Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

metalna321.08.2013 Новата реформирана насока од електро струката „Електроинсталатер и монтер“ во СОУ „Ѓошо Викентиев“ неатрактивна за идните средношколци. Станува збор за насока која се реформираше од оваа учебна година. Се пријавил само еден ученик, информираше директорот на училиштето Димче Сребренов.

Тој не знаеше да ја објасни причината за незаинтересираноста на учениците за насоката, само рече дека учениците биле навреме информирани и запознаени дека има нова реформирана насока во училиштето која им е на располагање на сите.

Сребренов истакна дека од досега запишаните ученици биле формирани 10 паралелки, недостасуваат цели две за да ги формираат предвидените 12.

Повеќе...

manastir321.08.2013  За една година заврши комплетната реконструкција на манастирот “Свети Ѓорѓи“ во Тркање.

Старите ѕидови на објектот беа целосно срушени и на нивно место се подигнаа нови, при што е направено и проширување на површината што тој го зафаќа. Дополнително, надграден е и покривот за над еден метар, со што манастирот доби во височина.

Членовите на Црковниот одбор велат дека градежните активности завршиле според планирањата, а голем приодонес дале жителите на Тркање, со бесплатно работно ангажирање, но и со финансиска помош.

Повеќе...

kosarka2121.08.2013 „Баскет Дино“ влегува во втората фаза од подготовките за новата сезона.

Десетина дена ќе се одработуваат кондиционите тренинзи, а потоа се продолжува со работа во сала.

-Работиме секојдневно на градскиот стадион, а вториот дел ќе се состои од индивидуални тренинзи во сала комбинирани со кондициони подготовки-рече Сашко Лазаров, тренер.

„Баскет Дино“ за претстојната сезона пријави три генерации екипи, во М20, М18 и М14 лигата. Првенствата почнуваат на крајот на септември и почетокот на октомври.

Повеќе...

zaev320.08.2013 Лидерот на СДСМ Зоран Заев гостуваше во Кочани во рамки на општинската партиска конференција на која во центарот на вниманието беше изборот на новиот претседател на ОО на СДСМ. Му го додели мандатот на Сашко Костов, истакнувајќи дека кочанската е една од општинските организации кои посебно го мотивираат во водењето на најголемата опозициска партија.

- Моето право согласно партискиот статут да избирам претседатели на општинските организации го споделив со најактивните членови кои носат функции. Заеднички по пат на дебата заклучивме дека нашиот сопартиец Сашко Костов е најпогодното решение за претседател на Општинската организација во Кочани-рече Зоран Заев, лидер на СДСМ.

Повеќе...

ORIZ-320.08.2013  Кочанскиот ориз повторно е тема на интересирање на турските бизнисмени.

На средбата што во Локалната  самоуправа се одржа меѓу стопанска  делегација од регионот на Измир и домашните претставници на земјоделските производителски здруженија и на преработувачите, се разгледуваа можностите за проширување и зајакнување на соработката.

Таа на почетокот од годината беше воспоставена со обезбедувањето турски сорти ориз за кочанските земјоделци, а сега бизнисмените од Турција се интересираат за инвестиции во производството, преработката и откупот на оризот.

Повеќе...

bolnica20.08.2013 Кочанските лекари не се доволни. Општата болница аплицирала за посета на специјалисти и субспецијалисти од универзитетските клиники од државата за вршење прегледи на пациентите. Директорот Дејан Апостоловски истакна дека кочанската болница аплицирала за добивање доктори хирурзи и гинеколози, бидејќи во моментов тие се најнеопходни. Тој додаде дека неизвесно е колку и какви специјалисти ќе им бидат пратени.

Мерка на посета на специјалисти ќе стартува од први септември како дел од проектот „Дисперзирана клиника“ со кој еминентни и веќе докажани доктори од здравствените установи од Скопје и Охрид ќе даваат здравствени услуги на пациентите низ клиничките и општите болници во останатите градови низ државата.

Повеќе...

investicii420.08.2013  Од средината на идниот месец ќе биде отворена веб-страница со детални информации за најмалку 400 моментно неискористени хали и објекти во Македонија кои наскоро ќе бидат ставени во функција и ќе им бидат на располагање на потенцијалните инвеститори.

Се очекува на списокот да се најдат и неколку објекти на поранешни стопански капацитети во Кочани кои по пропаѓањето не најдоа свои купувачи и стојат празни. Со јавното објавување на интернет, на инвеститорите треба да им се овозможи да добијат комплетни податоци за расположливите капацитети веднаш, на едно место, без да талкаат по шалтери и најразлични служби.

Според премиерот Груевски, веќе имало заинтересирасни странски компании да вложуваат кај нас, при што за тоа побарале и погодни објекти.

Повеќе...

Goso-Vikentiev-Ucebnik-220.08.2013 Учениците од втора година од СОУ „Ѓошо Викентиев“ од септември лекциите по одредени предмети нема да ги запишуваат на рака диктирани од професорите. Излезе учебникот по предметот „Осветлување и инсталации“ напишан од професори вработени во училиштето. Полека но сигурно се комплетираат учебниците по стручните предмети. Минатата година исто од професори вработени во кочанското училиште излегоа два учебника редовен и изборен по предметот „Увозна механизација“ за трета година машински техничар. Автори се Димче Сребренов, актуелен директор во училиштето, Петруш Сенесов, заменик директор и професорот Гоце Зашев.

На учебникот од електроструката „Осветлување и инсталации“автори се професорите Тони Велков и Игор Митев.

Повеќе...

Marihuana-420.08.2013  29-годишниот Р.Л. и 38-годишниот С.А., и двајцата од Кочани, заработија кривичнa пријавa за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги и психотропни супстанции“.

Според извештајот од полицијата, во текот на март годинава, првопријавениот набавувал наркотична дрога „марихуана“ од негови пријатели од Штип и Скопје. Количините што ги купувал ги носел во домот на второпријавениот, каде им овозможил на неколку лица да уживаат во дрогата.

На 7 март годинава, полициски службеници извршиле претрес над првопријавениот при што билe пронајдени 1,5 грам „марихуана“ и еден џоинт.

Повеќе...

kosarka220.08.2013 На турнирот што ќе се одржи во спортската сала кај гимназијата „Љупчо Сантов“ покрај домашната ќе настапат уште две екипи, „Пелистер“ и „Гостивар“. Тренерот Сашко Лазаров упати апел до љубителите на кошарката да ги проследат пријателските натпревари.

-Станува збор за натпревари во конкуренција М18. Да се сретнеме со колегите и да видиме до каде сме стигнати со подготовките за новата сезона. Ги поканувам сите љубители на кошарката да бидат присутни во салата викендов-рече Сашко Лазаров, тренер.

Точните термини на одигрувањето на натпреварите ќе бидат прецизирани дополнително во текот на неделата.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 41%
Ветер: North при 56 kmh
Вторник4°C/19°C
Среда4°C/18°C
Четврток4°C/21°C
Петок9°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 102 гости и нема членови


web counter



qr code