Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

ISI25.07.2013  Екипата на Соколарци  го продолжува учеството на фудбалскиот турнир, на Илинденските спортски игри во Чешиново.

Пласманот во полуфиналето е обезбеден со заслужената победа над екипата на Карбинци. Во регуларниот  дел, вториот четвртфинале натпревар заврши со нерешен резултат од 1:1, па според пропозициите  победникот се доби по изведување пенали.

Поголема среќа имаа соколарчани, остварувајќи минимална разлика од 5:4. Инаку во поголемиот дел од средбата тие беа понадмоќни во играта и уште во средината на првото полувреме поведоа со резултат 1:0. Така се отиде и на пауза, по која концентрацијата како да попушти и и дозволија на штипската екипа да го изедначи резултататот. До крајот на средбата тој остана непроменет, па вториот полуфиналист се доби со изведувањето удари од 11 метри.

Повеќе...

VinicaIncident24.07.2013  13-годишно момче од  Виница заврши на Клиниката  за токсикологија во Скопје откако поради грижа на совеста испило цело шишенце таблети.

Претходно детето, заедно со негов 12-годишен другар извршиле полов напад над 8-годишно момче од Виница.

Настанот се случил во вторникот, околу 16 часот кај месноста Дива топола, на периферијата од градот. Расплаканиот осумгодишник по враќањето дома за она што му се случило и раскажал на својата мајка. Таа иако вознемирена, се обидела сама да го реши случајот. Отишла во домот на 13-годишниот напаѓач, за да поразговара со неговиот татко.

Повеќе...

bolnica24.07.2013  Маж и жена започнале расправија што имала неславен епилог за припадникот на посилниот пол.

39-годишниот кочанец С.С. завршил во болница како резултат на повредите нанесени по удар со стаклен предмет што го добил во главата.

Во вторникот, околу 20 часот, во куќа на улицата “Славчо Стојменов“ меѓу него и 33-годишната Д.И. од Кочани избила жестока караница, при што била употребена и физичка сила. Во еден момент изнервираната девојка, не можејќи да го контролира бесот, а во обид да се заштити од нападите, зела стаклена чаша и со неа замавнала неколку пати кон С.С. Од ударите чашата се скршила, а 39-годишникот се здобил со повреди на главата.

Повеќе...

Kucinja-Skitnici-224.07.2013  Стара жена и нејзините две малолетни внучиња пред некој ден биле нападнати од кучиња-скитници во близина на болницата  во Кочани. Само присебноста на двајца минувачи, кои успеале да ги избркаат кучињата, ги спасила старицата и децата од повреди и случајот завршил само со искината облека.

Тоа е втор поголем таков инцидент што се случил овој месец, што за среќа е без потешки последици. Сепак, граѓаните се сведоци на уште многу слични случаи кога напуштени животни, што слободно шетаат по улиците, се однесуваат агресивно или по меѓусебни борби ги напаѓаат и минувачите.

Дури и членови на Советот присуствувале на такви сцени, па прашањето за третманот на кучињата-скитници беше поставено и на последната седница.

Повеќе...

Ulici Usova Cesma 324.07.2013  30 години без изграден пристап се жителите на улиците “15 Македонски корпус“ и “Кресненско востание“ во населбата Усова  чешма. Иако куќите се нови, современи и убаво уредени за да се стигне до нив се гази или по прашина или по кал.

Последните метри асфалт по кој може нормално да се пристигне до делот во кој живеат тие е на соседната улица “Вера Циривири“. Од овде, па понатаму приодот е тесен, низ уличка по која тешко поминуваат автомобили, а тешки товарни возила за дотур на огрев или градежен материјал воопшто не можат да влезат. Камион натоварен со дрва пред извесно време на еден од соседите му ја срушил оградата.

Жителите се жалат дека никој не води грижа за нив, иако како и сите други одамна го платиле комуналните давачки.

Повеќе...

Avk24.07.2013  И Чешиново-Облешево на својата територија ќе реализира авионско прскање против комарците. Запрашувањето е  планирано да се реализира в петок, со почеток од 5 часот и ќе трае околу три часа.

Границата на третирањето започнува  во близина на мостот на  Злетовска река и се движи по течението на реката Брегалница до висина на селото Теранци. Со третирањето, освен оризовите полиња ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Бања, Чифлик, Теранци.

Вкупното третирање ќе биде извршено на територија со површина од 900 хектари.

Повеќе...

velosipedisti224.07.2013  Велосипедистите Бране Софронијоски од Кичево и Горан Казакоски од Скопје тргнаа да ја обиколуваат Македонија.

Патот долг над 750 километри планираат да го поминат со своите велосипеди за 5 дена.

Повод за ваквата авантура меѓу другото е одбележувањеро на празникот Илинден.

На првата етапа од Скопје до Кочани, поддршка добија од своите колеги велосипедисти Јоже Јованов и Сашко Јосифовски.

Повеќе...

tP-524.07.2013 Од четврток Кочани го зафаќа топлотен бран. Според информациите на хидрометеоролошките станици следи жолта- алертна фаза. Истата ќе трае само до наредната недела, од кога Општината, како и целата територија на државата ќе бидат зафатени со температури што ја дефинираат и портокаловата фаза.

Од Центарот за јавно здравје информираа дека од Министерството за здравство стигнала препорака да биде поставен пункт за бесплатни прегледи со мерење крвен притисок. За превентивата и контролата на граѓаните ќе биде задолжен тим од Здравствен дом од Кочани. Како што информираат оттаму, согласно препораките, пунктот ќе биде поставен на локација во централното градско подрачје, која дополнително треба да се утврди. Таму граѓаните ќе можат да се информираат и како да се заштитат од топлотниот бран, преку флаери што ќе ги дели медицинскиот персонал.

Повеќе...

penzioneri24.07.2013 Дводневна екскурзија во егејскиот дел, на северот од Грција, организираше здружението на пензионери.

Првичниот план бил да се посети Турција, но поради немирите во Истанбул, дошло до промена на дестинацијата.

Турата на 70-те пензионери во Грција стартувала со прошетка и шопинг во Солун и посета на бањолошкиот центар во Лутраки.

Пензионерите во Грција шетаа по намалени цени.

50 проценти од патните трошоци биле покриени со средства од буџетот на здружението.

Повеќе...

komarci323.07.2013  Рано изутрината на површина од 1500 хектари во општина Кочани и уште 1000 хектари во соседната Виница, се реализираше втората фаза од третирањето против комарците.

Како што беше најавено, по втор пат оваа година прскањето се изведе авионски, во раните утрински часови.

Третирањето делумно беше над градското подрачје, дел над населените места во низинскиот дел од општината, како и над оризовите ниви. Исто така, беа опфатени и подрачјата околу речните корита, односно непристапните места за третирање од земја. Како и до сега, за прскањето беше употребен т.н. заштитен широкопојасен инсектицид, познат под трговското име “аквакотрин.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 82%
Ветер: WSW при 2 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/23°C
Недела6°C/20°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 253 гости и нема членови


web counter



qr code