Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Carev vrv07.07.2017  По повод празникот на Кочани – Петровден, в недела, кочанските планинари - членови на ПСД “Осогово“ го организираат десеттиот по ред традиционален Петровденски планинарски марш.

Според информациите од Друштвото, интересот за учество годинава бил изненадувачки голем, па се очекува да се придружат над 150 планинари и граѓани рекреативци. Освен учесници од Кочани и други планинарски друштва од Макеоднија, потврдено е учеството и на гости од Србија и Бугарија.

Почетокот на маршот е од паркингот кај одморалиштето на МВР во рекреативниот центар Пониква, а искачувањето е до Царев Врв каде е предвидено заедничко дружење, а на крајот завршува на истото место од каде што се тргнува.

Повеќе...

ulica k i m06.07.2017  Без канализација и без асфалтиран пат. Во прашина и кал со години живеат жителите на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани кои велат дека веќе преку глава им е да ги кршат своите автомобили по несфалтираниот коловоз.

Згора на тоа, во 21 век копаат и јами бидејќи немаат канализација. Бараат од Општината да се реши проблемот и со канализацијата и со улицата.

- Ова е срамота. Секогаш тука е прашина и кал. Автомобилите ги испокршивме. Немаме асфалт на патот и тешко се живее, а плус оваа улица е долга. И на сето тоа па немаме ни канализација. Јами копаме, рече Гоце Тодосов, жител на ул. Св. Кирил и Методиј“.

Повеќе...

UPISI sredno201705.07.2017  Заврши и второто пријавување од првиот уписен рок во средните училишта. Во Кочани годинава има 30 помалку завршени деветоодделенци од минатата година или вкупно 320. 

Во  СОУ „Ѓошо Викентиев“ во  второто пријавување се пријавиле четири нови ученици. 

- Во нашето училиште во второто пријавувње се пријавија 4 нови ученици. Еден ученик во машинската струка во профилот автомеханичар и 3 улченици во електротехничката струка од кои двајца во тригодишното образование  и еден ученик во електротехничар енергетичар, рече Јасминка Крстова, психолог во СОУ „Ѓошо Викентиев“. 

Повеќе...

osogovo opstina06.07.2017  Се уште не се префрлени парите од општинскиот буџет што Управниот одбор на ФК “Осогово“ ги договори со првиот човек на Локалната самоуправа, а како финансиска помош за плаќање на котизацијата за учество во Втората лига.

Рокот до кога треба да се плати сумата од околу 8 илјади евра на ФФМ е до 10 јули, а раководството на кочанскиот вторилигаш е во неизвесност дали ќе го испочитува терминот.

Поради тоа луѓето од Управата на клубот дојдоа пред Општината со намера да се сретнат со градоначалникот Димитровски и да му укажат на итноста на потребата.

Повеќе...

Voda KANAL problem05.07.2017  Напукнатиот канал на хидросистемот „Брегалница“ им ги наполни со вода подрумите и гаражите на жителите на улицата „Киро Кикенски“ во населбата Шатровик во Кочани.

Водата која што непрекинато тече, им навлезе во домовите на луѓето, кои пак се жалат за ситуацијата што со години им создава проблем и не знаат како да го решат. Бараат итно санирање на оштетениот канал или сопирање на водата. 

- Веќе пет години се соочуваме со овој проблем. Секоја година реновираме дома и пак имаме напукнати ѕидови, подигнати паркети и теписи и цело време  влага. Од каналот постојано тече вода.

Повеќе...

ZMIJA04.07.2017  Топлото време ги раздвижи змиите. Не само што ги има во ливадите и шумите, нивното присуство е забележано и во градовите.

Жителите на населбата „Сиви дом“ во Кочани фатиле змија долга околу 2 метра, а познавачите велат дека најверојатно не е отровница, но децата биле преплашени бидејќи таа „се прошетала“ непосредно пред игралиштето во близина на контејнерот кој што две недели не е исчистен.

Велат дека неискосената трева дополнително прави местото да биде збиралиште за змии, особено што во овој дел од населбата кај паркот и игралиштето поголем дел се деца.

Повеќе...

kanal magistralen03.07.2017  Тело на 69-годишна жена која се удавила во главниот магистрален канал од хидросистемот Брегалница, е пронајдено во близина на селото Жиганци, Кочанско.

При рутинската контрола на мрежата за наводнување, изутрината околу 7 часот вработени во водостопанската подружница од Кочани забележале безживотен труп што бил закачен на решетките од каналот и веднаш ја алармирале полицијата.

- Тргнувајќи наваму од селото Жиганци видов дека има две полициски возила и две пожарникарски. Се сомневавме дека има некој човек готре, бидејќи имаше и доста народ таму. Веројатно имаше и од Судот, истражен судија, и лекар, оти мислам дека и Брза помош имаше. Кој е човекот не мие познато, не знам, рече жител на Жиганци.

Повеќе...

PETROVDENKI KONACI programa03.07.2017  Од 5 до 12 јули во Кочани ќе се одржат настаните предвидени во манифестацијата “Петровденски конаци“, по повод празникот на градот, Петровден.

Во рамките на 11. издание на манифестацијата „Петровденски конаци“ што ја организира Центарот за култура „Бели мугри“ – Кочани со поддршка од Министерството за култура и Општина Кочани, а под мотото Музичко будење на градот, фокусот е насочен кон музичките настани.

- Концерти ќе одржат кочанските групи 4 и 21, Мјау, Шекспир, Криптон, А-позитив и Игуана, тетовската хип-хоп атракција Natty fiyah. На 8 јули на Летната сцена на Центарот за култура ќе настапат Гиш и Гуру Харе, а на 11 јули, во пресрет на Петровден – Тони Китановски Трио. Сите концерти започнуваат во 21,30 ч., рече Кристина Атанасова Арсова, директор на ЦК „Бели Мугри“.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

20°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 78%
Ветер: North при 0 kmh
Петок17°C/33°C
Сабота18°C/35°C
Недела16°C/34°C
Понеделник14°C/26°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 57 гости и нема членови



web counter




qr code