Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Osogovo-Babi-423.09.2013 „Осогово“ ја оправда улогата на фаворити и со тесен резултат од 3:2 ја совлада „Јака“ во рамки на 6-тото коло до Третата лига - Исток.

Стрелци на головите за жолто сините беа Ѓеорѓиев во 20, Арсов во 77, Шуманов во 80, додека во гостинскиот состав Јанев се запиша во листата на стрелците во 71 минута. Вториот погодок во мрежата на домаќинот беше автогол на Николовски во 85 минута со кој радовишкиот третолигаш успеа само да го ублажи поразот.

„Слога 1934“ влезе во победничка серија откако во Виница го совлада „Напредок– Здравје Радово“ со 2:1.

Останати резултати од колото:

Повеќе...

ivica-sdsm24.09.2013 Ивица Димитров е новиот претседател на ОО на СДСМ во Виница. По професија e технолог, роден 1983 година.

Димитров беше претседател на локалниот клуб, потоа координатор на младите на СДСМ за третата изборна единица, а последните четири години член на извршниот одбор на ОО во Виница.

Цел на новиот претседател во следниот период ќе била излегување од сивилото во Општината под раководство на ВМРО-ДПМНЕ, каде како што вели, видливо е дека изминатите повеќе од четири години откако на власт е владејачката партија, немало реализирано ниту еден значаен проект освен задолжувањето на локалниот буџет и партиските вработувања на несоодветни кадри.

Повеќе...

Seminar-Sudii23.09.2013 Семинарот во Кочани, организиран од ФФМ со поддршка на ОФС, се состоеше од теоретски и практичен дел.

Теоријата ги содржеше основните и напредните судиски правила кои младите судии на возраст од 16-25 години мораат добро да ги познаваат пред да ја започнат својата кариера.

-Предавачите се од ФФМ, Марјан Ристевски и Бранко Манојловски во стручниот дел, а во практичниот наши еминентни судии -рече Драган Стојановски, главен координатор на семинарот.

Обуките се дел од „Грас-руд“ програмата за судии, чик потписник е и судиската организација на Македонија.

Повеќе...

policija20.09.2013  Пораст на криминалитетот за околу една третина е регистриран на територијата што ја контролира кочанската Полициска станица.

Во првата половина од оваа година, во споредба со истиот период лани извршени се 181 кривично дело за кои се поднесени 173 кривични пријави. Кај најголемиот дел, односно за 119 дела сторителите не се откриени, што исто така преставува пораст за околу 34 отсто.

Карактеристично за периодот од Нова Година до Илинден е што крадците биле особено активни и извршиле 38 тешки кражби повеќе споредено со лани или вкупно 94. Освен тешките, имало и полесни кражби, за што до полицијата биле поднесени 20 пријави, но сторителите до денес се непознати. Исто така, во два случaи биле пријавени разбојништва.

Повеќе...

Zdravstveni-karticki20.09.2013 И покрај апелите што побргу да се заврши обврската, само помалку од половина осигуреници ги подигнале електронските здравствени картички од подрачната служба на ФЗО во Кочани, информира директорот Лазар Настевски.

-Околу 17 000 од вкупно 38 000 регистрирани осигуреници подигнале електронска здравствена картичка, а 8 000 лица воопшто не поднеле барање. Осигурениците може да се информираат дали нивната картичка е пристигната на шалтерските служби, кај своите матични лекари или на веб-порталот моеosiguruvanje.fzo.org.mk - рече Лазар Настевски, директор на ФЗО-Кочани.

Најдисциплинирани биле пензионерите. Над 90% од нив веќе ги подигнале картичките.

Повеќе...

ponikva-520.09.2013  Подобрувањето на условите што ги нуди Пониква и потребата од нејзино поинтензивно промовирање ја наметнува потребата од решавање на организациската поставеност на работите.

Токму затоа од Локалната самоуправа на Пробиштип доаѓа иницијативата за формирање меѓуопштинско јавно претпријатие со Кочани, кое треба да води сметка за уредувањето и натамошниот развој на локалитетот. За негово нормално работење се предлага финансирањето да биде заедничко, од буџетите на двете соседни општини.

Писмениот допис од градоначалникот Тони Тоневски ќе го разгледува Советот на Општина Кочани и ќе треба да даде согласност за формирање на претпријатието.

Повеќе...

etno20.09.2013 Во рамки на првата изложба беа изложени дела од едукативна работилница како дел од одбележувањето на „Европските денови на културното наследство“ и „Деновите на кочанскиот ориз“.

Станува збор за триесетина цртежи и стотина изработки моделирани во глина, дело на 25 учесници од пет училишта во општината.

И двете манифестации имаат ист стаж на одбележување, 22 години. Тема на изложбата се „Идолите од Спанчево 2013“, во кои се содржани творбите на учесниците во едукативната работилница одржана во мај, при што имаме различни техники на изработки од движното културно наследство откриено на локалитетот во Спанчево -рече Илинка Атанасова, археолог.

Повеќе...

forum-vodi320.09.2013 Организиран првиот Форум за води во Виница на кој граѓаните можат директно да се вклучат во давањето идеи и препораки за решавање на приоритетен проблем кој се однесува на водите во општината.

Меѓу проблемите кои беа начнати на форумот се реконструкција на руинираниот систем за наводнување, непостоење на пречистителни станици, узурпација на речните корита, застарена водоводна мрежа, неисправна вода за пиење од селските водоводи, потреба од проширување на капацитетот на филтер станицата.

Присутните на форумот понудија и конкретни предлог решенија. До следната сесија која е закажана за 27 септември потребно е да се направат концепти за тие предлог решенија кои финансиски ќе се вклопат во сумата од 60 000 франци.

Повеќе...

izlozba20.09.2013 27 дела насликани во техника темпера на платно од Меѓународната ликовна колонија „Св. Пантелејмон 2013“ беа изложени во кочанскиот центар за култура. Годинава освен домашни имаше и учесници од Република Унгарија. Беа најавени , но од оправдани причини на колонијата не присуствуваа уметниците од Бугарија и Хрватска. Учесниците на колонијата се на возраст од 10 до 18 години. Пред насобраната публиката зборуваше уметникот Александра Димитрова наставник по ликовна култура во училиштето за цртање и сликање.

-На изложбата имаме учесници и од училиштето за цртање и сликање при ЦК „Бели Мугри“ . Тоа се ученици кои допрва се градат како ликовни уметници. Се надевам во иднина ќе покажуваат уште поголеми резултати. Полека но сигурно уметноста и културата во нашиот град излегуваат на свој вистински заслужен пиедестал, истакна Александра Димитрова, ликовен уметник.

Повеќе...

Penzioneri20.09.2013 20 септември денот на пензионерите на Македонија го одбележаа и кочанските пензионери. Весели и распеани со своја програма се претставија во Кавадарци на покана на кавадаречкото општинско здружение на пензионери по повод одбележување на денот.

Кочанските пензионери се претставија со 30 минутна програма, со песни и ора, а покрај нив учествуваа и пензионерите од Прилеп и домаќинките од Кавадарци.

Општинскиот празник на кочанските пензионери се одбележува на 20 декември кога го организираат традиционалниот новогодишен концерт. За тој празник и концерт се очекува настап на кочанските и пензионерите од Куманово и Кавадарци.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 115 гости и нема членови


web counter



qr code