Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Den-bez-avtomobili20.09.2013 Под мотото „чист воздух – ти си на потег“ ОУ „Раде Кратовче“ го одбележа Меѓународниот ден без автомобили 22 септември. Околу 60 ученици од Кочани придружувани од професионални велосипедисти од општината возеа низ градот при што велосипедот го претставија како забавно, ефикасно, безбедно и еколошко превозно средство кое се повеќе треба да биде користено. Искуството од досега реализираните проекти за одбележување на денот без автомобили се покажало како ефикасно, затоа што се повеќе се подига свеста на граѓаните за користење на еколошкиот превоз.

-Преку годинешното мото сакаме да пратиме порака дека секој треба да го користи велосипедот како превозно средство од најмалите до највозрасните, со цел за почиста животна средина, рече Гордана Манева, директор на ОУ „Раде Кратовче“.

Повеќе...

Osogovo-Babi-420.09.2013 „Осогово“ во недела со почеток во 15.30 ч. ја пречекува екипата на „Јака“ од Радовиш во рамки на 6-тото коло во Третата фудбалска лига-Исток.

Ова е шанса за поправен на жолто -сините после изгубените 6 бодови дома и неодиграниот натпревар против „Рудар“ во Пробиштип да фатат приклучок со екипите од горниот дел на табелата.

„Слога 1934“ во Виница се среќава со „Напредок Здравје-Радово“ во натпревар во кој очекува продолжување на победничката низа што ја почна од почетокот на првенството.

Останати двојки од колото:

Повеќе...

mis19.09.2013 Во конкуренција од 14 преубави девојки на традиционалниот избор на жетварска убавица жири комисијата имаше тешка задача да ја избере најубавата. Титулата жетварска убавица на Кочани за 2013 година ја понесе Моника Митева од Кочани која има 15 години и е членка на ФА „Кочани“.

-Многу сум среќна што победив, не ја очекував победата, но многу се подготвував. Верувам дека успешно ќе го зажнејам првиот сноп ориз на традиционалната жетва, рече Моника Митева , жетварска убавица на Кочани за 2013.

За прва придружничка беше избрана Јована Јорданова , а за втора Симона Ѓорѓиева.

Повеќе...

sutlijas119.09.2013  Општината Чешиново-Облешево сака да се запише во Гинисовата книга на рекорди. За да го постигне тоа, ќе организира подготовка на голема количина сутлијаш што ќе ја вброи меѓу необичните светски рекордери. Досегашниот рекорд е 330 килограми, а чешиновци ќе се обидат да подготват двојно повеќе.

Досега се обезбедени околу 1.000 килограми бел ориз и околу 2.000 литри млеко, како и потребните количини шеќер и други состојки. Токму на празникот на општината, в сабота, на Мала Богородица на сретсело во Чешиново ќе започне варењето на оризот за да се добие најголемата количина сутлијаш на едно место.

Веќе било договорено да се позајми казанот од штипското село Сарчиево во кој се вареше грав со што штипјани исто така на двапати го рушеа Гинисовиот рекорд.

Повеќе...

Priemna-Ambulanta19.09.2013 Кочанската болница досега немаше приемна амбуланта. Болните од различни болести доаѓаа во хируршката која , како што и кажува името треба да биде само за хируршките болести.

Од денеска приемната амбуланта е ставена во функција со која се очекува да се стави ред и да се намалат гужвите при приемот на пациенти. Новата приемна амбуланта ќе служи и за закажување на пациентите преку проектот „ Мој термин“.

-Приемна амбуланта е потреба на која лекарите одамна укажуваа за нејзиниот недостаток. Секојдневно се случуваше после 16 часот и во вечерните часови хируршката амбуланта да функционира и како хируршка и како приемна и се случуваа немили сцени, а тоа е во исто време да дојдат пациенти со различни патологии и се создаваше гужва.

Повеќе...

forumi-kocani-119.09.2013  На првата форумска сесија на проектот за управување во сливот на реката Брегалница, присутните граѓани ги разгледуваа актуелните и најважни проблеми со отпадните води во општината.

Нивна задача ќе биде потоа да дадат предлози како тие да се решат, а најдоброто решение ќе конкурира за дел 50-те илјади швајцарски франци што како грант за проектот ги дава владата на Швајцарија.

Форумската сесија всушност е трета по ред, со оглед што минатата година се одржаа две работни средби на кои проектот беше презентиран во присуство и на донаторот, швајцарскиот државен секратаријата за економски прашања.

Повеќе...

svetska-banka-119.09.2013 Со цел размена на идеи за поуспешна реализација на проектот “Градови без корупција, градови со иднина“ во кој е вклучена Општината, во Виница се одржа средба на градоначалникот Дончев со претставници на Светска Банка.

Проектот вклучува изработка на антикорупциска стратегија заради ефективно управување со развојот на општината во насока на инклузивен и одржлив развој.

Екс градоначалникот на главниот град на Боливија, Лапаз, Роналд Меклина Борај е ангажиран како експерт на Светска Банка заради исклучително успешната борба со корупцијата во многу краток период.

Повеќе...

Poeti-Iskra19.09.2013 Литературна средба на членовите на Сојузот на писателски асоцијации на Македонија во библиотеката „Искра“. Настапија писатели и поети од повеќе литературни клубови од десет градови, членови на Сојузот, меѓу кои и домаќинот Кочани.

-Секој поет чита дел од творештвото по свој избор, затоа што тематиката не беше сугерирана од страна на организаторот. Намерата е да се претставиме пред што поголема публика во градовите што се членови на нашиот сојуз-рече Божина Трајковска, претседател на Сојузот на писателски асоцијации на Македонија.

Литературната средба е иницијатива на библиотеката „Искра“, а намерата била да се промовира националниот сојуз на писателски асоцијации и во Кочани.

Повеќе...

Muzicki-Branovi-Vinica-319.09.2013 14 композиции од фестивалот на детска песна „Музички Бранови“ беа презентирани пред виничката јавност. Учесниците од Кочани, Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци ги испеаја песничките од фестивалот кој втора година се одржува во Кочани. Општина Виница финансиски го помага фестивалот, бидејќи учествуваат и деца од Виница.

Овогодишната победничка рокерката Нина Ѓорѓиевска е токму од оваа општина. Градоначалникот Дончев најави ваков фестивал да се организира и во Виница.

-Втора година го подржуваме фестивалот. Навистина е прекрасен и се радувам што овогодишната победничка е од нашата општина. Ќе се потрудиме во иднина ваков фестивал да добие и Виница, рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Повеќе...

muzej-419.09.2013 Накитот пронајден на трите археолошки локалитети кои во изминатиов период беа предмет на истражување на археолозите од Музеј “Теракота“изложен пред пошироката јавност како настан кој ќе ги одбележи Европските денови на културно наследство.

Накитот е повеќе од украс. Токму со таа идеја вработените во музеј “Теракота“ преку декорации им раскажаа детали од историјата од деветтиот век пред нашата ера па се до средниот век.

-Накитот е пронајден на археолошките локалитети „Виничко кале“, „Гробана“ и „Коколов рид“. Се надеваме дека изложбата ќе предизвика голем интерес затоа што накитот како во минатото така и денес предизвикува внимание.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 74 гости и нема членови


web counter



qr code