Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Havarisani-Vozila23.08.2013 Хаварисани возила со години лежат неподвижни и скапуваат неупотребливи. Неможе никој да ја преземе одговорноста за нивно дислоцирање затоа што возилата немаат сопственици. Одземени се на царина. Станарите од зградата на „ Бетон“ мака мачат со искршените возила. Им го одземаат просторот за приод до подрумите.

-Мојот прозорец е над возилата. Се шири неподнослива реа и врз возилата нужда извршуваат мачки и кучиња. Ова е катастрофа. Има змии и гуштери. Автомобилите се неупотребливи и во катастрофална состојба. Ние бараме возилата да се дислоцираат од тука, рече Тодор Таушанов , станар.

-Тука живееме 40 години. Овие возила тука стојат повеќе од 20 години. Ни пречат затоа што не можеме да пријдеме до подрумите. Кога ни стигнат дрва не можеме да си ги внесеме во подрумите, рече Виолета Манушева, станар.

Повеќе...

kultura123.08.2013  Во втората половина на септември ќе бидат сконцентрирани настаните од манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“ што годинава ќе се одржи по 22-ри пат.

Организаторот, Локалната самоуправа веќе ги прави подготовките, со планирање на активностите и гостите што ќе учествуваат во културно забавната програма.

Како и во изминатите години, и годинава се планира да бидат повикани домашни музички ѕвезди, кои во десетината денови додека трање манифестацијата треба да им овозможат забава на граѓаните.

Повеќе...

parceli23.08.2013 Градежното земјиште на површина од 250 хектари се наоѓа во месноста Свети Атанас и е предвидено за изградба на нови незагадувачки капацитети. Деновиве од Владата е добиена согласност за нивна продажба. Станува збор за земјиште на кое може да се инвестира во капацитет за производство од лесна индустрија. Огласот за продажба наскоро треба да биде објавен на веб страната на Општината.

-Секој заинтересиран купувач е добредојден, особено што условите што ги нуди Општината се многу поволни-смета градоначалникот Личков.

Доколку интересот за купување земјиште е задоволителен, тоа ќе значи отворање на нови работни места и придвижување на стопанската активност во Чешиново-Облешево.

Повеќе...

osogovo223.08.2013 „Осогово“ е резервиран в пресрет на гостувањето во Карбинци против истоимената екипа во рамки на второто коло од Третата лига-Исток. Тренерот Тоде Митев се надева на позитивен резултат од натпреварот, иако со респект зборува за квалитетите на Карбинци, кој сезонава е засилен.

Претпазливоста пред мечот е резултат и на прикажаното во првото коло во кое противникот на кочанскиот третолигаш ремизираше во Штип против „Баби“, а малку недостасуваше да стигне и до трите бода.

Познат е и распоредот на натпревари во новата сезона од женската фудбалска лига. Во првото коло која почнува во првата седмица на септември „Кочани“ ја пречекува „Победа“ , а „Иднина С“ екипата на „Ас Јунајтед“.

Повеќе...

oriz44422.08.2013  Кочанскиот ориз е со добар квалитет и има можности целокупното производство да се пласира  на турскиот пазар, но заради поинаквиот квалитет што се бара, ќе мора да се менуваат сортите.

Таков е заклучокот што произлезе од средбата меѓу претставниците на една од најголемите компании за преработка и трговија со ориз од Турција и кочанските земјоделски здруженија и преработувачи. По посетата на бизнис делегацијата од регионот на Измир што се реализираше во вторникот, ова е втора средба со турски бизнисмени од регионот на Едрене, кои се интересираат за нашиот ориз.

Според нив, не се проблем количините што можат да се откупат, туку гаранциите за одржливост на квалитетот.

Повеќе...

Steti-Nevreme422.08.2013  Штета од близу 200 илјади евра направило невремето проследено со ветер и град што ја зафати општината на 23 и 30 јуни годинава.

До Општинската комисија за проценка на штетите во изминатиот период пристигнале вкупно 100 пријави од граѓаните и деловните субјекти. Само во еден случај било пријавено оштетно побарување за градежен објект, а сите други се за штети врз земјоделските посеви.

Според поднесените пријави се забележува дека најлошо поминале земјоделците од Долни Подлог каде се 40 отсто од оштетувањата, односно невремето таму направило штета од околу 80 илјади евра. Оштетувања на посевите пријавиле и сопствениците на земјоделски површини од Грдовци и Горни Подлог, каде штетата пред се кај градинарските растенија изнесува над 63, односно 30 илјади евра.

Повеќе...

psihoterapija-322.08.2013 Страв, вознемиреност, депресија, несоница. Анксиозност проследена дури и со болести, се сè почести симптоми кај младите, велат од Институтот за креативен развој обука и психотерапија „Аспекти Исток“ од Кочани. Не е ни чудно што пореметувањата се толку чести бидејќи анксиозноста е болест на модерното време, вели психологот Радмила Манчевска и додава дека истите се јавуваат како резултат на притисоците, незадоволувањето на сопствените потреби , а тоа е поврзано со пореметување на саморегулацијата на организмот.

-Карактеристично е што во последно време се почести се паничните напади особено кај младите. Имаме зголемена тахикардија, забрзано дишење, страв, паника и личноста се чувствува дека ја губи контролата врз себе и дека нема помош за него и дека ќе се онесвести , истакна Радмила Манчевска, психолог.

Повеќе...

upisi22.08.2013 Со новите 7 осмоодделенци во гимназијата „Љупчо Сантов“ има запишано вкупно 205 ученици распоредени во 8 паралелки. Во гимназиската струка се запишале 88 и 117 во економската.

Бројката годинава задоволува и предвидените 8 паралелки се формирани со по 25 до 34 ученици, информираше директорот на училиштето Лазар Димитријев.

Во другото средно училиште „Ѓошо Викентиев“ од предвидените 408 ученици се запишале 200. Останатите 208 остануваат слободни .

На последниот ден од уписите се запишале 4 ученици. Тројца во машинската струка на насоката машинско - енергетски техничар и 1 ученик во електро струката на насоката компјутерска техника и автоматика.

Повеќе...

Med22.08.2013 Производството на мед бележи драматичен пад од 50%. Тоа се должи на неповолните временски прилики со чести врнежи од дожд на почетокот од летото.

-Kога не требаше да има толкави врнежи и влага, ние тоа го добивме, поради што пчелите не можеа доволно да се развиваат и го трошеа медот за свои потреби, така што залихите периодов се многу намалени-рече Ванчо Кировски, секретар во Здружението на пчелари „Златна кошница“.

- Она на што можат да се потпрат производителите на мед во моментот е што пчелите обезбедиле доволно резерви за презимување, благодарение на топлото и суво време последните два месеца. На располагање им стои и друга мерка, покачување на цената на медот.

Повеќе...

sloga-222.08.2013 „Слога 1934“ стартуваше со победа во новата сезона од Третата лига-Исток.

Во Пробиштип славеше над домашната екипа на „Рудар “со резултат од 3:2.

Тоа беше единствениот заостанат натпревар од првото коло.

Два гола постигна Велковски, а еднаш реализираше Коцев.

Гостите во првото полувреме имаа водство од 2:0, но домаќините бргу излегоа од негатива и со головите на Атанасовки и Стоименов израмнија на 2:2.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

30°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 35%
Ветер: East при 4 kmh
Сабота11°C/23°C
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/22°C
Вторник13°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 195 гости и нема членови


web counter



qr code