X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Pantelej-Penzioneri12.08.2013  Повеќе од 2000 пензионери од 20 здруженија во Македонија дојдоа на традиционалната средба во манастирот “Св. Пантелејмон“.

Кочанските пензионери кои беа нивни домаќини и организатори на средбата и годинава се потрудија добро да ги пречекаат и да ги угостат своите гости. Со организиран настап на музички групи и подготвен манастирски ручек за сите пријавени пензионери, викендот помина во незљаборавна дружба и веселба.

- Супер е смислено, ние на повеќе места одиме вака, пред 20 дена бевме во Радовиш, исто вака во манастир, и овде е многу убаво. Интересно е, повеќе здруженија доаѓаат, па да не претерам, ама сигурно 50 автобуси има со пензионери од разни градови...

Повеќе...

Pavel-Satev-Cistenje-Brana-12.08.2013  Неколку групи волонтери од повеќе европски земји викендот изведоа еколошка акција на брегот на браната Гратче. Она што го ветија и испланираа, го реализираа на терен.

Топлото време  не беше пречка да се ангажираат во собирањето на отпадоците и средувањето на околината на плажата спроти стариот мотел. Иницијативата за тоа потекна од нивните колеги кои секое утро пешачеле и рекреирале до вештачката акумулација.

Волонтерите беа ефикасни во расчистувањето на околината, но рекоа дека има уште да се работи, заради што упатија апел до граѓаните.

Повеќе...

zbunovi412.08.2013 Станува збор за површината покрај скалите која води кон Споменикот на слободата на Локубија. Грмушки, обрасната трева, отпадоци.

Мудриниќ кои долги години живеат во Швајцарија, а овде се дојдени на одмор, велат дека при секое доаѓање сликата е иста, а надлежните не преземале ништо.

-Тоа е државно земјиште и треба да се очисти. Неколку пати поднесувам барања, бев кај Градоначалникот кој испрати екипа, но таа замина без да исчисти - тврди Фиданка Мудриниќ.

Мудриниќ бара да се очисти земјиштето, затоа што просторот и периодов и претходно бил исклучително загаден.

Повеќе...

posti12.08.2013 За голема радост на кочанската црква и на сите православни верници на 17 и 18 август за прв пат во Кочани ќе биде изложена на поклонение честица од животворниот крст на кој што бил распнат Исус Христос, како и моштите од неколку светци. Затоа од православниот храм Св. Вмч. Ѓорѓи ги повикуваат верниците на заедничко поклонение пред моштите.

-Моштите од Св. Пантелејмон , Св. Димитрија Ростовски, Св. Серафим Саровски, Св. Теофан Затворник, парче од одеждата и новиот завет на Св. Јован Шангајски ќе бидат изложени во кочанската црква на 17 и 18 август. За радост на православните верници, за прв пат во кочанскиот храм Св. Горги ќе биде изложена на поклонение честица од животворниот крст на кој што бил распнат Исус Христос. Ги повикуваме сите православни верници на заедничко поклонение, истакна Димитар Арсовски, ѓакон.

Повеќе...

fudbal-112.08.2013 Во рамки на подготовките пред стартот на новата сезона во Третата лига- Исток за околу една недела, кочанскиот третолигаш ремизираше во Делчево против домашната екипа на „Брегалница Голак“. Рамноправно со противник од ист ранг.

Во дуел во кој ниту една од двете екипи немаше изразена доминација во текот на сите 90 минути, први во водство дојдоа домаќините. Со резултат од 1:0 се замина и на полувреме.

Вториот дел донесе поголема динамика. Од неколкуте шанси што беа створени пред двата гола, „Осогово“ материјализираше две, „Брегалница“ една.

Повеќе...

losi-raboti-309.08.2013 При посета на манастир , ретко кој од верниците знае да се однесува правилно. Прво се насочуваат кон хранењето и угодување на телото , а чистењето на душата го оставаат за крај. Забораваат на молитвите, на покајанието, се туркаат за манастирска манџа и чадат скара во петок, вели Митрополитот Брегалнички г. Иларион кој апелираше до сите верници за правилно однесување во храмот.

-За жал луѓето направија една традиција. Седат во дворот на манастирот и сите со нетрпение ја очекуваат манџата. Сакам да споменам дека не е најважна манџата. Најпрво барајте го царството небесно се другото ќе ви се придаде. Најважно е сите да бидеме на литургија, на заедничка молитва, покајание. Не е добро да го бараме Бог само кога страдаме. Треба да го бараме и да му се заблагодаруваме секој ден, рече г. Иларион, Митрополит Брегалнички.

Повеќе...

Plostad-109.08.2013  Кочанскиот плоштад и понатаму останува со сегашниот изглед. Понудените идејно-архитектонски  решенија што пристигнаа на конкурсот што го објави Општината, не ги исполниле очекувањата на комисијата во Локалната самоуправа.

И покрај тоа што дел од предлозите на архитектите биле доволно смели и нуделе современи решенија за плоштадот, ниту еден од нив нема да ја добие првата награда. Ќе нема ниту втора, туку ќе се доделат две трети парични награди од по 10 илјади денари.

Во краткото писмено известување од Општината не се соопштени други детали зошто ниту еден од осумте пријавени проекти не е прифатен за да добие практична  реализација на терен.

Повеќе...

kabli09.08.2013   Никој не знае чии се каблите што од почетокот на оваа недела лежат на земја на улицата “Лазар Андонов“ во близина на железничкиот премин кај Ветеринарната станица.

Освен нив, виснати се и други кабли кои го отежнуваат поминувањето нa возилата, а се потенцијална опасност и за минувачите. Пред еден ден, велосипедист кој не ги забележал жиците за малку ќе завршел со сериозни последици, откако една од нив му се заплеткала околу вратот.

Граѓаните што живеат во близина не знаат дали во каблите има електрична енергија, па од страв не се ни обидуваат да се доближат до нив.

Повеќе...

pantelej-slava-09.08.2013 Манастирот „Св. Пантелејмон“ собра голем број верници на манастирска слава. Со свечената литургија чиноначалствуваше Митрополитот Брегалнички Г. Иларион заедно со свештениците од кочанското архиерејско намесништво.

-Најпрво честит празник на сите православни христијани во цела Македонија, а посебно во кочанскиот крај кој што го чествуваат овој празник посветен на Св. Пантелејмон. Не само манастирот туку и селото го носи името на светецот. Денеска исто така ги чествуваме и сесловенските учители браќата Св. Кирил и Методиј и нивните ученици Климент , Наум, Саво, Горазд и Ангелариј. За Св. Пантелејмон знаеме дека е роден во третиот век. Ја примил верата Христова од мајка му. Изучил медицинско училиште, но не постанал само телесен туку станал и душевен лекар. Многупати направил чудо, излекувал болнина кои многу лекари незнаеле како да го излекуваат, истакна г. Иларион, Митрополит Брегалнички.

Повеќе...

komarci09.08.2013  В понеделник и вторник, на 12 и 13 август, повторно ќе се прска против комарците. Со тоа Општина Кочани ќе ја спроведе третата фаза од третманот што беше планиран за оваа година.

Терминот е како при претходниот третман, меѓу 22 и 6 часот наутро. Се планира да биде опфатена површина од 300 хектари во централното градско подрачје, приградските населби, како и во селата Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

Третирањето ќе се реализира во соработка со Центарот за јавно здравје, а повторно ќе се користи препаратот што е одобрен од Бирото за лекови, познат под името “аквакотрин“. Од Центарот повеќепати досега нагласија дека неговиот хемиски состав нема штетно влијание врз луѓето и топлокрвните животински видови.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

-4°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 93%
Ветер: North при 0 kmh
Недела1°C/7°C
Понеделник2°C/7°C
Вторник3°C/7°C
Среда1°C/7°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 95 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click