Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

daf403.06.2013 Ниту една претстава од понудените на овогодишниот ДАФ не се издвои и не ги исполни условите да го понесе   признанието „Гран При“. Жири комисијата составена од професионални актери и театарски продуценти одлучи годинава да нема победник.

На 49-то издание на ДАФ учествуваа 15 претстави од целата република и од соседството. Можеше да се погледнат детски , младински и пензионерски претстави од сите жанрови и форми на театарската уметност спакувани во 6 фестивалски вечери. Жири комисијата во состав Кристина Атанасова Арсова и Изабела Новотини, актери и театарскиот продуцент Русе Арсов, годинава одлучија наградата Гран При да не ја доделат на ниту една претстава.

-Годинава одлучивме да не ја доделиме „Гран При“ наградата затоа што ниедна претстава од годинешните понудени не ги исполнуваше критериумите за „Гран При“.

Повеќе...

Eko-Pak-Modna-Revija-203.06.2013 370 ученици учествуваа во модната ревија од модели изработени од отпадни материјали што се одржа во спортската сала во ОУ „Никола Карев“ . Ревијата беше со натпреварувачки карактер , а учествуваа ученици од основните и средните училишта и градинките од општините со кои „Еко Пак Хит“ има склучено договори за управување со отпад од пакување, Кочани, Македонска Каменица, Виница, Зрновци и Пробиштип.

Во категоријата „Градинки“ првото место отиде кај ДГ „Гоце Делчев“ од Пробиштип. Втора беше ДГ „Гоце Делчев “ од Виница, а трета кочанската градинка „Павлина Велјанова“. Од основните училишта најкреативни според жири комисијата беа домаќините ОУ „Никола Карев“. Втори учениците од ОУ „Славчо Стојменски“ од Виница и трети ОУ „Синиша Стоилов“ од Зрновци и ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица.

Повеќе...

osogovo03.06.2013 Двата кочански претставника во женската фудбалска лига со победи ја завршија сезоната. Викендов се одигра последното 18 коло.

„Иднина С“ очекувано дојде до гостинска победа од 2.0 против аутсајдерот „Речица“, со што стави точка на успешната сезона додека ЖФК „Кочани“ кој играше променливо, претежно бележејќи слаби резултати ја почести малубројната публика на „Никола Мантов“ против Топ Гол со ревија голови, доаѓајќи до победа од 5:3.

Нов владетел во македонскиот женски фудбал е екипата на „Билјанини извори“ од Охрид.

Со ремито од 3:3 во Берово против „Малеш“ и „Осогово“ го заврши настапот во Третата фудбалска лига. Иако беше есенски шампион , а сезоната ја стартуваше со амбиција повторно да е врати во второлигашкото друштво, во пролетниот дел нештата добија непосакуван тек.

Повеќе...

tablici31.05.2013 Само 1/4 од возилата во општината се возат на кочански регистарски таблички - информираат од Здружението на возачи. Тоа се околу 2800 возила од регистрираните вкупно 10.500 возила. Малиот процент веројатно се должи на фактот што нивната замена не е задолжителна, а чини нешто помалку од 2000 денари, за нови таблички и сообраќајна дозвола, што за многумина претставува непотребно изложување на дополнителен трошок. Во Кочани нема интерес за т.н. фраерски таблички.

Минатата година свои регистарски таблички освен Кочани добија и Гевгелија, Кавадарци, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Струга, а од поголемите места без сопствени таблички останаа Ресен, Дебар, Делчево, Кратово, Свети Николе.

Повеќе...

pusenje31.05.2013 Пушењето е водечка причина за смртност во Кочани и Истокот, велат од Здружението на приватни лекари од регионот, земајќи ја предвид стапката на заболувања што се јавуваат како последица од цигарите.

-Источниот регион е со повисока смртност од македонскиот просек. Тоа е поради растечките заболувањата на кардиоваскуларниот систем, како и карциномот на белите дробови за кои голема улога игра пушењето. Сметам дека е една од целите во иднина во регионот треба да биде борбата против против пушењето - смета Златко Стојменов, претседател на Здружението на приватни лекари на Источниот регион.

Освен ракот на белите дробови, кардиоваскуларните заболувања, индиректно и карциномот на желудникот и дебелото црево и хроничниот бронхитис, ризикот на кој се изложени активните, д-р Стојменов предупредува и на опасноста за пасивните пушачи.

Повеќе...

morodvis1

31.05.2013  Локалитетот Црквиште во Мородвис повторно се враќа на археолошката мапа во државата. Интересот за негово истражување, поттикнат од локалната самоуправа на Зрновци, годинава треба да ги даде и почетните резултати. Иако не станува збор за класично ископување на археолошки артефакти, изготвениот проект треба да ја раздивижи умртвената состојба во која подолго време се наоѓа локалитетот.

Од Заводот за заштита на спомениците и Музејот на Штип доаѓа потврда дека се преземени почетни чекори за обезбедување на потребните финансиски средства за отпочнување на истражувачките активности.

Повеќе...

ruen230.05.2013 Неколку месеци по завршувањето на стечајната постапка и одлуката на Собранието на доверители за продажба на капацитетите на фабриката, поранешните вработени во индустријата за автомобилски делови "Руен ИТ" се во исчекување на понатамошната судбина на фирмата.

Двата неуспешни огласи на кои не се јави ниту еден заинтересиран за некој од трите пакети што се продаваат, велат, ја подига нервозата кај сите и не знаат како понатаму ќе се одвиваат работите. Се обиделе да контактираат со стечајниот управник Драги Димовски од Струмица, но безуспешно.

- Ништо немаме од стечајниот информација што е со фирмата, до каде е стигната состојбата, дали ќе се продава, како ќе се продава, што ќе биде тоа, немаме никаква информација, рече Драги Атанасов, поранешен вработен во "Руен ИТ".

Повеќе...

kanal8znak230.05.2013  Канал 8 телевизија подготвено ќе ја дочека промената на начинот на емитување на програмата. Воведувањето на дигитализацијата на сигналот воопшто нема да влијае на начинот на кој до сега се работеше, затоа што подготовките за преминот од аналогно на дигитално емитување започнаа навреме. Ова значи дека гледачите кои и досега ја следеле програмата преку некој од кабелските оператори тоа ќе им биде овозможено и во иднина.

Емитувањето ќе биде на локално ниво, односно со добиеното одобрение од Советот за радиодифузија, ќе бидат покриени гледачите од општините Кочани, Зрновци, Чешиново-Облешево и Виница. Досегашното следење на програмата преку обична надворешна антена веќе нема да биде можно. Исто така, сигналот нема да биде достапен ниту преку операторот ONE, кој беше избран за да го зрачи дигиталниот сигнал.

Иако граѓаните се по малку збунети што ќе се случи по 1 јуни со телевизиските програми, во суштина за нив и нема да има поголеми промени, односно без никакви инвестирања во опрема ќе можат и понатаму да ги гледаат. Единствено оние што не се приклучени на некој од кабелските оператори ќе останат без програмата на Канал 8.

Повеќе...

Soobrakjajka-Avtobus-1.jpg06.02.2013  Автобус на претпријатието “Берово транс“ што превезувал патници од Берово во правец кон Виница, околу 11,30 часот излетал од патот и завршил во каналот покрај коловозот.

Сообраќајката се случила во месноста Липечко поле, во непосредна близина на бензинската пумпа “Елго“ на влезот на Виница. Во неа, освен автобусот учествувало и едно патничко моторно возило. Непрописното излегување на патничкото возило од бензинската пумпа и пресекувањето на патот на автобусот најверојатно била причината за оваа сообраќајна незгода. За среќа во неа нема повредени.

Возачот свртвувајќи десно, успеал да го избегне ударот во патничкото возило, со што спречил потешки последици.

Повеќе...

plostad1

29.05.2013  Плоштадот во Кочани ќе добие нов изглед. Така барем планира локалната власт, заради што преку Бирото за јавни набавки објави и јавен оглас. Со огласот се бараат понуди од стручни лица за можни архитектонски решенија на целиот простор. Заради стимулирање на што поголем број учесници од Општината се предвидени и награди за најдобрите предлози.

Првонаградениот ќе добие 30 илјади, а вториот и третиот по 20, односно 10 илјади денари. Меѓу другите услови што треба да ги содржат предлозите тие треба да гарантираат оригиналност и репрезентативност на концептот, креативност и инвентивност во пристапот на обликувањето и современ третман на просторот.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

1°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Петок6°C/14°C
Сабота3°C/12°C
Недела-2°C/7°C
Понеделник-4°C/4°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 86 гости и нема членови


web counter



qr code