Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

soobrakjajka-plostad429.08.2013  Пешак се здоби со полесни повреди во сообраќајна незгода што претпладнето се случи во близина на градскиот плоштад.

Во моментот кога средовечниот маж ја преминувал крстосницата на улиците “Браќа Ставреви“ и „Љупчо Сантов“ во него удрило такси возило, кое се движело во правец на населбата Доклевец. Од ударот на пешакот му биле нанесени повреди на ногата, по што веднаш бил префрлен во амбулантата во непосредна близина на случката.

По укажаната прва помош, беше повикано возило на итната медицинска помош по што повредениот е префрлен во кочанската болница.

Повеќе...

borenje29.08.2013  На првиот меморијален турнир „Александар Калајџиев“ во Радовиш настапија 10 борачи на „Спартак “ во конкуренција на кадети и пионери, предводени од тренерот Зоран Митев.

Трети места кај кадетите освоија Глигор Анев во категорија до 63 и Андреј Анчев до 69 кг.

Со бронзен медал, пак, кај јуниорите се закитија Мартин Пешов, категорија до 54 и Столе Ефтимов до 47 кг.

На турнирот настапија вкупно 80 борачи од 8 клуба.

Повеќе...

poeti127.08.2013  Во живописниот амбиент во село Бели кај столетниот даб, пред насобраната публика поети од годинешните „Струшки вечери на поезијата“ читаа своја поезија.

Од Македонија беше присутен еден учесник Бобан Богатиновски од Куманово. Поезија на свој јазик читаа кинезите Беи Та и Лонг Куан, Усман Сарус од Сенегал, Шармина Реј од Индија и Аурелија Ласак од Франција.

Станува збор за средба која по седми пат се  организира во Кочани во склоп на манифестацијата „Топол културен бран“. Гостите презадоволни од гостопримството на кочанци како и од убавините на градот на оризот.

Повеќе...

grabez30.08.2013  Крадците во Кочани синоќа не мируваа. Извршија серија провални кражби на трговски дуќани на улицата “Тодосија Паунов“, во близина на шумското стопанство.

Иако објектите се наоѓаат на прометно место, крадците со помош на соодветен алат ги разбиле влезните врати, без страв влегле внатре и украле дел од стоката.

Сопствениците на дуќаните дури изутрината забележале дека ги посетиле неканети гости кои им направиле материјална и финансиска штета. Вознемирени од случката, тие се уште правеа попис на она што недостасува, обидувајќи се да пресметаат колку се оштетени.

Повеќе...

oriz-opstina-turci527.08.2013  Продолжува турско-македонската соработка во производството на ориз и воведувањето нови сорти на кочанските полиња.

Претставниците од Агенцијата за соработка и координација ТИКА дојдоа во Кочани за да видат како, неколку месеци по започнувањето, тече проектот за испитување на турските семиња што пролетта беа засеани на површините на Земјоделскиот институт. На средбата во Локалната самоуправа дојдоа и претставници од македонското Министерство за земјоделство, како еден од партнерите во реализацијата на проектот.

Турските претставници рекоа дека се задоволни како досега се одвиваат активностите и најавија проширување на соработката и нова фаза во започнатиот проект.

Повеќе...

pogrebalno129.08.2013  Пет месеци се чека одлуката на Вишиот управен суд во Скопје во врска со поднесената жалба на друштвото за погребални услуги “Погребално“ ДООЕЛ – Кочани, кое се жали затоа што нема добиено лиценца за работа од надлежните во Министреството за транспорт и врски. Заради тоа не смее да ја извршува дејноста за кое е регистирирано, па шестмината вработени практично се на платен список и земаат плата, а не работат ништо.

На седницата на Советот на Општината беше речено дека вината воопшто не е кај претпријатието, затоа што оттаму уредно ја поднеле сета потребна документација за добивање лиценца, но биле одбиени.

Причините за тоа се пропусти во законските одредби за тоа кој може да биде основач на фирма штго ќе дава погребални услуги, а во случајот тоа е Локалната самoуправа на Кочани.

Повеќе...

Kosarka 227.08.2013 Ако се суди според резултатот од пријателскиот натпревар во Кочани, „Баскет Дино“ има конкурентна екипа и во М-18 и во М-20 лигата, доколку регистрацијата на втората во Кошаркарската федерација на Македонија помине во најдобар ред.

Во спортската сала кај Гимназијата, комбинираната екипа на Сашко Лазаров славеше убедливо над конкурентскиот состав  на „Гостивар“ со 103:48. Во вториот натпревар Лазаров се одлучил да испроба нови тактички варијанти, па на паркетот истрча со втората постава. И во таква ситуација неговите кошаркари повторно дојода до победа, но изразена со само 5 коша разлика.

Иако замислен како турнир на кој  треба да се тестира формата во очекување на почетокот на новата сезона, замислата се сведе само на двомеч, поради тоа што во Кочани не допатува екипата на „Пелистер“ од Битола.

Повеќе...

skolo grdovci30.08.2013  Земјоделска механизација и неуреден двор ќе ги дочекаат учениците во Грдовци на првиот ден од новата учебна година.

На секој ќош во училишниотг двор се забележуваат плугови, рала, тракторски приколки и коњски коли натоварени со сено, оставени во околината како грда слика на несовесноста. Освен тоа тие можат да бидат и потенцијална опасност за најмладите за време на одморите меѓу часовите.

Прашањето за комуналниот ред во дворот на подрачното училиште “Никола Карев“ се најде како забелешка и на советниците, кои побараа проблемот навремено да се реши.

Повеќе...

sudenje726.08.2013  По шестмесечно одложување конечно беше сослушан еден од клучните сведоци во судскиот претрес против поранешните први луѓе на кочанската Полициска станица, Ванчо Тодоровски и Санде Стојменов.

Оштетениот Ванчо Јованов, кој подолго време живее и работи во Италија, пред судот сведочеше за начинот на кој командирот на полицијата од него изнудувал пари и друга материјална корист.

Се започнало откако во 2006 година се случило разбојништво во домот на Јованови во селот Цера, при што родителите биле ограбени и малтертирани. Со ветување дека сторителите ќе бидат откриени, командирот му побарал пари.

Повеќе...

vodovod-smetki227.08.2013 Потенцирајќи дека се работи за облигациони односи, директорот Папазов тврди оти „Водовод“ не го злоупотребил правото со едностраното раскинување на договорот, додавајќи дека претпријатието ќе ги сервисира услугите и за граѓаните кои не платиле повеќе од две сметки.

- Бројката на редовни плаќачи е 950, на кои ќе им доставиме дописи со кои ќе ги известиме колку акумулирани средства им  стојат на располагање, рече Љупчо  Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Откако комуналното претпријатие ги фиксираше собраните средства, сега прави анализа, кога граѓаните  ги склучиле договорите и колку сметки платиле.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 128 гости и нема членови


web counter



qr code