемо значење на Светскиот ден на учителот затоа што ние сме образовна институција во која што носител е токму учителот. По тој повод нашето училиште објави ликовен и литературен конкурс на кој учениците твореа, пишуваа песни, сликаа цртежи на тема „Мојот учител“. Од мое име на сите наставници им го честитам денот и им посакувам плодна и успешна работа со учениците , рече Весна Зашева, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Повеќе...

osogovo207.10.2013 По трите порази „Осогово“ конечно ја прекина лошата низа. Во рамки на осмото коло на „Никола Мантов “ ја совлада „Брегалница Голак“ со 2:0. Двата погодока беа постигнати во второто полувреме, Симовски во 70 и Ѓоргиев во 89 минута, a „Слога 1934“ го претрпе првиот пораз сезонава.

Резултати:

Баби                           Слога 1934 (В)        2 - 0   

Чешиново                   Каменица Саса         7 - 2  

Работник Џумајлија     Напредок З. Радово  1 - 0

Повеќе...

Eko-Proekt04.10.2013 Акцијата „Македонија без отпад“ е на иницијатива на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија „ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Целта на акцијата е да се исчисти отпадот фрлен на несоодветните места и да се подигне свеста кај граѓаните за правилно управување со него.

-Во нашето училиште членовите на еко одборот и еко секциите се организираа во две акции. Дел од учениците отидоа во СОУ „Љупчо Сантов“ каде работеа на расчистување на стари предмети , а останатите ученици присуствуваа на предавање на тема „Отпад“ рече Љубица Теодосиева, координатор на проектот.

Повеќе...

ZFK-Kocani-304.10.2013 По пауза заради настапите на репрезентацијата во квалификациите, викендов продолжуваат натпреварите во Женската фудбалска лига.

Во четвртото коло од „Иднина С“ во Оризари го пречекува минатогодишниот шампион „Билјанини извори“. Натпреварот се игра в сабота со почеток во 13.30 ч.

„Кочани“, пак, гостува во Куманово против екипата на „Речица“.

Останатите двојки ги сочинуваат „Борец“ – „Победа“ (Прилеп), „Конзули“ – „Победа“ (Куманово), „Единство“ – „Топ Гол“ и „Ас Јунајтед“ – „Тиверија Истатов“.

Повеќе...

Konzul-Sirija03.10.2013 Мезен Хамур, конзулот на Арапската Република Сирија во Македонија дојде во прва посета на Кочани.

На средбата градоначалникот Димитровски го запозна со потенцијалите со кој располага градот и со можностите за соработка на Кочани со стопанственици од Сирија кои се заинтересирани за инвестирање во градот.

-Разговаравме за тоа дека има интерес од страна на сириските стопанственици да дојдат во Македонија и во Кочани, да инвестираат во делот на текстилот и храната и да се запознаат со нашите стопанственици и со можностите за инвестирање во општината, и во директни разговори и контакти да ги искористат бенефитите што ги дава Владата на Македонија, истакна Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Повеќе...

forumi03.10.2013 Уредувањето на речното корито на „Брегалница“ е проектот за кој граѓаните на Чешиново - Облешево дадоа најголема поддршка. Со тоа заврши втората и конечна сесија на Форумот на заедниците во оваа општина.

Изгласаниот проект опфаќа чистење на речното корито, поставување на каскади за земјоделските површини да се заштитат од поплави и ерозија на земјиште и подобрување на процесот на наводнување. Во најтесниот круг влегоа уште два проекта.

-Другиот концепт се однесуваше на доизградба на канализационен систем во село Облешево, а третиот на подобрувањето на водоснабдувањето во Спанчево. Се нив останува Општината   да аплицира за средства од други фондови - рече Светлана Здравковска, модератор на проектот.

Повеќе...

pesacki-premini103.10.2013  Барање за обележување нови пешачки премини во централното градско подрачје упатија граѓаните до локалната власт.

Нивна оценка е дека на одредени локации улиците не можат да се преминат само затоа што не е обезбедено соодветно сообраќајно решение.

Таков е случајот со улицата “Кеј на Револуцијата“ што е една од најфреквентните, а по целата нејзина должина преминувањето е дозволено само на четири места. Најкритично е во близина на градскиот парк заради што граѓаните се обратиле и до советниците, кои нивното барање го изложија на последната сединца на Советот.

Повеќе...

povekenamenski-igralista103.10.2013  Мултинаменското спортско игралиште во дворот на детската градинка во Текешински лозја го оформува конечниот  лик. Деновиве на теренот што 2,5 години стоше раскопан е поставен асфалтен слој и довршено е поставувањето на патеките со бехатон плочки, како и бетонските одводи за атмосферската вода.

По вградувањето на електричната инсталација за осветлувањето, останува да се постават металните столбови и оградата околу теренот.

Кога започна неговата изградба се најавуваше како прво од 100-те повеќенаменски маалски игралишта за мали спортови, што како проект го спроведува Агенцијата за спорт и млади. За неговата изградба беа предвидени околу 5 милиони денари, со кои во проектот беше планирано да се изградат и мини трибини.

Повеќе...

Nikola-Karev-Vlez03.10.2013 Проектот за отворање на втор влез во училиштето „Никола Карев“ конечно ќе се реализира. Истиот е плод на партнерството помеѓу училиштето, УСАИД, локалната самоуправа и Министерството за образование и наука. Со тоа ќе биде решен проблемот кој со години се провлекува во ова училиште и е од капитално значење.

-Наредната недела ќе потпишеме меморандум за соработка помеѓу училиштето, УСАИД , локалната самоуправа и Министерството за образование и наука. Очекуваме градежните работи да започнат во ноември и за еден месец вториот влез да биде завршен. Покрај влезот се вклучени и реконструкција на фасадата и кровот со што ќе ја заокружиме инфраструктурната врска на училиштето. Придобивките најмногу ќе ги искористат учениците, вработените како и родителите, истакна Владо Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Повеќе...

deponija403.10.2013  Со акција за расчистување на околината на Фабриката за вода, oпштина Кочани ќе им се придружи на уште 50-тина поголеми општини во Македонија кои ќе ја реализираат кампањата  „Македонија без отпад 2013“.

Оваа локација е една од најзагадените во околината на градот и наместо дозволеното исфрлање на земја и градежен шут, граѓаните често ја користат како дива депонија за друг комунален отпад. Еко-акцијата се реализира во соработка Асоцијацијата за чиста животна средина “Ајде Македонија“.

Според известувањето од организаторот целта на кампањата е да се поттикне граѓанскиот активизам и да се развијат свеста и навиките кај сите граѓани за правилно управување со отпадот. Главниот акцент е ставен на собирање и правилно одложување на отпадот на одредени локации.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 80%
Ветер: NE при 9 kmh
Четврток-4°C/4°C
Петок-3°C/4°C
Сабота-1°C/6°C
Недела0°C/8°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 70 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click