Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Gimnazija-Nov-Pod02.09.2013 На првиот училишен ден гимназијалците ги дочека реновиран под. Како што беше предвидено, пред почетокот на учебната година поставени се новите поливинилски ПВЦ подлоги во сите училници и ходници во училиштето.

-Со задоволство можам да констатирам дека со завршувањето на проектот за реновирање и санација на подните површини, училиштето доби нов лик. Во првата смена беше извршен приемот на новозапишаните ученици во прва година во гимназиска и економска, распоредени во осум паралелки-рече Лазар Димитријев, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

Димитријев информира дека на стартот од учебната година целосно се ставени на располагање кадровските и технички ресурси во училиштето.

Повеќе...

Ponikva05.09.2013 Успешно помина тестирањето на топовите за подготовка на вештачки снег за скијачките патеки на туристичкиот центар „Пониква“. Ја извршија компаниите МЕПСО и "Енерго систем", изведувач на сноуборд паркот на Осоговските Планини.

Освен обезбедувањето на петте топови за создавање вештачки снег, поставено е осветлување на двете скијачки патеки и извршена е набавка на реквизитите што треба да бидат поставени во сноуборд паркот на една од скијачките патеки.

За да се задоволат потребите што ги наложува една квалитетна патека, набавен е ратрак за нивна подготовка, како и снежна моторна санка.

Повеќе...

Prvacinja-702.09.2013  Во училишните клупи во општина Виница на стартот на новата учебна година седнаа вкупно 2.108 ученици.

Од нив 1.458 се основци, 650 средношколци, а за првпат со училишни обврски ќе се соочат 152 првачиња.

Најмногу, 700 ученици брои ОУ “Гоце Делчев“, 554 се во ОУ “Славчо Стојменски“, 114 во ОУ “Никола Парапунов“ во село Драгобраште и 90 во ОУ “Кочо Рацин“ во село Блатец.

Во  средното училиште “Ванчо Прке“ годинава ќе учат 650 средношколци, од кои 157 се запишани во прва година.

Повеќе...

oriz-504.09.2013  Оризопроизводители од Кочанско повторно се жалат дека прскањето со хемиски препарати против плевелите не ги дало очекуваните резултати од третирањето.

Иако пробале со различни хемиски препарати, прскале во различни периоди од денот и при различни временски услови, во влажни иили суви ниви, на крајот е постигнат многу слаб ефект. Освен вложениот труд, бележат и зголемени трошоци без да имаат фајде од тоа.

За таквите проблеми му се пожалија на заменик министерот за земјоделство, кој рече дека тие ќе се решаваат со законски мерки.

Повеќе...

Prevoz-Ucenici202.09.2013  Компанијата “Авто атом“ ќе го врши бесплатниот превоз за учениците во Општина Кочани.

На крајот од минатата недела заврши јавниот тендер, по што во текот на првиот ден од новата учебна година се правeше евалуацијата од тендерската постапка и подготовките за користење на услугата. Избраната фирма треба да се обезбеди превоз за учениците кои се школуваат во четирите основни и двете средни училишта во Кочани.

Носител на тендерската постапка беше средното училиште „Љупчо Сантов“ каде заинтересираните фирми ги доставуваа своите понуди.

Повеќе...

Kucinja-Skitnici-304.09.2013  И на вториот јавен повик за изнаоѓање оператор за стручен третман на кучињата скитници не се се пријави ниту една фирма.

И покрај тоа што огласот што го објави КЈП “Водовод“ беше со продолжен рок од неколку недели интересот на операторите е нула. Со тоа пропаѓаат обидите овој важен комунален проблем ефикасно да се реши.

Официјално, од комуналното претпријатие велат дека не е познато зошто не се пријавил ниту еден заинтересиран кандидат, иако условите во огласот биле во согласност со решенија за третман на кучињата скитници. Во регионот, па и во државата, постојат фирми кои имаат законски можности да ја извршуваат услугата, а сепак ниту еден оператор не достави понуда.

Повеќе...

muzicko vinica02.09.2013  Заложбите на Локалната самоуправа и раководните лица во ОУ “Гоце Делчев“ во Виница за отворање основно музичко училиште добија практична реализација.

Со почетокот на новата учебна година и оваа образовна установа го започнува своето постоење, со цел на младите од општината покрај редовната, да им овозможи и дополнителна музичка настава. За почеток наставата, заедно со просторните и материјалните услови ги обезбедува училиштето “Гоце Делчев“ кое беше носител на подготовките.

- Стартуваме со основно музичко училиште што претставува извонреден успех за сите нас, за општина Виница, бидејќи им се дава можност на сите ученици од општината да музицираат, да го искажуваат својот талент и да научат нови работи.

Повеќе...

energija30.08.2013  Во рамки на проектот за искористување на нискотемпературните геотермални ресурси во земјите на Југоисточна Европа насловен „Гео СЕЕ“, финансиран со средства од европските фондови за транснационална соработка, Кочани го посетија надворешни експерти ангажирани од страна на македонското здружение за геотермална енергија.

Во работниот тим се вклучени домашните универзитетски професори Сања Поповска Василевска и Славе Арменски, како и членови на Институтот за обновливи енергетски ресурси при украинската академија на науките, д-р Николај Жовмир, д-р Ана Диткивскаја, м-р Анастасија Барило и инженерот Александар Матвијчук.

На состаноците во Кочани се разговара за потенцијалите на геотермалната енергија и биомасата заедно со енергетските потреби на идните корисници на топлинска енергија за затоплување од хибридниот систем.

Повеќе...

Most-Ziganci-504.09.2013  Владата вети дека ќе го одврзе ќесето за да се реализира предизборното ветување за изградба на нов мост на Злетовска Река.

Со тоа повеќедеценискиот проблем на жителите на Жиганци и Пишица за поминување преку реката конечено ќе се разреши.

Изградбата на мостот започна со свеченоста за поставување камен темелник, на која присуствуваа владини претставници, градоначалници и администрација од локалните самоуправи од регионот и месно население.

Објектот ќе биде долг 31 метар, широк 5 метри, а ќе има носивост над 15 тони.

Повеќе...

vinica427.08.2013  Комисијата за легализација на дивоградбите во општина Виница од вкупно поднесени 3061 барања за легализација извршила увид врз 604 предмети, има издадено 552 решенија, а 76 се во постапка.

Од решените предмети, 46 се во фаза на исплата од страна на сопствениците кои ги легализираат објектите. Анализата покажува дека постапката и понатаму се одвива бавно и прашање е како со досегашната динамика ќе се завршат сите поднесени барања до Општината.

Од почетокот на оваа година заклучно со август работено е на 119 предмети, а се издадени 126 решенија. Минатата година комисијата издала 251 решение, односно двојно повеќе во однос на оваа година.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 44%
Ветер: Variable при 4 kmh
Понеделник7°C/31°C
Вторник4°C/20°C
Среда3°C/18°C
Четврток4°C/22°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 113 гости и нема членови


web counter



qr code