Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Novo-Vozilo-Vodovod01.08.2013 51.500 евра чини новото возило за собирање цврст отпад што влегува во возниот парк на КЈП “Водовод“.

Најголем дел од парите, како донација ги даде јапонската влада, а дел обезбеди и Општина Кочани.

Возилото е од италијанската марка “ивеко“ со специјално вградена опрема од српскиот производител “Ватроспрем“.

Пред новинарите и јавноста возилото беше презентирано во стопанскиот двор на претпријатието, при што беше речено дека со своите карактеристики тоа треба да овозможи поефикасно извршување на услугите.

Повеќе...

vanco331.07.2013  Судбината си поиграла со 57-годишниот Ванчо Ефтимов од Кочани кој останал да живее сам во својот скромен дом.

Тешко подвижен, поради неколкуте мозочни удари што ги преживеал, врзан е за креветот. Вели дека со социјалната помош одвај се снабдува со потребните лекови, а за храна не му остануваат пари.

Бил вработен во “Бетон“ каде поминал 27 години, но стажот не му е платен за 6, па иако му било ветувано, пензија се уште не зема. Се лекувал неколку пати, но здравствената состојба и понатаму е без промени, па освен движењето, отежнато му е и зборувањето. Не може да ја поправи скормната куќарка, па се плаши дека може да му се сруши врз глава.

Повеќе...

vodovod1001.08.2013 Комплетно нова водоводна, канализациона и атмосферска мрежа постави КЈП „Водовод“ во новоизградените станбени објекти во Кочани. Се работи според сите стандарди и пропишани димензии, истакнаа од претпријатието.

-Посебно ги ставаме и ja одделуваме атмосферската од канализационата мрежа, значи ги поставуваме посебно. Во последно време работиме на тој начин секаде и ставивме адекватно комплетна водоводна мрежа, истакна Александар Ефтимов, технички директор на КЈП „Водовод“.

Екипите на „Водовод“ за време на верските празнувања по повод празниците Св. Петка и Св. Пантелејмон ќе им бидат на располагање на лицата кои ќе ги посетат манастирите со тоа што ќе им бидат обезбедени цистерни со вода како и чистење на патиштата.

Повеќе...

iftar30.07.2013 Богата трпеза по повод месецот на постот Рамазан организираа муслиманските верници во кочанската џамија. На традиционалната средба наречена рамазански ифтар оџата со поздравна молитва им порача на верниците да се почитуваат меѓу себе , да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување.

-Сите веруваме во еден Бог во еден севишен. Алах како заповед ни даде да постиме во сите вери. Возвишениот во наша корист ни го препорачал месецот на постите Рамазан пред се за здравјето, за воздржување од храна, пиење и телесни задоволства и на тој начин внатрешно и надворешно да се смириме, рече Мехмед Ариф Кочак , имам во кочанската џамија.

На рамазанскиот ифтар присуствуваше и градоначалникот Димитровски кој рече дека и понатаму ќе се залага за меѓусебно почитување и рамноправност без разлика на вера и припадност.

Повеќе...

Legalizacija31.07.2013 5 до 12 е за сите соптвеници на бесправно изградени објекти на земјоделско земјиште кои сакаат истите да ги легализираат.

Барањата се поднесуваат во Локалната самоуправа каде досега примиле точно 40 .

-Сакам да напоменам дека рокот истекува на 2 август. Очекуваме дека по обичај на нашиот народ тоа да се прави во последен момент, да се јават и други сопствените, а рокот за поднесување на барањата нема да биде пролонгиран-рече градоначалникот Димитровски.

-Тој додаде дека Локалната самоуправа стриктно ќе се придржува до законот кога е во прашање рокот за легализација на бесправно изградените објекти на земјоделско земјиште.

Повеќе...

crkva30.07.2013  Осумдесетина години старите објекти на манастирот “Св. Јован Опсечен“ во Горни Подлог започнаа да се реновираат. Работите се изведуваат по иницијатива на селскиот Црковен одбор, откако било согледано дека условите што досега дел од објектите ги нудат не ја задоволуваат нивната намена.

Членовите на одборот работат според однапред одредени приоритети, при што веќе се наѕираат дел од започнатите реновирања и доградби.

- Чешма, скара, фурна, овде планираме да изградиме еден шанк со скара, за кога луѓето ќе дојдат да можат да се послужат сами. Целиот инвентар од црквата им стои на располагање, рече Мијалчо Манчов, претседател на МЗ Горни Подлог.

Повеќе...

EVN31.07.2013 Пет кражби на електрична енергија откриле екипите на ЕВН Македонија КЕЦ Кочани во првата половина од 2013 година. Петте лица кои краделе струја го оштетиле претпријатието за околу половина милион денари или 30 илјади киловат часови нелегално потрошена електрична енергија. Кражбите се третираат по новиот закон според кој освен парична, предвидена е и затворска казна.

-Имаме откриени пет кражби кои се веќе во судска постапка. Две се веќе со платени пресметки и останува само судската постапка. Треба да се напомене дека овие кражби ќе се третираат спорфед новиот закон според кој се предвидува до 5 години казна затвор. Пресметки се дека претпријатието од споменатите кражби е оштетено за околу половина милион денари, рече Кирил Андонов, раководител на ЕВН - КЕЦ Кочани.

Повеќе...

policija230.07.2013 Празникот 2 август годинава е поврзан со викенд деновите, а со оглед на тоа дека е и временски период на користење годишни одмори , се очекува масовно оддалечување на граѓаните од своите домови. Затоа СВР Штип и ПС Кочани апелира до сите граѓани пред да се оддалечат од своите домови да ги преземат сите неопходни мерки за заштита од вршење кривични дела. Да си ги заклучат влезните врати, терасите, балконите, гаражите, подрумите и прозорците.

Исто така апел упатува и на учесниците во патниот сообраќај да се однесуваат согласно законските правила и прописи. Да не управуваат под дејство на алкохол, да ја приспособат брзината на условите и состојбата на патот, како и да управуваат со соодветна важечка дозвола.

Повеќе...

Obuka-Javor31.07.2013  Општините Зрновци, Чешиново-Облешево, Виница, Карбинци и Македонска Каменица се опфатени со проектот за подобрување на управувањето со животната средина на локално ниво преку извршувањето на јавните услуги и креирање капацитети.

За претставниците од локалните самоуправи се одржа обука за добивање т.н. Б-интегрирана еколошка дозвола. Носител на проектот што започна во април и трае шест месеци е Здружението за рурален развој “Јавор“ од Зрновци.

Проектот треба да придонесе за зголемување на квалитетот на услугите обезбедени од локалната самоуправа во делот на заштитата на животната средина особено во делот на одобрување на Елаборати за оценка на влијание врз животна средина, односно доделувањето на таканаречената Б-интегрирана еколошка дозвола.

Повеќе...

Osogovo30.07.2013 Разрешницата на клинчот во кој влегоа двете струи кои водеа битка за легитимитетот над клубот конечно се случи на повтореното или вонредно, сеедно, годишно собрание на ФК „Осогово“, што се одржа во клупските простории.

Во хаотична атмосфера каде сите, а особено фудбалерите грчеа раменици и го очекуваа конечниот епилог, градоначалникот Димитровски во главна ролја ја одби улогата на арбитар кога ги изнесе оформените позиции по заедничките разговори.

Иако навидум беше донесено соломонско решение, за тоа немаше голема потреба затоа што двете страни однапред се откажаа од тврдите позиции и беа отворени за компромис.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

25°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 61%
Ветер: West при 4 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 147 гости и нема членови


web counter



qr code