Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

IPR10.06.2013  Источниот регион треба да добие  нов просторен план, како дел од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Целиот проект ќе чини околу 4 милиони швајцарски франци, од што една третина ќе финансира владата на Швајцарија.

Се работи за програма што во наредните 4 години ќе се спроведува на национално и регионално ниво. Од сите осум региони во Македонија, Источниот добива приоритет, заради што Центарот за развој на регионот е и стратешки партнер на Програмата.

На работна средба во Штип претставници од општините, од Агенцијата за просторно планирање и од Министерството за заштита на животната средина формираа координативно тело, кое ќе работи на подготовките за новиот просторен план.

Повеќе...

penzioneri10.06.2013 Интензивни подготовки да се повтори или да се надмине ланскиот резултат - четврти во државата. Кочанските пензионери се подготвуваат за регионалните спортски игри кои на 15 - ти месецов ќе се одржат во Виница. Ќе учествуваат здруженијата на пензионери од општините источниот регион - Кочани, Берово, Делчево, Виница, Каменица и Пехчево.

-Во текот на минатиот месец имавме меѓуограночни и општински игри. Најдобрите ќе одат на регионалните игри . Ние веќе 20 дена интензивно се подготвуваме за регионалните , истакна Ѓорѓи Серафимов, претседател на Здружението на пензионери од Кочани.

Кочанските пензионери ќе се натпреваруваат во сите спортски дисциплини – влечење јаже, атлетика, стрелаштво, трчање мажи, трчање жени , скок од место, тробој, двобој, фрлање ѓуле. Тие ќе се одржат на виничкиот стадион.

Повеќе...

osogovo310.06.2013 Од ФК „Осогово“ велат дека сакаат да стават крај на сите местенки кои ги направиле истите луѓе на кои пред една година им бил оставен клубот на управување за ист толкав период.

„Околу тоа кој е легитимен претставник на клубот не сакаме да пишуваме, бидејќи потврди за легитимноста уште на крајот на минатата година испратија и Централниот Регистар на РМ, Агенцијата на млади и спорт на РМ, а ФФМ преку „Мак фудбал“ објави дека претседател на клубот е Крсте Крстев.

Не сакајќи да ја комплицираме работата во текот на првенството и клубот да се пресели во општинска лига, одлучивме на „гробарите“ на кочанскиот фудбал да им го оставиме клубот до крајот на првенството, бидејќи тие ветуваа дека ќе го обезбедат првото место и дека во најмала рака ќе играат бараж за втората лига.“

Повеќе...

Trotoar-Reka

07.06.2013  Нов изглед ќе добие дел од тротоарот  од десната страна на реката. Раскопаниот  асфалт, на кој зјаат големи дупки  и пукнатини на реконструкција чека со години. Граѓаните повеќепати реагираа дека оваа пешачка површина покрај кејот е едно од препознатливите обележја на градот, заради што заслужува поголемо вниамние.

Од Локалната самоуправа најавуваат дека дошол редот и на овој потег, со должина од околу 350 метри. Неговото уредување било во рамки на градежната офанзива за поставување бехатон плочки во централното градско подрачје.

 - Деновиве ќе се отпочне со  реконструкција од десната страна  на Кочанска река, односно од  мостот кај Домот на културата, па се до Шопинг центарот. Можно е да се продолжи и понатаму со поставување нови бехатон плочки до триаголникот, рече Влатко Димитров, раководител  на Сектор за урбанизам.

Повеќе...

Ucebna-Godina-Kraj07.06.2013 За 3068 основци и 1383 среднисти од Кочани заклучно со денешниот ден заврши учебната 2012 – 2013 година. Матуранти се 443. Основците и средношколците имаа 180 училишни денови, а матурантите за 14 помалку вкупно 166. Советниците за образование учебната година што измина ја оценуваат како успешно завршена.

-Генерално учебната година заврши успешно. Различни беа очекувањата на учениците, наставниците, локалната самоуправа и Министерството за образование , но можеме да констатираме успешен крај на годината. Инаку учебната година според календарот за основни и средно образование со вкупно 180 училишни денови завршува денеска на 7 јуни. Останува екстерното да заврши во понеделник, истакна Голубина Ѓеорѓиева, советник за образование во Општина Кочани.

Повеќе...

fax2

07.06.2013  Технолoшко-металуршкиот факултет од Скопје и оваа година во огласот за запишување нови студенти планира бруцоши за дисперзираните студии во Кочани.

80 слободни места за старт во високошколското образование им стојат на располагање на средношколците од Кочанско и поширокиот регион. Сите тие ќе мжат да стекнат факултетска диплома на насоката за конфекциско инженерство. 40 од слободните места се во редовната квота со плаќање надоместок од 100 евра. По 20 места има за нови редовни студенти со кофинансирање и за вонредни студенти. Првите треба да платат 100, а вонредните 400 евра.

Минатата година беше покажан исклучително слаб интерес за запишување на овој факултет, односно во сите три уписни рокови се пријави само еден студент. Поради економичност на трошоците и неисплатливост за одржување на наставата, во практиката насоката за конфекциско инженерство во Кочани не заживеа.

Повеќе...

konfekcii

07.06.2013  Тежок период му претстои на текстилното  производство во целиот источен регион од државата. Намалените нарачки од западноевропските купувачи ги влошуваат состојбите кај сите производители кои најавуваат дури и отпуштање на дел од вработените.

Со оглед дека 99 отсто од текстилните фирми кај нас работат на лон-принцип, доаѓа до опаѓање на акумулацијата и заработката, заради што сопствениците се принудени да го скратуваат трошокот за плати, односно да го намалуваат бројот на работниците.

- Од моите контакти  со продавачите на репроматеријал  кои се присутни во Македонија, нивните изјави се дека имаат некаде од 20-25% намалување на продажбата на репроматеријали, конец, копче, физелин и така натаму, што на некој начин тоа го потврдува. Бројката на вработени се менува, затоа што веќе се започнати отпуштања, а најавите на нашите колеги дека во следниот период е дека во однос на тоа ќе дојде до зголемување, рече Венцислав Филипов, член на управениот одобор на текстилен  кластер.

Повеќе...

407.06.2013 55 жени Ромки од Кочани се вклучени во проектот за доквалификација за Општините од Источна Македонија во кои е вклучена и Општина Кочани. Носители на проектот е Општина   Делчево, но во него се вклучени и Кочани, Виница, Штип, и Радовиш.

Формираната лоби група на Ромскиот информативен центар ги организира и информира жените Ромки од Кочани за работилниците. Имајќи предвид дека поголем процент од Ромките се без никакво или само основно образование и дека поголемиот број се зафатени со домашни обврски, целта на проектот е да им се каже дека и тие имаат право да се информираат за тоа како и на кој начин да отворат свој бизнис или барем да ги истакнат своите бизнис идеи, информираше Сабина Рамаданова, локален координатор на проектот од Ромскиот информативен Центар од Кочани.

Повеќе...

Poskapuvanje-Hrana-107.06.2013 Црни се прогнозите за глобалното производство и фрапантниот раст на цените на храната. Драстично поскапување на храната за 40 % , прогнозира Организацијата за храна и земјоделски производи. Поскапувањето на храната е последица на зголемената побарувачка за храна. Цените на прехранбените продукти ќе пораснат за 40 %, а рапидно ќе расте цената на месото и на житарките. Причината за бавниот раст на производството и продуктивноста и затоа владите треба да изнајдат начини да им овозможат на земјоделците пристап до технологијата, за да се зголеми производството.

Влијание на цените имаат и факторите што предизвикуваат се побавен раст на земјоделските производи, а тоа се намалените плодни површини, поскапото производство и проблемите со климата. Ова се нови ценовни шокови за граѓаните на и онака намалената куповна моќ.

Повеќе...

Prskanje-Komarci206.06.2013  Прскањето против комарците продолжува и годинава. Локалната самоуправа на Кочани во соработка со Центарот за јавно здравје ќе ја реализира првата фаза од планираната дезинсекција против здодевните инсекти.

Третманот ќе се реализира в понеделник и вторник, идната недела, во периодот меѓу 23 и 5 часот. Иако претходно се најавуваше заедничка акција на сите општини преку Центарот за развој на источниот регион, сепак таков договор не се постигна.

- Општина Кочани самостојно го организира прскањето против комарците, односно уништувањето на комарците и другите инсекти, на два начини. Едниот е од земја, каде што ќе имаме четири такви дејствувања и едно авинско. Површината што ќе се третира од земја ќе биде 300 хектари, а онаа што ќе биде од авион е 1500 хектари, рече Ратко Димитровски, градоначалник на Општина Кочани.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 205 гости и нема членови


web counter



qr code