Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

lesnik29.07.2013 Кочанци се запознаа со проектот „Лешник во Македонија“. На средбата со техничкиот консултант за производство на лешници Италијанецот Џанлука Гризери присуствуваа голем број земјоделци и заинтересирани граѓани за одгледување лешник. Земјоделскиот техничар кој се занимава исклучиво со производство на лешник Италијанецот Џанлука Гризери тука е со цел да го основа проектот „Лешник во Македонија“.

На презентацијата рече дека како што стојат работите во светот се поголема е потребата од производство на лешник бидејќи зависноста од откуп на лешник од Турција е голема. Затоа другите земји треба да се запознаат со начинот на производство и развиток на оваа култура. Во Македонија условите за производство на лешник се идеални.

Повеќе...

dabo229.07.2013  Монографијата “Мите – сцена, живот...“ од авторот Борче Грозданов беше промовирана викендот во манастирот “Св. Илија“ кај Бели.

Книгата, посветена  на актерот Мите Грозданов, низ 13 поглавја и голем број фотографии, претставува сведоштво за неговиот живот и работа на театарската сцена, но и надвор од неа. Со краток монодрамски настап актерот ги потсети гостите на промоцијата на својата бравурозна игра во изминатите четири децении.

Иако пред скромен број посетители, актерот кому му беше посветена промоцијата  рече дека дожиевал убави мигови во дружбата со своите пријатели од Кочани.

Повеќе...

promocija-329.07.2013 Ленче Стоименова, познат раскажувач, поет, автор на драмски и кратки хумористични текстови, афористичар, карикатурист и писател, пред љубителите на пишаниот збор ја промовираше својата петта книга наменета за најмалите „Зборови се редат, приказни се предат“.

Во збирката се поместени 8 интересни раскази прилагодени за детската возраст. Инспирација за пишување и се децата.

-Инспирацијата ја црпам од децата. Откако ми дојде првиот внук на свет, па после и вториот и третиот па почнаа и по два во месецот да дава Бог, веднаш ми дојде инспирација да пишувам за децата. Наредив зборови, испредов приказни за најмалите да читаат. Секој расказ во книгата си има и своја порака, рече авторката Ленче Стоименова.

Повеќе...

film329.07.2013 „Златокоси“, „Мачорот во чизми“ и „Трнорушка“ се анимираните филмови за деца што во склоп на манифестацијата „Топол културен бран 2013“ беа проектирани во ЦК „Бели Мугри“. Филмовите се во продукција на Кинотека на Македонија и Гете институтот.

Нема да биде изненадување ако се каже дека и на оваа манифестација, како и на претходните што се организираат во Кочани, кочанската публика ја имаше во мал број. По апсурдна е констатацијата дека ако не одат кочанци на културни настани не значи дека не излегуваат од дома. Тоа се докажува со фактот дека во моментот на прикажување на филмовите во градскиот парк и трговскиот центар вриеше од луѓе кои спасот од дневните горештини го бараат разладувајќи се навечер шетајќи покрај кејот на кочанска река.

Повеќе...

isi329.06.2013 На фудбалскиот турнир во саботата се сретнаа Балван и Зрновци. Во регуларниот дел натпреварот заврши нерешено 1:1, па победникот беше добиен по изведувањето на пеналите во кои со вкупен резултат од 4:2 во полуфиналето се пласираше Зрновци. Во неделата се одигра и највозбудливиот натпревар во досегашниот тек од турнирот. Ланскиот финалист Чифлик годинава беше стопиран во четвртфиналната фаза. Првото полувреме заврши нерешено 0:0, а резултатската неизвесност на натпреварот траеше до самиот крај, кога со заслужена победа од 2:0 Чешиново се пласираше меѓу четирите најдобри.

Претходно, виза за полуфиналето освен Чешиново и Зрновци обезбедија и Соколарци и Таринци.

Повеќе...

voda26.07.2013  Расте потрошувачката на вода од градската водоводна мрежа. Тоа е условено со порастот на дневните температури, при што во последните неколку денови капацитетите за водоснабдување се користат максимално и се испорачуваат близу 200 литри вода во секунда.

По неодамнешната реконструкција на дел од главниот потисен цевковод отстранети се и дел од причините за честитите прекини во водоснабдувањето.

Од комуналното претпријатие “Водовод“ велат дека рестрикции нема да има, затоа што барем досега граѓаните рационално ја трошеле водата.

Повеќе...

Pantelej-Pat-226.07.2013  Решение за санирање на оштетувањата на патот меѓу Пантелеј и Рајчани допрва ќе се бара. Дотогаш  остануваат дупките на асфалтот што беше поставен пред една година.

Месното население неодамна јавно реагираше дека по новоизградениот пат тешко поминуваат патнички возила и побара Општината да преземе мерки за негова заштита. Дури се заканија и со блокади ако не се спречи натамошното оштетување.

Нивните реакции стигнале и до Локалната самоуправа, од каде веќе направиле контрола на состојбата.

Повеќе...

Pantelej-Pat-226.07.2013  Општините Кочани и Пробиштип повторно се зафаќаат со довршување на проектот за асфалтирање  на патниот правец од Рајчани до Турско Рудари.

Договор за изградба на делницата долга околу 3,8 километри беше потпишан пред околу три години. Тогаш беше обезбедена и финансиска поддршка од Бирото за рамномерен регионален развој во висниа од над 7,5 милиони денари. Во меѓувреме делумно трасата беше завршена, но остана и еден дел што се уште чека асфалт за патот целосно да се комплетира.

За довршување на започнатиот проект се разговараше и на последнбата седница на ИПР што се одржа во Пехчево, при што е добиена поддршка за него и за уште еден проект да се побараат дополнителни средства од Бирото за регионален развој.

Повеќе...

klupi44426.07.2013  Клупите се дефицитарна урбана опрема и во кругот на Општа болница во Кочани.

Потребата од нив е видлива на секоја агол, но досега немало реакција за нејзино решавање. Граѓаните, но и вработените во болницата очекувале дека, иако наизглед маргинално, прашањето ќе добие соодветен третман. Сепак, веќе подолг период за него нема решение, па реакцијата стигна и до Советот на Општината.

- Во кругот на Општа болница нема поставено ниту една клупа. Луѓето кои од амбулантите се упaтени да одат на одделенијата нема каде да приседнат, посебно сега во летниот период. Таму се движат стари луѓе, изнемоштени, сакаат некаде да приседнат да одморат, меѓутоа нема ниту една клупа во кругот, рече Слаѓана Донева, член на Советот на Општина Кочани.

Повеќе...

Parking26.07.2013 Бесплатниот паркинг во центарот на градот ќе биде привилегија за граѓаните до одлуката на Советот, кој треба да даде зелено светло на изборот на временски ограничени простори за паркирање и цената. Советниците на последната седница, како што е познато, со мнозинство гласови ја одложија планираната расправа.

Градоначалникот Димитровски рече дека студијатабила ставена на увид пред пошироката јавност, откако исто така беше потребно подолго време за да ја добие конечната верзија.

-Значи се работи за проект кој го опфаќа паркирањето на 500 паркинг места во градот. Комплетниот елаборат беше на широка јавна расправа. Очекуваме дека одложената точка на дневен ред во Советот во најскоро време ќе биде ставена на разгледување, а откако тој ќе ја донесе одлуката ќе преминеме на наплата на паркирањето во Општина Кочани-изјави Димитровски.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

24°C

Кочани

Умерено облачно
Влажност на воздухот: 65%
Ветер: West при 2 kmh
Петок14°C/28°C
Сабота11°C/21°C
Недела13°C/24°C
Понеделник13°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 79 гости и нема членови


web counter



qr code