Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

open-fun19.09.2013 Отворените забавни фудбалски школи се организираат по 11 пат. Носител на проектот е основното училиште „Никола Карев“, во соработка со ФК „Кочани“, а покровител годинава по петти пат е Локалната самоуправа.

-Во овој изминат период поминаа многу генерации на возраст од 7-11 години. Во една година учествуваат околу 200 учесници распоредени на 12 станици како елементарни игри, хокеј фудбал, штафетни игри-рече Владо Андов, директор на ООУ „Никола Карев“.

Учениците ќе бидат распределени согласно нивната возрасна категорија, а во деновите на одржувањето на овој хепенинг ќе поминуваат по пет часа во рекреација и дружење, по триесет минути на секоја спортска станица.

Повеќе...

izbori18.09.2013 Точно половина година од одржувањето на локалните избори, се уште не се исплатени дневниците на членовите на избирачките одбори во сите општини од микрорегионот. Некои велат дека им ги исплатиле сите пари на претседателите и на членовите на избирачките одбори, додека други им дале само за првиот изборен круг.

Обврските целосно ги завршиле Општина Кочани, која ги исплатила средствата и за првиот и за вториот круг и тоа меѓу првите во државата, како и Општина Зрновци каде се одржа само еден изборен круг.

Втор круг имаше и во Чешиново - Облешево. Таму се исплатени само половина од парите. Останатиот дел ќе биле префрлени во следните неколку денови - уверува градоначалникот Костадин Личков.

Повеќе...

Oriz-Zetva-418.09.2013  Земјоделската механизација влезе во нивите во Чешиновско и ги ожнеа првите класја ориз.

На површина од 1 хектар, сопственост на Мијалче Кузманов, пролетва биле засеани две различни турски сорти што во Кочанско беа донесени со проектот на Земјоделскиот институт од Скопје и турската агенција за соработка и развој  - ТИКА. Периодот за вегетација кај едната бил меѓу 115 и 120 дена, па со оглед на тоа што била посеана на 10 мај, стигнала навреме да се жнее.

Влажноста на зрното изнесувала 20%, што според препораките од турските експерти е идеална за жетва, за да се избегне кршење и растурање на арпата.

Повеќе...

Neasfaltirani-Ulici-718.09.2013  Поголем број писмени и усни барања до локалната власт во изминатите години поднеле жителите на неколку улици во населбата Бејрут со надеж дека конечно ќе добијат нормален пристап до своите домови.

Дел од сообраќајниците на кои живеат се пробиени и делумно се поставени рабници, а други чекаат комплетна изградба.

Без оглед што овде се изградени нови, современо уредени семејни куќи, за улиците што водат до нив постојано добивале ветувања дека ќе бидат завршени, а тоа не се исполнувало.

Затоа помош побараа и од Советот на Општината, преку членовите кои се дел од советничкото мнозинство.

Повеќе...

poljaci318.09.2013 Делегација од полскиот град Киелце предводена од претседавачот на Советот Томас Богуцки, во прва официјална посета на општина Виница. Целта за иницирање на средбата беше запознавање со стопанските капацитети , културно-археолошките знаменитости и туристички потенцијали, како и градење конкретни насоки за продлабочување на соработката помеѓу двата града.

На приемот кај градоначалникот Емил Дончев делегацијата настапи со конкретни понуди и покани за бизнис соработка во областа на прехранбената, месната индустрија, како и во областа на градежништвото и пласманот на вино. Воодушевени од вкусот и квалитетот на македонското вино , полјаците понудија алтернативи за извоз на нивниот пазар, а се интересираа и за организирање туристички тури во источниот регион.

Повеќе...

istibana-518.09.2013 Со заедничко оро за сите учесници на фестивалот, фолклорно дефиле низ Виница и гала концерт со програма и заедничка вечера и дружење заврши 28 то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Истибанско здравоживо. И покрај отсуството на најавени групи од странство, фестивалот оценет како успешен.

Истибања деновиве беше центар на случувањата што се однесува на зачувување на традицијата и претставување на фолклорот. Низ истибанските улици продефилираа фолклористи од 6 ансамбли од странство и 8 домашни. Учествуваа фолклорните групи од Бугарија, Србија, Турција, Романија, Босна и Херцеговина и Словачка. Од Македонските друштва присутни беа групите од Битола, Велес, Куманово, Скопје, Радовиш, Македонска Каменица и домаќините ФА „Китка“ од Истибања.

Повеќе...

Forumi-Zrnovci18.09.2013  Уредувањето на речното корито на Морошка Река што минува низ Мородвис е проблем на зрновјани што на првата форумска сесија го истакнаа како приоритетен за решавање.

Со тоа ќе се надминат долгогодишните проблеми со кои се соочуваат - поплавите и излевање на реката. Околу педесетина жители од Зрновци на првата форумска сесија одржана во подрачното училиште во Мородвис детектираа проблеми поврзани со управување со речниот слив на Брегалница.

Станува збор за програмата финансирана од Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи кој во Општина Зрновци инвестира 50 000 швајцарски франци, а 10 000 ги обезбедува општината.

Повеќе...

oblesevo218.09.2013  Традиционално и годинава, по повод 21 Септември и верскиот празник Мала Богородица, Чешиново-Облешево ќе го прослави празникот на Општината и деветгодишнината од своето постоење.

По повод празникот, во Локалната самоуправа планираат богата програма, што ќе започне в четврток со крводарителска акција во спортската сала “Никола Карев“ во Облешево.

В сабота пак, во утринските часови ќе започне традиционалното приготвување сутлијаш под мотоот “Да се сруши Гинисовиот рекорд“. Приготвувањето на сутлијашот ќе се одржи во паркот во Чешиново во 13 часот. Прославата ќе биде збогатена со настап на оркестри и играорни групи.

Повеќе...

Futbal-Petlinja-118.09.2013 Прво посериозно искуство имаше најмладиот погон на „Осогово“ со учеството на фудбалски турнир во Битола, што го организираше фудбалската школа ЛГ „Битола“, а на кој учествуваа екипи од Грција, Албанија, Србија и Македонија.

Недостасуваше спортска среќа да се помине групата и да се продолжи во елиминациската фаза, откако се избори за три нерешени резултати. Турнирот беше своевидна подготовка за детската лига која почнува викендов.

-Ќе се натпреваруваат генерациите 1999/2000 и 2000/2001, а 2003 и помали ќе се натпреваруваат во турнир систем под капата на ФФМ - рече Симеончо Митев, тренер.

Повеќе...

prozivodstvo kabli17.09.2013  Поучена од досегашните искуства кога излегувала со потврда за влез на странски инвестиции, па истите не се оствариле, Владата ќе остави тоа сега да го направат самите инвеститори. Таков е случајот и со компанијата од странство која е заинтересирана за вложување во капацитет во Кочани, за што преговорите се во напредна фаза и може да се очекува конкретна реализација, рече заменик претседателот на Владата, Владимир Пешевски.

- Конкретно во автомобилската индустрија веќе има определени најави за странски инвестиции во Кочани, конкретно од една компанија со која сме биле во директни разговори најавуваат отворање на неколку свои погони овде. Така, верувам дека сите вработени што се од тој сектор или поголем дел од нив ќе можат да најдат алтернативи и на други работни места, рече Владимир  Пешевски, заменик претседател на Владата на Република Македонија.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-7°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 86%
Ветер: NE при 2 kmh
Петок3°C/7°C
Сабота4°C/10°C
Недела-1°C/6°C
Понеделник2°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 82 гости и нема членови


web counter



qr code