Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Gasifikacija01.08.2013  Најавите за изградба на гасоводна мрежа во државата и добивањето поевтин енергенс за домаќинствата, меѓу грѓаните веднаш ја пробудија љубопитноста колку тоа нив ќе ги чини. Засега никој со сигурност не може да даде пресметка колкав ќе биде вкупниот трошок за приклучување на гасоводната мрежа, ниту пак колкави месечни сметки ќе се плаќаат. Сепак, експертите од областа на енергетиката, ги имаат првичните проценки, за што се земаат искуствата од соседните земји.

- Едно е да биде една куќа, а друго е да биде висока зграда кај што има 10 ката. Сепак, приклучок на разводната мрежа би требало да се движи од 400 до 800 евра по еден објект, и зависи од тоа колкав е, рече проф. д-р Константин Димитров, член на Центарот за енергетска  ефикасност на Македонија - МАЦЕФ.

Повеќе...

planinari-3405.08.2013 ПСД „Осогово“ за Илинденските празници организираше искачување на највисокиот врв на Балканот, Мусала во Р. Бугарија на 2925 метри надморска височина.

Акцијата беше од меѓународен карактер.

На Мусала се искачија 20 членови на ПСД „Осогово“. Искачувањето воедно се вклопи и со прославата на денот на планината Рила, кој традиционално се одбележува на 3 и 4 август.

Акцијата беше организирана беспрекорно од страна на ПСД „Осогово“. Кочанските планинари велат дека настанот бил организиран добро и од страна на домаќините.

Повеќе...

mobilnost1001.08.2013 Изложба на ракотворби од членовите на Здружението „Мобилност“ беше отворена во фоајето на ЦК „Бели Мугри“.

Ја посетија голем број граѓани кои беа заинтересирани да си купат дел од рачно изработените дела.

- Членовите на нашето здружение овие ракотворби ги изработуваат рачно во рамките на своите можности. Во нивните дела е вложен голем труд и напор, истакна Горан Војновски, претседател на „Мобилност“.

Членовите на „Мобилност“ иако со хендикеп, изработувањето на ракотворбите им претставуваат единствена занимација која ги одржува во живот.

Повеќе...

sah-105.08.2013 Пласман во рамките на очекувањата или можеби за нијанса подолу оствари ГШК „Кочани“ на XXII „Екипен Шампионат на Македонија во шах“ што се одржа во хотелот „Дрим“ во Струга. 3 победи, 3 порази и едно реми е билансот на кочанските шахисти по 7 одиграни кола.

Во последното коло „Кочани“ – „Кисела Вода“ 1,5:4,5 поени.

Ремизираа Ерменков – Симјановски, Мархолев – Кутиров и Гочев – Петковски,
а поразени беа Стаменков против Георгиев, Милосиев против Трајкоски и Стојчев против Пауновски.

Останати резултати:

Повеќе...

sport-801.08.2013 Пласман во финалето на годинешните ИСИ обезбедија екипите на Чешиново и Соколарци кои ќе го играат завршниот натпревар на 2 Август.

Во полуфиналето Чешиново го совлада Таринци со 1:0, а Соколарци славеше над Зрновци со ист резултат.

На Илинденските спортски игри оваа година учествуваа 12 фудбалски екипи, меѓу кои освен оние од Општина Чешиново-Облешево, учесници имаше и од околните општини Кочани, Зрновци и Карбинци.

Во склоп на Илинденски спортски игри се организираше и шаховски турнир, трки во велосипедизам и влечење на јаже.

Повеќе...

Stecajci6701.08.2013  Кочанските стечајци и понатаму ќе се состануваат под ведро небо. Иако најавија, се уште не ја започнале постапката за формирање ново здружение, кое ќе биде независно од кумановското УНИТ, каде сега членуваат.

Неговото формирање е условот што им го постави градоначалникот Димитровски за да ја добијат на користење салата на Мултикултурниот центар.

На состанокот што го одржаа кај Центарот за култура рекоа дека иако нашле начин да ја обезбедат потребната сума пари за регистрација на ново здружение, наишле на нова пречка што не знаат како да ја надминат.

Повеќе...

isi05.08.2013 Фудбалската екипа на Чешиново триумфираше на Илинденските спортски игри. Со финалниот натпревар против Соколарци во кој домаќините на турнирот славеа со 3.1, беше спуштена завесата на 41-то издание. Победата, повод за големо славје на теренот и трибините.

Фудбалерите го добија заслужениот пехар, а наградата за најдобар фудбалер на игрите му беше доделена на Мирче Натков од екипата на Чешиново.

- Да се биде најкорисен играч на турнир е голема работа. Да бидеш најдобар на првенство со многу екипи е голема чест. Оваа година имаше мошне добри екипи, а најтежок беше финалниот натпревар -рече Мирче Натков, фудбалер.

Повеќе...

most201.08.2013 Заврши изградбата нa армирано- бетонскиот мост на Голема река во Полаки.

Градоначалникот Ратко Димитровски, во придружба на претседателот на месната задница од Полаки, свечено го пушти во употреба.

-Големо е задоволството што се собравме овде за Илинден за да го пуштиме во употреба мостот што им го ветивме на жителите на Полаки. Истиот беше завршен побрзо од очекувањата, односно за нешто повеќе од два месеца откако започна изградбата. И понатаму остануваме на заложбата за подобрување на условите за живот во пасивните краишта. Полаки порано беше најголемо село со 1500, а денес има само 113 жители.

Повеќе...

sport01.08.2013 Турнирот го организираше Локалната самоуправа, а „Дружината на Вацко“ до триумфот дојде откако во финалето ја совлада екипата на „Уметници“ со резултат од 16:13.

Третото место и припадна на екипата на „Дуо трио“ која во малото финале беше подобра од екипата на „Елемент“ со 16:07.

За најдобрите следуваа скромни подароци што ги обезбеди Локалната самоуправа.

Со оглед на тоа што за учество беа пријавени осум екипи, истите беа поделени во само две групи, а вкрстија двете првопласирани екипи.

Повеќе...

trkanje431.07.2013  Неподнослива смрдеа се шири од фекалиите што истекуваат на влезот на Тркање, во близина на бензинската пумпа “Еко-оил“. Поради затнување на канализационата цевка, отпадната вода излегува низ една од шахтите. Тече по коловозот и доаѓа дури до магистралниот пат М-5.

Жителите кои имаат куќи во непосредна близина се жалат дека со високите дневни температури смрдеата уште повеќе се чувствува, па дома не можат да отворат ни прозорец. Освен тоа, приморани се после секое движење по улицата пред влегување во домовите да ги мијат обувките од фекалната вода.

Загрижени за состојбата во која живеат, помош побараа од Локалната самоуправа.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 151 гости и нема членови


web counter



qr code