Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

vakcini01.10.2013 Центарот за јавно здравје- Кочани ги набави потребните дози вакцини против сезонски грип. Вкупно 2.200, бројка што треба да ги задоволи потребите за општините Кочани, Виница, Берово Делчево, Каменица и Пехчево.

- И годинава, вакцината против сезонскиот грип ќе чини 400 денари, а вакцинирањето ќе започне во втората половина на октомври откако ќе се добијат насоките од Комисијата за заразни болести - информираше директорката Благица Ѓурковиќ.

Вакцината против грип е незадолжителна и се прима на доброволна база. Препорачливо е да се вакцинираат сите луѓе кај кои не постојат контраиндикации на вакцинацијата.

Повеќе...

folklor30.09.2013 Освен во градот деновиве весело беше и по селата. Во истовреме фолклорни концерти имаше во сите месни и урбани заедници. Во село Тркање настапија фолклористите од Црна Гора заедно со нивните домаќини староградскиот ансамбл „Бели Мугри“ . Во Оризари концерт имаа фолклористите од Србија и етно групата од Турција заедно со нивните домаќини фолклористите од ансамблот „Љупчо Сантов“ . Во Зрновци пак настапија струмичани од ФА „Тримери“ , гостите од Унгарија и нивните домаќини ФА „Кочани“.

-Повеќето од нашите играорци се на возраст помеѓу 8 и 14 години, а најмладиот член има само 6 години. Ние често настапуваме во нашиот град Сигенсентмиклош , но излегуваме и надвор од државата. Многу работевме и имавме чести проби за настапот во Македонија и се надеваме дека уживавте во нашата изведба, рече Ева Идвег, раководител на ансамблот од Унгарија.

Повеќе...

tika-oriz-oprema601.10.2013  Соработката на македонските оризопроизводители и турските земјоделски експерти нема да остане само на експерименталното засејување нови сорти ориз.

Како резултат од веќе потпишаниот договор меѓу македонското Министерство за земјоделство и турската агенција за соработка ТИКА, за потребите на лабораторитие на Земјоделскиот институт во Кочани веќе е дониран дел од потребната опрема.

При неодамнешниот престој кај нас, директорот на агенцијата Махмут Чевик најави дека треба да пристигнат и други технички средства за испитување и подигање на квалитетот на производството.

Повеќе...

Osogovo-Babi-430.09.2013 Најголемото изненадување во седмото коло во Третата лига Исток го приреди „Тркања“, која во Балдовци го совлада „Осогово“ со 3:2, полувреме 1:0. „Слога 1934“ забележа нова победа во Каменица против „Саса“ со минимални 0:1.

Останати резултати од колото:

„Напредок Здравје Радово“ – Чешиново 5:1
„Рудар – Баби“ 1:3
„Брегалница Голак“ – „Карбинци“ 3:0
„Плачковица“ – „Беласица“ 0:1
и „Астибо“ – „Работник“ 1:2

Повеќе...

fazani01.10.2013  Со 200 нови повозрасни фазани се збогатени терените на ловиштето број 6 кое ги опфаќа атарите на рамничарските  села во концесионото подрачје што го користи Ловното здружение “Осогово“.

Збогатувањето на ловниот фонд е во согласност со водостопанската основа, според која Здружението има законска обврска секоја година да пушта одреден број фазани заради одржување на природниот баланс и обезбедувањето доволен број прелетен дивеч пред почетокот на ловната сезона.

Пуштањето на фазаните започна во близина на селата Долни Подлог и Облешево, а ќе бидат опфатени и атарите на другите села од регионот.  

Повеќе...

oriz128.09.2013  Неколку специјалитети од ориз вкусија домаќините и гостите на дегустацијата во Кочани што ја организираше турската агенција за соработка и развој ТИКА.

Петнаесетте нови сорти се донесени од Тракискиот институт за ориз од Едрене, а во кочанскиот регион беа експериментално засеани на површините на Земјоделскиот институт и уште на дваесетина парцели на индивидуалните земјоделци. Оние сорти што ќе се покажат како најдобри ќе продолжат да се одгледуваат на оризовите полиња во Македонија.

- Од сортата или сортите што ќе се одберат со дозвола од македонското Министерство за земјоделство ние планираме догодина да донираме 26 тони семенски материјал. Тој ќе се подели овде во Кочани, а воедно ќе донесеме и 4 тони од други сорти што ќе ги испитуваат експертите од Република Македонија, рече Махмут Чевик, директор на турската агенција ТИКА.

Повеќе...

akcija1001.10.2013 Дури и при мали сообраќајни незгоди, без врзан безбедносен појас, ризикот за добивање тешки телесни повреди е висок. Полицијата апелираше на почитување на законот кој вели дека возачот на моторно возило во кое се вградени сигурносни појаси и лицето што се превезува со тоа возило, се должни да бидат врзани со појасите за време додека возилото се движи во сообраќајот на пат.

На лицата што ќе постапат спротивно со оваа одредба им се одредува глоба од 20 евра во денарска противвредност или 10 негативни поени.

Кочанската полиција деновиве нема да казнува само ќе спроведува превентивна акција за користење на сигурносните појаси и за одвикнување на возачите да разговараат на телефон додека возат.

Повеќе...

kocani1227.09.2013  Дури 94 отсто од испитаниците во Кочани се изјасниле дека во нивната општина не постои пракса на запознавање на граѓаните со подготвениот предлог буџет пред истиот да биде усвоен, односно истиот се усвојува без одобрение на граѓаните.

Исто така, висок процент од 72 отсто граѓани тврдат дека Локалната самоуправа не ги запознава со содржината на донесениот буџет.

Такви се дел од резултатите од истражувањето за вклученоста на населението во процесот на донесување на одлуки и за буџетски процес на локално ниво, што ЕСЕ - Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените во РМ го спроведе во нашата и во општината Тетово.

Повеќе...

Pozar27.09.2013  Кочанските пожарникари синоќа немаа мирна вечер. Мораа да интервенираат на две различни локации скоро во исто време.

Најпрвин, околу 19 часот добиле повик за запален оган на отворен простор во близина на Грдовци, при што била зафатена депонија со цврст отпад.

Со оглед дека огнот се заканувал да се излезе од контрола и да зафати парцели со земјоделски култури, противпожарната единица морала да интервенира со едно против пожарно возило и двајца пожарникари.

За кратко време огнот бил локализиран и спречена е опасноста од негово проширување.

Повеќе...

ric27.09.2013  Министерството за образование и наука со финансиска поддршка од Ромскиот образовен фонд од Будимпешта ќе додели 716 стипендии за ученици Роми кои посетуваат настава во средно училиште.

Од Кочани среднисти Роми што се редовни во наставата во двете средни училишта има околу 30. Од нив документи за добивање стипендии поднеле 11, но само двајца ги исполнуваат условите од кои меѓу другото се бара да имаат постигнат општ успех најмалку 3.00 во претходната година. Останатите се со просек под потребниот.

-Има голема заинтересираност за добивање стипендии, но за жал поголем дел не ги исполнуваат условите, а тоа е дека немаат просек 3.00.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

9°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 9 kmh
Среда4°C/13°C
Четврток2°C/12°C
Петок1°C/12°C
Сабота2°C/12°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 83 гости и нема членови


web counter



qr code