X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bagrem13.09.2013  Голите ридови околу Кочани нудат одлична можност да се пошумат со дрвја со медоносни цветови кои ќе придонесат за развој на пчеларството во општината.

Ова посебно се однесува на садници со багрем, за кој има голем интерес со оглед на квалитетниот мед што се добива од неговиот цвет.

Оценка е дека околината на градот нуди можност за багремова шума, затоа што во минатото ја имало, но била исечена. Сега повторно би можела да се засади саради што со ново барање иницирале пчеларите од општината и преку членови на Советот бараат конкретна акција на терен.

Повеќе...

planinari116.09.2013  Во саботата се реализираше традиционалната меѓународна планинарска средба на врвот Руен. Вообичаено, средината  на септември е периодот на заедничкото дружење на планинарите од Македонија и Бугарија.

Средбата ја организираат планинарските друштва од “Осогово“ од Ќустендил и “Руен“ од Крива Паланка. Иако оваа година изостана присуството на планинари од Србија, тоа не го намали значењето на овој настан.

Во многу тешки временски услови со силен ветер што непречено дуваше во текот на целиот ден, на врвот се искачија околу 300 планинари од двете страни. Нашиот град беше достојно претставен со 18 членови на ПСД “Осогово“ и уште толку љубители на природата кои рекреативно се бават со планинарење.

Повеќе...

pceli13.09.2013 Ретко кој пчелар би купил пчеларска опрема од Македонија. Многу е поскапа за разлика од градовите надвор од државата.

Се што им е потребно за пчеларење , кочанските пчелари си набавуваат од Белград затоа што таму ја добиваат за 60 % поевтино .

-Во Белград традиционално одиме секоја година и од таму си купуваме се што ни е потребно за пчеларење, бидејќи целата опрема за пчеларење е поевтина дури за 60%. Изложбата е една од најголемите изложби на Балканот и на неа се нуди се што е потребно за пчеларството. Ќе ја искористиме можноста и да прошетаме низ Белград, рече Ванчо Ќировски, секретар на ПЗ „Златна Кошница“ од Кочани.

Повеќе...

ipr213.09.2013  Најмалку половина од поднесените приоритетни проекти во источниот плански регион треба да добијат поддршка од државната програма за регионален развој. Со таква оптимистичка оценка излегува Центарот за развој на регионот, базирана на ветувањата од Министерството за локална самоуправа.

Парите што ќе се добијат треба да овозможат довршување на дел од проектите што се започнати, а дел да овозможат реализација на проекти во општините кои до сега немале финансиска поддршка од регионалните развојни фондови на државата.

Листата со проектите беше утврдена пред околу два месеци и веќе е поднесена до Бирото за рамномерен регионален развој.

Повеќе...

morodvis313.09.2013 Со уредување на речното корито на реката што поминува низ Мородвис селото ќе добие сосема нов лик. Деновиве е распишан повикот за финансирање на мали инфраструктури проекти за управување со речниот слив на реката Брегалница финансиран од Државниот секретаријат за економски прашања.

Општина Зрновци аплицира за изградба на речното корито на реката што поминува низ Мородвис. Грандот тежи 40 илјади евра средства обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка. Предвидено е кофинансирање и од Општината со околу 10 000 евра.

Вкупните средства ќе бидат доволни за да се уреди добар дел од речното корито на реката.

Повеќе...

isz13.09.2013 Според програмата отворањето на фестивалот е закажано за в сабота со фолклорно дефиле низ Истибања и македонска национална вечер.

Гостите од Романија, Словачка, Ерменија, Србија, Молдавија, Нигерија, Украина, Словенија, Турција и Бугарија, ќе имаат можност да го посетат Музејот „Теракота“, културно – историските знаменитости на главниот град, Виничкото кале, Беровското езеро и Малешевските планини. Дефилето во Македонска Каменица е закажано за в недела на 15 септември каде е планирано да има и концертен настап.

Во вторник на 17 септември фолклористите ќе имаат настап и концерт во Берово, а за последниот ден од фестивалот е планирано да имаат состанок со лидерите и кореографите за и околу фестивалот.

Повеќе...

zfk213.09.2013 Двете кочански женски фудбалски екипи кои по две одиграни кола се на првите две позиции неделава се среќаваат со двата битолски претставника во лигата.

ЖФК „Кочани“ ја пречекува екипата на „Конзули“ во натпревар што се игра в сабота точно напладне. По победата над „Тиверија Истатов“ минатото коло во најважниот натпревар сезонава, повеќе од реално е да се очекува дека најголемиот фаворит ќе го продолжи победничкиот од и ќе прокнижи нови три бода пред домашната публика.

Нешто потешка задача колово ќе има „Иднина С“ која гостува во Битола против „Топ гол“, иако важи за фаворит на тој натпревар. Самоуверени пред натпреварот се и фудбалерките на клубот од Оризари, кои исто така имаат капитал од 6 бода по првите две победи над „Ас Јунајтед“ и „Единство“.

Повеќе...

Ruen-Stecaj-112.09.2013  Пропадна и четвртиот обид “Руен Интернешнал Технолоџис“ да се продаде. Фабриката и понатаму останува во стечај и без нов сопственик.

Никој не покажал интерес да го купи имотот на фирмата што со оглас беше понуден на продажба во три пакети. До средината на оваа недела, до кога требаше да се приберат писмените понуди од евентуалните купувачи, кај новоназначениот стечаен управник Велин Митевски не пристигнала ниту една понуда.

Поради тоа, Одборот на доверители на “Руен“ решил имотот на фабриката да се продава по петти пат, при што нема да има промени во условите за проджба.

Повеќе...

Ogrevno-Drvo12.09.2013 Порачале дрва за огрев, но се уште ги чекаат. Со ваков проблем се соочуваат стотици семејства во Кочани. На плацот на Шумско стопанство „Осогово“ има само неколку стотина просторни метри дрва.

Причината е што се одоцни за нивен транспорт од шумите, а таму чекаат 5000 метри кубни кои нема кој да ги дистрибуира.

Од Шумското стопанство нема одговор зошто тендерската постапка пропаднала.

Граѓаните се нервозни. Загрижени се што не можат навреме да ги складираат дрвата. Првите дождови пристигнаа, а временската состојба за септември и октомври не е најповолна.

Повеќе...

bolnica-212.09.2013 Целосно ќе бидат заменети старите со нови ПВЦ прозорци и врати во службата за систематски прегледи на ученици и студенти, информираше директорот на Здравствен дом - Кочани Иван Спанчевски. По замената ќе следува варосување и средување со што ќе се добие подобар амбиент во просториите каде се прегледуваат ученици и студенти.

Во Општата болница ќе бидат заменети прозорците и вратите во повеќе одделенија, хирургија, ортопедија, интерно, рентген, шок-соба, како и во просториите на болничката аптека. Ќе бидат реновирани и шалтерите, информираше директорот на болницата Дејан Апостоловски.

Со тоа значително ќе се зголеми енергетската ефикасност, ќе се подобри амбиентот и условите во болницата.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 75 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click