Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

socijalen326.09.2013 Прокиснат кров, куќа која ќе се распадне во секој момент. Секојдневно со страв живее 55 годишната Горјана Симендиќ од Зрновци заедно со нејзиниот 15 годишен син Давид кој веќе три години не посетува настава. Поради условите и сиромаштијата честопати станува агресивен и ја напаѓа сопствената мајка. На училиште не оди затоа што нема свидетелства за завршено училиште во родната Германија. Горјана повеќе од 30 години живее и работи во Германија, каде била мажена со сега разведениот сопруг и го добиле Давид. Но, откако се развеле започнал нејзиниот тежок живот.

-Најголем проблем е тоа што син ми веќе три години не посетува училиште. Станува агресивен заради тоа. Тој мора да се дружи со другарчињата и мора да посетува настава. Немаме никаква поддршка , немам фамилија и нема кој да ми помогне. Детето не оди на училиште затоа што немаме документи за завршено образование во Германија, рече Горјана Симендиќ.

Повеќе...

sednica26.09.2013 Најжестока расправа советниците имаа за третата точка од дневниот ред која се однесуваше на предлог - одлуката за давање согласност за формирање чисти паралелки со помал број ученици во ОУ „Синиша Стоилов“ согласно законот за основно образование. Со 7 гласа „за“ и 2 „против“ беше усвоена и оваа точка.

-Имаше различни дискусии и на крајот беа усвоени сите точки. Во ОУ „Синиша Стоилов“ и понатаму останува да постои само една комбинирана паралелка која е во село Мородвис. Таа комбинирана паралелка постои и заради политиката на самото училиште да не останат вработените без работа. Само кажавме дека на тоа одделение ќе му се посвети поголемо внимание за да не се почувствуваат децата запоставени, рече Благој Николов, претседател на Советот на Општина Зрновци.

Повеќе...

aulos1026.09.2013 Квартетот „Аулос“ кој постои од 2007 година одржа концерт пред кочанската публика. Го сочинуваат Ангелина Катмерова и Марија Јакимовска магистри по флејта, Александра Тевдоска , дипломиран флејтист на Факултетот за музичка уметност и Билјана Камчева четврта година на ФМУ во Скопје, сите во класата на реномираниот професор по флејта Страшо Темков.

Пред кочанската јавност се претставија со дела од Моцарт, Мишел, Лансен Димушевски и Имери.

-Концертот помина прекрасно, ние сме презадоволни и се надеваме дека и понатаму ќе имаме вакви успешни концерти. Од публиката добивме и силен аплауз, рече Ангелина Катмерова, магистер по флејта.

Повеќе...

Multikulturen-Poeti-226.09.2013 Во Мултикултурниот центар се одржа поетско-музичката средба под наслов „Поезија за оризот, музика за душа“. Пред публиката беа презентирани најуспешните творби од литературниот конкурс распишан во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Локалната самоуправа ги награди творбите на Симона Ангелова, Милена Јанева, Надица Манасиева, Нина Димитрова и Александра Стоилкова.

-Пристигнаа 42 литературни творби, жири-комисијата ги разгледа и одлучи да награди по една од сите училишта, а седум литературни творби да бидат пофалени. Имаше навистина квалитетни творби, а целта беше учениците да се поттикнат да размислуваат за оризот како бренд на Кочани- рече Аника Илиевска Ѓоргиева, претседател на комисијата за оценување.

Повеќе...

Soblekuvalni-Nikola-Mantov-26.09.2013 Со исполнувањето на меѓународни стандарди стадионот „Никола Мантов“ ќе може да аплицира за организирање на важни фудбалски натпревари. Просторот под трибините досега беше во лоша состојба, со оштетен инвентар и дотраени реквизити.

Санациони активности на стадионот не се преземени уште од раните деведесетти години, кога беше изградена северната трибина.

-Се прави финансиската конструкција колку би чинело реновирањето на соблекувалните и другите простории. Се надеваме дека тоа ќе го сториме до крајот на тековната година и дека комисијата за лиценцирање на меѓународни фудбалски натпревари на ФФМ ќе ни ја додели лиценцата-рече Владо Андов, координатор на женските фудбалски репрезентации.

Повеќе...

trsino1124.09.2013 Жителите на село Трсино мака мачат со фекалната канализација која за време на дожд се излева и се шири неподнослива смрдеа, а често има и поплавени дворови и подруми. Во моментов се работи на поправање на тој проблем кој со години наназад се провлекува во ова село.

-Имаме проблем со фекалната канализација. За тој проблем имаме изготвено проект за кој се одобрени средства од инвестициона банка и очекуваме дека во најскоро време Министерството за транспорт и врски ќе распише тендер за изведување на постапката , истакна  Ацо Јованов , претседател на МЗ во село Трсино.

Друг проблем на жителите на село Трсино е квалитетот на водата за пиење.

Повеќе...

Sednica25.09.2013  Состојбите во оризопроизводството беа точка на остра расправа на осмата седница на Советот на Општина Кочани. Како причини за лошите приноси што се очекуваат годинава советниците наведоа повеќе фактори, меѓу кои главни се задоцнетата сеидба поради ненавременото пуштање на водата за наводнување и користењето на непроверени хемиски препарати против плевелите. Беше речено дека воопшто не може да стане збор за лоши климатски услови во текот на минатата и оваа година, ниту пак дека премногу надеж не треба да се дава на новите сорти турски ориз.

- Сега, за да се сокрие ланската вистина се форсираат турски семиња. Бидете убедени дека турските семиња не се иднината на Кочанското поле. Ние имаме еден совршен бренд наречен кочански ориз со кој се гордееме и кој е баран, рече Влатко Трајанов, член на Советот на Општина Кочани.

Повеќе...

aulos424.09.2013  Квартетот “Аулос“ постои 6 години и досега главно настапувал во Скопје. Сепак, по покани од други  градови веќе имале гостувања и надвор од главниот град.

Свои  концерти имаат одржано во рамки на манифестацијата “Град на културата“, но во Кочани ќе гостуваат за прв пат.

Членовите на квартетот се ексклузивци на Музичка младина на Македонија и кога таа има соработка со соседните земји, тие се првите кои настапауваат таму.

Еден од членовите на квартетот е и Ангелина Катмерова, професор по флејта од Кочани.

Повеќе...

Vrabotuvanje-Opstina25.09.2013  Осум слободни работни места во општинската администрација ќе пополни Локалната самоуправа на Кочани со огласот што го објави во медиумите.

Шест позиции се однесуваат на ангажирање помлади соработници за кои не е потребно работно искуство, а две позиции се за советници за кои се бара минимум тригодишно искуство во струката. Работните задачи на кои ќе бидат ангажирани лицата се од различен карактер, односно бидат прераспределени во повеќе сектори во админстрацијата.

Објавувањето на огласот го сврте вниманието на дел од советниците на осмата седница, кои побараа објаснување зошто се ангажираат лица кога се бара ребаланс, односно намалување на средствата во Буџетот на Општината за оваа година.

Повеќе...

Futbal-Petlinja24.09.2013 Одиграно е првото коло во детската фудбалска лига. Во генерацијата 1999-2000 „Кочани“ забележа победа дома, додека „Осогово“ загуби на гости.

„Кочани“ на „Никола Мантов“ беше подобар од „Рудар“ со 3:1, додека „Напредок“ го совлада „Осогово“ со 6:2.

„Каменица Саса“ ја декласираше „ Зрновка“ со 9:0, а „Делчево“ беше подобар од „Слога“ со 3:0.

Во генерација 2001-2002 обратна ситуација. „Кочани“ загуби од „Рудар“ со 3:4, а „Осогово“ го совлада „Напредок “на гости со 2:4.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-8°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code