Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

voda13.09.2013 Во првото полугодие од годинава „Водовод“ бележи наплата од точно 69,85 проценти.

Подисциплинирани во плаќањето на долговите кон комуналното претпријатие биле граѓаните.

Попрецизно, „Водовод“ од домаќинствата наплатил 73,87% за потрошена вода, од фирмите 65,87 и од дуќаните 55,42 проценти.

Директорот Папазов информира дека од почетокот на второто полугодие од годинава процентот на наплата оди во нагорна линија, поради што очекува заклучно со последниот квартал да се достигне минатогодишното ниво од околу 78 проценти.

Повеќе...

istibana16.09.2013 Во отсуство на градоначалникот на Виница Емил Дончев фестивалот го отвори претседавачот на Советот Благица Андонова. Пред присутните зборуваше и организаторот на фестивалот , уметничкиот раководител на ФА„Китка“ Стојко Митковски.

-Секоја година на фестивалот има многу публика. Тоа ме радува, затоа што кога завршува еден фестивал публиката веднаш прашува кога ќе се организира следниот. Тоа е една традиција која нема да згасне, рече Стојко Митковски, организатор на фестивалот.

Иако беа најавени за учество групите од Нигерија, Ерменија, Литванија и Молдавија не присуствуваа на фестивалот, а како што истакна Митковски причината била проблем со визите.

Повеќе...

bagrem13.09.2013  Голите ридови околу Кочани нудат одлична можност да се пошумат со дрвја со медоносни цветови кои ќе придонесат за развој на пчеларството во општината.

Ова посебно се однесува на садници со багрем, за кој има голем интерес со оглед на квалитетниот мед што се добива од неговиот цвет.

Оценка е дека околината на градот нуди можност за багремова шума, затоа што во минатото ја имало, но била исечена. Сега повторно би можела да се засади саради што со ново барање иницирале пчеларите од општината и преку членови на Советот бараат конкретна акција на терен.

Повеќе...

planinari116.09.2013  Во саботата се реализираше традиционалната меѓународна планинарска средба на врвот Руен. Вообичаено, средината  на септември е периодот на заедничкото дружење на планинарите од Македонија и Бугарија.

Средбата ја организираат планинарските друштва од “Осогово“ од Ќустендил и “Руен“ од Крива Паланка. Иако оваа година изостана присуството на планинари од Србија, тоа не го намали значењето на овој настан.

Во многу тешки временски услови со силен ветер што непречено дуваше во текот на целиот ден, на врвот се искачија околу 300 планинари од двете страни. Нашиот град беше достојно претставен со 18 членови на ПСД “Осогово“ и уште толку љубители на природата кои рекреативно се бават со планинарење.

Повеќе...

pceli13.09.2013 Ретко кој пчелар би купил пчеларска опрема од Македонија. Многу е поскапа за разлика од градовите надвор од државата.

Се што им е потребно за пчеларење , кочанските пчелари си набавуваат од Белград затоа што таму ја добиваат за 60 % поевтино .

-Во Белград традиционално одиме секоја година и од таму си купуваме се што ни е потребно за пчеларење, бидејќи целата опрема за пчеларење е поевтина дури за 60%. Изложбата е една од најголемите изложби на Балканот и на неа се нуди се што е потребно за пчеларството. Ќе ја искористиме можноста и да прошетаме низ Белград, рече Ванчо Ќировски, секретар на ПЗ „Златна Кошница“ од Кочани.

Повеќе...

ipr213.09.2013  Најмалку половина од поднесените приоритетни проекти во источниот плански регион треба да добијат поддршка од државната програма за регионален развој. Со таква оптимистичка оценка излегува Центарот за развој на регионот, базирана на ветувањата од Министерството за локална самоуправа.

Парите што ќе се добијат треба да овозможат довршување на дел од проектите што се започнати, а дел да овозможат реализација на проекти во општините кои до сега немале финансиска поддршка од регионалните развојни фондови на државата.

Листата со проектите беше утврдена пред околу два месеци и веќе е поднесена до Бирото за рамномерен регионален развој.

Повеќе...

morodvis313.09.2013 Со уредување на речното корито на реката што поминува низ Мородвис селото ќе добие сосема нов лик. Деновиве е распишан повикот за финансирање на мали инфраструктури проекти за управување со речниот слив на реката Брегалница финансиран од Државниот секретаријат за економски прашања.

Општина Зрновци аплицира за изградба на речното корито на реката што поминува низ Мородвис. Грандот тежи 40 илјади евра средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Предвидено е кофинансирање и од Општината со околу 10 000 евра.

Вкупните средства ќе бидат доволни за да се уреди добар дел од речното корито на реката.

Повеќе...

isz13.09.2013 Според програмата отворањето на фестивалот е закажано за в сабота со фолклорно дефиле низ Истибања и македонска национална вечер.

Гостите од Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција и Бугарија, ќе имаат можност да го посетат Музејот „Теракота“, културно – историските знаменитости на главниот град, Виничкото кале, Беровското езеро и Малешевските планини. Дефилето во Македонска Каменица е закажано за в недела на 15 септември каде е планирано да има и концертен настап.

Во вторник на 17 септември фолклористите ќе имаат настап и концерт во Берово, а за последниот ден од фестивалот е планирано да имаат состанок со лидерите и кореографите за и околу фестивалот.

Повеќе...

zfk213.09.2013 Двете кочански женски фудбалски екипи кои по две одиграни кола се на првите две позиции неделава се среќаваат со двата битолски претставника во лигата.

ЖФК „Кочани“ ја пречекува екипата на „Конзули“ во натпревар што се игра в сабота точно напладне. По победата над „Тиверија Истатов“ минатото коло во најважниот натпревар сезонава, повеќе од реално е да се очекува дека најголемиот фаворит ќе го продолжи победничкиот од и ќе прокнижи нови три бода пред домашната публика.

Нешто потешка задача колово ќе има „Иднина С“ која гостува во Битола против „Топ гол“, иако важи за фаворит на тој натпревар. Самоуверени пред натпреварот се и фудбалерките на клубот од Оризари, кои исто така имаат капитал од 6 бода по првите две победи над „Ас Јунајтед“ и „Единство“.

Повеќе...

Ruen-Stecaj-112.09.2013  Пропадна и четвртиот обид “Руен Интернешнал Технолоџис“ да се продаде. Фабриката и понатаму останува во стечај и без нов сопственик.

Никој не покажал интерес да го купи имотот на фирмата што со оглас беше понуден на продажба во три пакети. До средината на оваа недела, до кога требаше да се приберат писмените понуди од евентуалните купувачи, кај новоназначениот стечаен управник Велин Митевски не пристигнала ниту една понуда.

Поради тоа, Одборот на доверители на “Руен“ решил имотот на фабриката да се продава по петти пат, при што нема да има промени во условите за проджба.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SE при 4 kmh
Понеделник17°C/31°C
Вторник17°C/31°C
Среда16°C/32°C
Четврток17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 91 гости и нема членови


web counter



qr code