Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

bojan-serafimov429.08.2013  Двата бронзени медали на 17 годишниот виничанец Бојан Серафимов на светските Олимпијадите по математика и информатика во Австралија и Колумбија, повод за прием од страна на првиот човек на општината Емил Дончев.

Третото место на натпреварот по информатика Серафимов го освои во конкуренција на 299 учесници од 80 земји на јубилејната 25-та Интернационална олимпијада, што се одржа во Бризбен минатиот месец. Вонредниот успех го повтори неодамна и на натпреварот по математика во Санта Марта, каде беше дел од шестчлената македонска репрезентација.

-Натпреварите беа тешки, самиот збор светски кажува нешто, дека се натпреваруваат стотина земји. Од секоја држава е избран тим од четири или шест учесници и беше многу позитивно искуство-рече Бојан Серафимов.

Повеќе...

javno-wc130.08.2013  Монтажниот јавен тоалет што минатото лето Општината го постави до Центарот за култура се уште стои на истата локација, без да ја извршува намената.

Неговото поставување тогаш се оправда со потребите на манифестацијата “Град на културата“. Но, протестот на граѓаните кои живеат во непосредна близина влијаеше постапката за негово профункционирање привремено да биде запрена.

Сепак, прашањето за работењето на овој јавен тоалет во централното градско подрачје не доби соодветен третман, па беше актуелизирано на последната седница на Советот.

Повеќе...

grcijakola26.08.2013  Македонската гранична полиција регистрираше нов случај на оштетување на возило, пријавен од страна на македонски државјанин кој престојувал во Грција.

Виничанецот Д.А. кој управувал автомобил  марка “Пежо”, со струмички регистарски ознаки, на граничниот премин Богородица пријавил дека во местото Калитеа му била изгребана левата страна од возилото по целата должина. Оштетувањето не било пријавено во грчката полиција. 

Со овој новорегистриран случај, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција биле регистрирани вкупно 57 оштетувања на возила и одземања на регистарски ознаки.

Повеќе...

ciflik229.08.2013  Верници од сите населени места во кочанско и пошироко традиционално и годинава во голем број го посетија манастирот кај Чифлик. Масовно присуство имаше како на претходниот, така и на денот на Успението на Пресвета Богородица.

-Традицијата била и останува, масовна посетеност на манастирот. Овде, овие два дена можеби ќе има и над 2000 верници кои го почитуваат култот кон Пресвета Богородица, рече Васо Николовски, свештеник.

И од црковниот одбор велат дека оваа традиција на прославување е столетна.

-Постари луѓе раскажуваат дека датира од времето на бараќата Св. Кирил и Методиј. Годинава се пости, па за присутните подготвиме грав и ориз- вели Илчо Нисов, претседател на црковниот одбор.

Повеќе...

komisija26.08.2013 Извештајот за полугодишното финансиско работење на „Водовод“ го презентираше директорот Папазов на седница на комисијата за финансии, буџет и локален економски развој. Тој рече дека претпријатието бележи зголемена инвестициона активност поради проектите од КФВ заемот со замената на потисниот цевковод, а очекува ефектите од технички и финансиски аспект кои беа проблематични на стартот од годината, да се почувствуваат наскоро.

-Знаете и самите дека во извештаите за 2012 година и почетокот на 2013 имавме лош сооднос на испорачаната и фактурираната вода - подвлече Љупчо Папазов, директор на КЈП „Водовод“.

Тој ја посочи и инвестицијата од „Кочани 2“ со која беа замените дел од пумпите во бунарскиот систем Грдовци и старата филтер станица.

Повеќе...

jakimovo29.08.2013  Одбележан верскиот празник “Св. Јоаким Осоговски“, патрон на храмот и слава на село Јакимово. Утрово се служеше света литургија, а околината на објектот поладнево беше полна со верници од повеќе краеви.

Тие, презадоволни од условите во храмот и црковно-народната прослава

-Прекрасно е, има многу народ. Навистина е ретко да се видат толку голем број верници на едно место, вели посетител.

-Доаѓаме секоја година. Палиме свеќи за здравје на  најблиските, вели средовечна жена  од Јакимово.

Повеќе...

komisija726.08.2013 Помалку интересен за дискусија беше кварталниот извештај за извршувањето на буџетот, што е помало во однос на минатата година. Според раководителот на секторот за финансии Ирина Хаџиева, тоа се должи на изборите во март, што било причина Општината да доцни со доставувањето на решенијата за даноци, комунална такса, како и лицитациите за градежно земјиште. За Хаџиева интересни се неколку ставки на приходната буџетска страна

-Тоа се другите неданочни приходи, каде имаме остварување од 201 %. Во суштина тоа не е вистински приход, туку овде влегуваат и донациите што ги примивме оваа година од прекуграничните проекти за етно- куќата и модернизација на инфраструктурата - рече Ирина Хаџиева, раководител на сектор за финансии.

Повеќе...

dab-beli-krst426.08.2013  Уште едно верско обележје доби манастирот “Св. Илија“ кај дабот кај село Бели. Светлечки крст, со златно-жолта  основа и височина од 1,5 метар е поставен на кровот на црковниот објект.

Го изработи и го донираше фирмата  “Студио 5“ од Скопје, која се занимава со изработка на светлечки  реклами. Во внатрешноста на крстот се поставени флуоросцентни светилки и замислата е преку ноќ да го осветлува целиот простор.

Сопственикот на фирмата, кој потекнува од Кочани, вели дека и претходно дал своја донација за манастирот, која е поставена над главниот влез.

Повеќе...

Bogorodicni-postovi-426.08.2013 Во последно време младите повеќе ги почитуваат црковните правила поврзани со исповед и причест, а повозрасните си тераат по свое и ретко доаѓаат на исповед. Од кочанскиот храм „Св. Вмч. Ѓеорѓи“ непосредно пред празнувањето на празникот Голема Богородица апелираат дека верниците   на исповед треба да појдат навреме неколку ден пред празникот, затоа што групно исповедување во православната вера не постои.

-Апелирам до сите верници, посебно до оние повозрасните над 60 години дека пред да пристапат кон светата тајна причест треба да се исповедаат и да побараат благослов од духовникот. Исповед треба да направат неколку дена пред да се причестат затоа што на самиот ден на празникот не е можно голем број луѓе да се исповедаат, а групен исповед во православието не постои, вели   Димитар Арсовски, ѓакон.

Повеќе...

vera526.08.2013 Аплаузи и враќање на бис за сопранот Вера Данилова која со својот моќен глас во петокот буквално ја освои публиката во салата на Спомен домот „АСНОМ“. Кочанската публика имаше ретка можност да ужива во исполнувањето на аријата на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, аријата на Виолета од операта „Травијата“, како и дела од Белини, Росини, Ардити, Пучини, Верди.

Вера Данилова настапи со пијано придружба на Елизабета Ѓорѓиева, директор на ОМУ „Ристо Јуруков“. Задоволната кочанска публика со силен аплауз знаеше да го награди квалитетот.

На крајот од концертот Данилова беше опсипана со подароци, а таа пак не можеше да го сокрие задоволството и солзите радосници кога настапува пред своја публика.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Делумно облачно
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 138 гости и нема членови


web counter



qr code