X

Right Click

No right click

Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

matka-107.08.2013 Карциномот на матката коси во Кочани и регионот. 18 нови случаи регистрираше Центарот за јавно здравје од Кочани за една година. Тоа се резултати кои пристигнуваат од пријавите за малигни заболувања од матичните општи лекари и гинеколози до Центарот.  

-За оваа година новооткриени заболени жени со карцином на грлото на матката имаме 8, а на телото на матката 10. Тоа се податоци на ниво на сите општини што ги покрива кочанскиот Центар за јавно здравје, а тоа се Кочани, Виница, Делчево, Берово, Каменица и Пехчево , рече д-р Катица Атанасова, специјалист по социјална медицина.

Од Центарот информираат дека веќе три години по ред се откриваат околу 20 сетина нови случаи на карцином на матка годишно.

Повеќе...

zolta-faza-507.08.2013 Денеска жолта, утре Кочани и регионот влегуваат во портокалова фаза. Топлотниот бран продолжува и утре со температури над 40 степени.

Од Центарот за јавно здравје Кочани препорачуваат во текот на деновите во портокалова фаза бремените жени и лицата постари од 60 години да се ослободат од работа, а работодавците да го реорганизираат работното време за градежните работници и лицата кои работат на отворено со тоа што ќе се одбегнуваат активности во периодот од 11 до 17 часот.

На вработените во градинките им се препорачува во овој период да не ги изнесуваат децата на отворено.

Повеќе...

pantelej407.08.2013 Течат последните подготовки за големиот собир на манастирот св. Пантелејмон во Пантелеј, кој веќе традиционално го организира Здружението на пензионери од Кочани. Истиот ќе се одржи во недела, а се очекува присуството на пензионери од здруженија од цела Македонија, иако нивниот број ќе биде ограничен.

-Според капацитетот може да се организира оброк и сместување во кругот на манастирот за 2000-2500 пензионери. Повеќе не можеме да примиме зашто тоа би било дополнително малтретирање за присутните- рече Ѓорги Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Во манастирскиот круг настап во живо ќе имаат неколку ансамбли кои работат во склоп на пензионерските здруженија, а се очекува и присуството на претседателот на Здружението на пензионери на Македонија Драги Аргировски.

Повеќе...

punk07.08.2013  За прв пат годинава во Кочани се одржа  Фестивалот на македонската алтернативна музика. На подиумот на градскиот базен настапија пет музички бендови од Скопје, Куманово, Битола и градот домаќин.

Иако различни според стилот на музиката што ја исполнуваат, сите заедно се вбројуваат во алтернативната домашна музичка сцена. Во неколкучасовната свирка можеше да се слушне експериментален џез, noise и алтернативен рок, но и гренџ и сурф панк.

Се работи за авторска музика, што ја создаваат самите групи, а која може да се слушне и на нивни независни музички изданија, достапни и на интренет. Организатор на фестивалот беше студентската организација “Излез“, а поддршка дадоа и Локалната самоуправа на Кочани и КЈП “Водовод“.

Повеќе...

Zapalena-Kola106.08.2013  Патничко возило “југо“ со кочански регистерски таблички е целосно оштетено од пожарот што го зафатил додека се движело кон Кочани од правец на Штип.

Силниот пламен од под хаубата на моторот бил забележан во близина на хотелот “Национал“ по што возачот успеал да го напушти и немоќно да гледа како возилото гори.

Според очевидци, кои го забележале запаленото “југо“ , претходно се слушнал силен пукот, по што се појавил огнот.

 

Повеќе...

centar-za-javno-zdravje106.08.2013  171 случај на инфекции на горните и 42 новозаразени лица со инфекции на долните дишни патишта регистрираше Центарот за јавно здравје од Кочани за само една недела. Од пријавените предничат децата на возраст до 6 години.

- Од горнореспираторните инфекции за последната недела  имаме нови 171 заболени, од кои до 6-годиишна возраст 81 заболен,  од 7 до 19 години имаме 23, од 20 до  59 години имаме 57 заболени и над 60 години имаме 10. Значи предничат децата. Од долнореспираторните имаме вкупно 42 новозаболени од кои 14 се деца, истакна д-р Благица Ѓурковиќ, директор на Центар за јавно здравје.

Од Центарот смируваат дека бројката била  вообичаена за овој период од годината, но сепак остануваат општите препораки за заштита од бактериите на температури од плус 40 степени.

Повеќе...

Ponikva06.08.2013  Кочани и Пробиштип заеднички ќе го решаваат прашањето за собирањето и одводот на отпадните води во рекреативниот центар Пониква.

За тоа веќе е постигнат меѓусебен договор, па сега двете општини бараат пари за изработка на техничката документација.

Како проект веќе го понудија и на последната седница на Советот на градоначалници на Источно-планскиот регион.

Оттаму беше добиено зелено светло тој да влезе во ГИЗ РЕД програмата за финансирање проекти, преку Германското друштво за меѓународна соработка.

Повеќе...

placevi106.08.2013  Се продадоа само половина од градежните парцели што кочанската Локална самоуправа ги понуди со последниот оглас за продажба на државно земјиште.

За разлика од досегашните аукции, интересот на купувачите беше помал од очекувањата, па од десетте плацеви за индивидуални станбени објекти, купувачи имаше само за 5. Од нив два плаца се продадоа на улицата “Скоевска“, со површина од 380, односно 440 метри квадратни, по приближно иста цена од 211, односно 201 денар за метар квадратен.

Поповолна цена од 1050 денари за квадрат се постигна за еден плац за куќа на улицата “Орце Николов“, додека за вториот на истата локација купувачот треба да плати 71 денар од метар квдартаен. По иста цена се продаде уште еден плац во населбата Усова чешма.

Повеќе...

bolnica206.08.2013  Лабораторијата во Општата болница во Кочани се комплетира. Од денеска и официјално има ново вработување на специјалист по медицинска биохемија кој досега недостасуваше.

Исто така, Општата болница вработи и фармацевт кој ќе работи со болничката аптека што досега ја покриваше фармацевт од Здравствениот дом, информираше директорот на болницата Дејан Апостоловски.

Ќе има засилување и за уште еден специјалист-педијатар на детско одделение кој од специјализација ќе се врати во ноември. До Нова година ќе биде комплетирана и рендгенолошката служба.

Повеќе...

deska206.08.2013  Почина 70-годишната тешко подвижна и болна Дешка Трендафилова од Оризари која секојдневно беше малтретирана од снаа си и оставена да живее во шупа.

Бидејќи беше оставена гладна, жедна и без потребните лекови, нејзината ќерка Живка Филипова од Кочани реагираше до Центарот за социјални работи и до Канал 8 телевизија за решавање на состојбата на мајка и. Поднесе барање за итно префрлување во старечки дом.

Центарот ги презеде сите неопходни мерки за сместување на Трендафилова во дом, а во тоа и успеа кога беше префрлена во домот за стари лица во Прилеп. Но, по само една недела помината во домот старицата почина.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

Кочани

Влажност на воздухот:
Ветер: при
/
/
/
/
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 58 гости и нема членови


web counter



qr code
X

Right Click

No right click