Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

turnir1211.07.2013  “Елемент“ против “Истра“ и  “Европа 92“ против “Еко оил“ се четирите екипи што се најдоа во полуфиналето на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Во салата на ОУ “Никола Карев“, се одигра третото коло што ја даде разврската на нaстаните во групата “Б“ каде што постоеше дилема кои ќе бидат двете екипи што ќе ги продолжат натпреварите.

И ако за групата “А“ веќе беше познато дека третото коло е само формалност и во полуфиналето одат “Елемент“ и “Еко оил“, во другата група “Европа 92“ изгуби од директниот конкурент “Истра“, но сепак и двете екипи го продолжуваат натпреварувањето на турнирот.

Повеќе...

ZemjodelskiAptekiKrazba410.07.2013  Хемиски препарати за заштита на оризот вредни 5.500 евра се украдени од земјоделските аптеки “Даниво“ и “Агро мат“ во Облешево.

Непознат сторител со употреба на погоден предмет успеал да влезе низ прозорецот на едната и низ вратата на другата просторија. Објектите се наоѓаат во непосредна близина, еден наспроти друг, па не било тешко да се изнесе поголема количина од вредната стока.

Кражбата се случила по полноќ и никој не забележал дека во објектот влегол неканет гостин. Необично е што двете земјоделски аптеки се наоѓаат на многу прометно место, биле добро осветлени и заклучени, а во близина работела и една бурекчилница.

Повеќе...

sud210.07.2013  Петмина сведоци беа сослушани на осмото продолжение од главниот судски претрес против поранешните први луѓе на кочанската полициска станица. Сите се сегашни или пензионирани полициски службеници кои во обвинението против нивните поранешни претпоставени, Ванчо Тодоровски и Санде Стојменов, се споменуваат дека директно примале наредби како да постапуваат во случаите кога граѓаните поднесувале пријави за одредени настани.

Дел од сведоците ги негираа таквите наводи во обвиниението, а двајца рекоа дека се случувало Тодоровски да им се јави или да им укаже против одредени лица да не пишуваат соодветни пријави.

Повеќе...

dijaliza10.07.2013  Компанијата “Метрополитен“ ДООЕЛ – Скопје понудила најповолни услови за давање услуги на бубрежно болните  лица во реонот 1, во кој спаѓа и општина Кочани. Тоа значи дека во иднина наместо за здравствената дејност за дијализа да биде одговорна Општа болница, тоа ќе премине како обврска на скопската фирма.

Таков е епилогот по јавната набавка и наддавањето меѓу петте компании кои се пријавија на тендерот што го објави Министерството за здравство.

Со измените што ќе се направат се очекува да се подигне квалитетот на дијализната дејност во државата.

Повеќе...

PlivanjeKursevi1410.07.2013  Седумнаесет деца од социјално ранливите категории се посетители на школата за пливање што се одржува на градскиот базен.

Организатор на школата е  Општина Кочани, која ги покрива целокупните трошоци.

По продолжениот рок за пријавување на заинтересираните кандидати пристигнаа доволен број пријави за да може да се оформи групата за пливачи почетници.

Децата се на возраст од 8  до 12 години, а со подобрувањето на временските услови се очекува школата да се реализира без проблеми.

Повеќе...

LikovenPerformans110.07.2013  Девет уметници учествуваа на годинашниов ликовен перформанс што е дел од културната манифестација  Петровденски конаци.

Како што беше најавено, настанот се одржа покрај кејот на Кочанска Река, со оглед што временските услови не ги попречија учесниците да сликаат под отворено небо.

Инспирирани од природата и окружувањето, уметниците сликаа по слободен избор во различна сликарска техника. Ги имаше од повеќе градови во државата, а некои од нив веќе и се познати на кочанската јавност.

Повеќе...

turnir1610.07.2013  Екипите на “Елемент“ и “Еко оил“ веќе обезбедија учество во полуфиналето на Петровденскиот турнир во мал фудбал.

Во второто коло тие  ги победија своите противници со убедливи резултати и со по две победи се наоѓаат на врвот на табелата од групата “А“. Зад нив се екипите на “1 Мај“ и “Амигоси“ кои практично ги загубија шансите да остварат подобар пласман.

Нешто понејасна е состојбата во групата “Б“ каде на врвот се наоѓа “Европа 92“, со две победи, а останатите три екипи не се издвојуваат според ефикасноста, па ќе се чека расплетот во третото коло.

Инаку во рамки на второто  коло се постигнати следните резултати:

Повеќе...

Poplavi1309.07.2013  Граѓаните на Кочани повторно поминаа кошмарна вечер поради големото невреме што го зафати регионот.

Обилниот дожд што паѓаше половина час ги преполни улиците и се излеа во пониските деловни објекти и подрумските простории. Надојдената вода го попречи и нормалното одвивање на сообраќајот, а на улицата “Глигор Апостолов – Гочо“ се создаде вистинско езеро длабоко 60-тина сантиметри. Возилата беа принудени да се движат по споредните улици за да влезат во градот.

Сепак, најкритично беше во Трговскиот центар каде за десетина минути инвентарот и стоката во деловните објекти се најдоа под вода. Сопствениците се револтирани што и покрај барањата до локалните власти и надлежните, со години не се преземаат ефикасни мерки за заштита од поплавите.

Повеќе...

MaticnoPoplaveno09.07.2013  Дваесетина матични книги со податоци за родените до 1950 година се зафатени од водата што  ги наполни просториите на матичната служба во близина на Полициската  станица.

Вработените се ангажирале уште вечерта за да ги извлеачт кутиите  во кои се сместени книгите и да ги сместат на безбедно. На помош притекнала и екипа на противпoжарната единица, но сепак водата била побрза од нив и ги зафатила документите што се наоѓале на пониските полици.

Видливи оштетувања имаше на подот каде ламинатот беше целосно подигнат и одлепен, а штета претпрел и инвентарот и дел од столаријата во објектот.

Повеќе...

evra09.07.2013  51-годишниот П.В. oд Кочани останал без 6.200 евра, верувајќи дека негов познаник од Штип, кој пријавил адреса на живеење во Скопје, ќе му помогне  околу вработувањерто на ќерката.

Без да насети дека се работи за измама, кочанецот пријавил дека на 19 јуни годинава, лицето Б.Н. го довело во заблуда лажно прикажувајќи му факти.

Всушност штипјанецот се претставил како еден од директорите на мобилниот оператор  ВИП, ветувајќи дека ќе му заврши работа неговата ќерка да замине на шестмесечна специјализација во Америка. По завршувањето на школувањето тој требало да посредува таа да се вработи во Владата на Република Македонија како дипломат за односи со јавноста.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

19°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: SSE при 4 kmh
Среда17°C/28°C
Четврток16°C/26°C
Петок16°C/29°C
Сабота17°C/32°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 140 гости и нема членови


web counter



qr code