X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

klavir416.08.2013  Се уште не се потрошени парите собрани од минатогодишниот концерт на пијанистот Симон Трпчевски во рамки на манифестацијата “Град на културата“. Како што беше најавено, концертот имаше хуманитарна цел, а средствата беа предвидени за поправка и одржување на клавирот во музичкото училиште “Ристо Јуруков“.

Меѓутоа, оттогаш поминаа осум месеци, а на клавирот не се извршени потребните интервенции.

Од Локалната самоуправа, која беше носител на минатогодишната културна манифестација, велат дека плановите за искористување на парите не се променети, но постои можност за набавка на сосема нов и подобар инструмент.

Повеќе...

bran516.08.2013 Се поместува почетокот на втората етапа од манифестацијата „Топол културен бран“. Иако се најавуваше дека ќе започне на 20 август, сепак стартот се пролонгира за три дена.

Наместо со фолклoрен концерт, ќе започне со концертот на сопранистката Вера Данилова. Својот настап таа ќе го има идниот петок, на 23 август, во салата на Спомен домот „АСНОМ“.

Програмските измени во содржините од август се однесуваат и на терминот на Фолклорната вечер. Наместо на 20-ти, настапот на фолкористите ќе се одржи на 27 август на Летната  сцена во Центарот за култура „Бели  мугри“.

Повеќе...

paneli15.08.2013  По искористувањето на геотермалната енергија за загревање, во Кочани започнува посериозно да се искористува и сончевата енергија за производство на струја.

Во близина на оранжериите во Долни Подлог започнаа да работат две централи со фотоволтаични панели, кои произведуваат струја со која би се задоволиле нормалните потреби на дваесетина домаќинства. На проектот за изградба на централите во Кочанско се работеше неколку години, со што се надминати почетните административни бариери за таков начин на комерцијално производство на електрична енергија.

Носител на инвестицијата вредна 10 милиони денари е фирмата “Солар Санс КМ“ од Скопје чиј сопственик и директор има кочанско потекло, што е една од причините централите да се лоцираат овде.

Повеќе...

kanal15.08.2013  Жителите на улицата “Енгелсова“ кај поранешната Дневна нега на “Атом“ повторно немаат мирен сон. Не можат да влезат во долните катови од своите куќи оти им се целосно поплавени.

Нивото на водата од десниот магистрален канал од хидросистемот “Брегалница“ е над објектите за живеење, па по подземен пат им извира во собите.

Една од најзагрозените куќи е на семејството Анакијеви, при што има големи оштетувања на покуќнината. Водата навлегла во куќата и лани за Петровден, а годинава се појавила околу Илинден.

Повеќе...

Klinicki-Centar-Stip15.08.2013 Во изминатите неколку месеци кочанки се принудени испитувањата на дојка да ги прават или на приватно или во Скопје , од причина што мамографот во штипската болница не работи. Тоа воопшто не им оди во прилог бидејќи на приватно е скапо, а за да се оди до главниот град исто така се потребни повеќе финансиски средства отколку испитувањето да се направи во државна клиника.

Оние кои не сакаат да се испитуваат во приватните установи, до пред три месеци кога работеше мамографот, одеа во штипската клиничка болница. Сега истиот не е во функција, а се очекува да проработи во септември.

Мамографот во штипската клиничка болница за време на летото не работи поради недостиг од кадар. Сите итни случаи се прегледуваат на ехо.

Повеќе...

Humanitarni-Akcii-115.08.2013 За разлика од повеќето општини во државата каде има солиден интерес за проектот „Се грижиме за топол дом“, тој кај понудувачите во Кочани е никаков, наспроти големиот број социјално загрозени лица кои се пријавиле за примање помош.

Градоначалникот Димитровски, пак, смета дека идејата на Министерството е само навидум оригинална.

-Министерството за труд и социјална политика научило нешто од работењето на локалните самоуправи. Дел од оваа акција е преземен од она што Општина Кочани го направи пред една година. И сега ги ставаме на располагање ресурсите на Општината, која е должна да го складира донираното и да го обезбеди превозот - рече градоначалникот Димитровски.

Повеќе...

UGD15.08.2013  Префрлувањето на студиските програми на Економскиот факултет од штипскиот универзитет во Кочани не ги поколеба завршените средношколци да се пријават на оваа високошколска установа.

Интересот за упис е на високо ниво, оценуваат од управата на Универзитетот “Гоце Делчев“, и покрај одлуките на ресорното министерство за намалување на квотите за запишување. Во трите дена од првиот уписен рок е пополнета една третина од предвидените слободни места, што во споредба со изминатите години е според очекувањата.

- Интересот е голем стандардно за општествените науки, на Правниот факултет има пријавено над 100 кандидати, а на студиите на Економскиот, иако започнуваат во Кочани, има пријавено над 130 кандидати, рече Кирил Барбареев, проректор за инвестиции на Универзитетот “Гоце Делчев“.

Повеќе...

matura15.08.2013 Седум ученика од СОУ „Љупчо Сантов“ и по еден ученик од Виница, Берово и Македонска Каменица полагаа државна матура. Се полагаше по два предмета англиски јазик и математика основно ниво.

Во „Љупчо Сантов“ прв пат се организира полагање на државната матура за четирите споменати општини. Со оглед на малиот број ученици што полагаат, државниот испитен центар одлучил матурата да се полага во кочанската гимназија.

-Тестирањето започна на време, материјалите беа дистрибуирани во 9.00 часот, тестаторите пристигнаа навреме, материјалите беа поделени, учениците се сместени во две училници. Во едната се полага математика основно ниво, во другата англиски јазик.

Повеќе...

tenis515.08.2013 За Тенискиот клуб „Акаватен“ сезоната е во зенит додека траат пеколните летни денови. Напладне кога паѓаат температурите, земјените терени на СРЦ „Зорик“ ги посетуваат учениците кои допрва почнуваат да ги совладуваат техниките на белиот спорт, оние кои имаат професионални амбиции, полупрофесионалците кои излегле од оваа тениска школа, како и десетици рекреативци.

Најголем интерес има кај децата од 12-16 години. Моментално се подготвуваме за турнир во Бугарија на кој ќе настапат двајца наши тенисери -рече Ангел Колев, тренер во клубот.

На последниот турнир на кој учествуваа тенисерите на „Акватен“, организиран од тенискиот клуб „Југ“ од Скопје, најнадежната млада кочанска тенисерка Даниела Колева беше поразена во финалето, со што го освои второ место.

Повеќе...

ucilista214.08.2013  И покрај тоа пред неколку години им беше дозволено на училиштата да формираат паралелки со помал број ученици, проблемот со намалување на фондот на часови останува нерешен. Факт е дека од година во година наталитетот опаѓа, па во одделенијата има се помалку ученици. Професорите стравуваат дека ќе останат без работа, бидејќи повеќе од сигурно е дека нема доволно ученици за да бидат формирани предвидените паралелки.

Проблемот постои и во кочанските училишта, посебно во средните. Во СОУ „Ѓошо Викентиев“, по направениот распоред, констатирано е дека професорите по општообразовните предмети остануваат без потребниот број часови, додека кај професорите по стручните предмети бројката на часови задоволува, истакна директорот на училиштето Димче Сребренов.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

3°C

Кочани

Дожд
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: NE при 17 kmh
Понеделник1°C/4°C
Вторник-2°C/4°C
Среда-4°C/4°C
Четврток-2°C/6°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click