Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ulica05.09.2013 Судскиот спор против кумановската градежна фирма „Хољуси“ Локалната самоуправа на Виница го покрена заради неквалитетно асфалтирање на улицата „Тошо Арсов“.

Паралелно со текот на процесот, на тендер се бира нова градежна фирма која одново ќе ја асфалтира улицата “. Несфатливо е како изведувачот направил такви огромни пропусти, поради кои таа е во катастрофална состојба, со големи дупки, вдлабнатини и нерамнини.

-Улицата ја асфалтиравме во 2009 година со фирма со која во моментов се уште сме на суд и ја очекуваме конечната разврска. Улицата повторно ќе ја асфалтираме со сегашниот тендер -рече Емил Дончев, градоначалник на Општина Виница.

Повеќе...

vlado203.09.2013  Дванаесет стручни лица за конзервација ги добија лиценците за да работат на директна заштита на материјалното културно наследство во Македонија.

Првите лиценцирани конзерватори се од неколку градови во државата, а меѓу нив е и акадамскиот сликар Владимир Симеонов од Кочани. Тој неколку години е ангажиран на заштита на античките мозаици во археолошкиот локалитет Стоби.

Според него, добивањето на лиценцата е резултат на макотрпна работа и докажување, и на неа гледа како на официјална потврда за досегашните постигнати резултати во конзерваторската работа.

Повеќе...

karanfilov04.09.2013 58-годишниот Влатко Каранфилов од Горни Подлог на кого му беше укината инвалидската пензија, продолжува да ја бие институционалната битка. По неговиот предмет решаваше второстепената државна комисија за одлучување во управна постапка, која го поништи решението на Фондот за ПИОМ и предметот го врати на повторно разгледување и одлучување.

Но, 11 месеци по жалбата до Управниот суд заради молчење на администрацијата и 17 месеци по решението на комисијата, Каранфилов се уште чека одговор.

-Двајцата лекари и третиот што ме испрашуваше ја приложија само сликата од `рбетниот столб, а има три слики во министерството и комисиите со мојата ампутација, со што се побиваат сите нивни негативни одлуки. Нема сила што ќе ме запре да не ги дадам овие лекари на суд-категоричен е Каранфилов.

Повеќе...

bolnica05.09.2013 Наместо хирург и гинеколог како што аплицираше раководниот тим , кочанската болница доби хирург и нефролог. Министерството за здравство гинеколог засега не прати, но затоа пак еминентни лекари хирург и нефролог ќе им бидат на располагање на кочанските граѓани.

Станува збор за д-р Љубен Арсенков , специјалист по хирургија од Универзитетската клиника по хируршки болести„ Св. Наум Охридски“ од Скопје и за Проф. Д-р Стефка Богдановска , специјалист , нефролог од Универзитетската клиника за нефрологија. Тие ќе ја посетуваат кочанската болница по еден ден во месецот и ќе им бидат на располагање на пациентите.

На хирургот Д-р Љубен Арсенков првиот термин му е веќе закажан за извршување операции. Тој во кочанската болница доаѓа на 10 септември.

Повеќе...

trotoar03.09.2013 Шеталиштето од десната страна на реката започна да го менува ликот. Во должина од околу 350 метри се поставуваат новите бехатон плочки. Изградбата на модерно шеталиште на кејот на реката e во рамки на градежните зафати за уредување ма централното градско подрачје.

Реконструкција се одвива  од десната страна  на Кочанска река, односно од  т.н. Крушарски мост до Шопинг центарот. Од Општината велат дека е можно да се продолжи со поставувањето нови плочки до т.н. триаголник.

Од Локалната самоуправа се со намера да го продолжат уредувањето на тротоарот од десната страна на реката на потегот од Водостопанство до плоштадот „Ченто“.

Повеќе...

Zetvarska-Ubavica05.09.2013 Сите девојки од општина Кочани со наполнети 16   години и со предиспозиции за убавици можат да се пријават на конкурсот за учество на Избор за жетварска убавица кој се организира по повод традиционалната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ .

Изборот на најубавата жетварка ќе биде збогатен со учество на челнови на фолклорните ансамбли од Општината.

Пријавувањето   започнува на 05.09 (четврток) и ќе трае до 12.09.(четврток) во просториите на локалната самоуправа на Општина Кочани.

Минатата година за жетварска убавица беше избрана 15 годишната Сара Ангелова од село Тркање, членка на КУД „Руен“ од Кочани.

Повеќе...

ZFK-Kocani-103.09.2013 Со седум засилувања ЖФК „Кочани“ годинава е со амбиција да ја освои титулата во женската фудбалска лига. Пред отворањето на новата сезона, во таборот на кочанки владее позитивна атмосфера.

-Оваа година се засиливме со Виолета Спироска, Кате Милеска и Марина Арсовска од„ Билјанини извори“, Верица Георгиевска, Мартина Смилковска и Сашка Кокаловска од „Единство“ и репрезентативниот голман Елена Чакмакоска од „Победа“, со амбиција за освојување на првото место во првенството –рече Оливер Јовановски, шеф на стручниот штаб.

И тренерот Александар Андов е задоволен од текот на подготовките на клубот во пресрет на новата сезона.

Повеќе...

zemjodelec205.09.2013  Општина Кочани ќе го избира најуспешниот земјоделец за 2013 годинана. Одборот за организирање на манифестацијата “Денови на кочанскиот ориз“ објави повик за доделување на наградата што е традиционална и се доделува секоја година.

Организирањето на изборот е со намера да се стимулира земјоделското производство, односно земјоделците да добијат дополнително признание за својот теуд. Изборот на најуспешниот земјоделски производител се прави по четврти пат, откако Советот на Општината ја востанови нагардата во јуни 2010 година.

За наградата во износ од 1500 евра во денарска противвредност можат да конкурираат евидентирани земјоделци што оствариле натпросечни приноси на одредени земјоделски култури.

Повеќе...

Prvacinja-402.09.2013  Со песна и игра стартуваше новата учебна година за 3.012 ученици во основното образование во Општина Кочани.

Весело беше во петте основни училишта, каде по повод почетокот на новата учебна година и приемот на новите првачиња, учениците од повисоките одделенија подготвија пригодна културно-уметничка програма.

Возбудата од почетокот на дружењето со училишните клупи беше голема, посебно кај оние кои од годинава за првпат го започнуваат своето образование.

Задоволни од порастот на нивниот број се и одговорните во училиштата, но и во Локалната самоуправа. 

Повеќе...

malina05.09.2013 Проект за   вклучување на ромските деца во воспитно - образовниот процес спроведува ОУ „Малина Попиванова“.

Невладини организации ги посетуваат ромските деца кои потекнуваат од семејства од социјален ризик и оние деца кои питачат по улиците. Разговараат со нивните родители ги информираат за родителските обврски. Проектот е подржан и инициран од Општината и градоначалникот Димитровски. Вклучени се училиштето „Малина Попиванова“ и невладина организација. Улогите се поделени.

Невладината организација ја следи редовноста на учениците од таргет групата, односно тоа се деца од 6 до 11 години кои од било која причина не го започнале своето образование.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/19°C
Среда3°C/18°C
Четврток6°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 165 гости и нема членови


web counter



qr code