Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

nikola-karev24.06.2013 Ја демантираме веста објавена на официјалната страна на телевизија Канал 8 во врска со резултатите од екстерното оценување и наводното  казнување на одредени наставници во ОУ “Никола Карев” како крајно неаргументирана и голема навреда на професионалноста и достоинството на наставниците како и угледот на училиштето.

Имено,во периодот кога веста беше објавена ,19.06.2013 резултатите од екстерното оценување  не беа добиени во целост , а анализа  на истите не беше можно да биде направена ниту во самото училиште, а да не зборуваме за ниво на општина или република..Согласно ова, немаше никаква можност да има казнети наставници. Ова не наведува да размислуваме за намерен атак врз имиџот на нашето училиште во време кога трае уписот на ученици и кога секоја позитивна,односно негативна информација влијае врз одлуката  за избор на училиште.

Повеќе...

stecajci324.06.2013  Локалните избори поминаа и време е Владата и Парламентот повторно да се позанимаваат со нашиот проблем, за конечно да се најде решение, велат од Здружението  на стечајни работници УНИТ.

Според претседателката на Здружението, Лилјана Георгиевска, стечајците до сега биле доволно трпеливи, а на неодамнешната координативна средба со сите ограноци била донесена одлука да се организира нов протест.

- Одлучивме на 4 јули да се излезе на протести пред Владата, затоа што тоа ќе биде и симболично поднесување на Предлог-законот, што за жал е по петти пат. Затоа, еве една молба до Владата на Република Македонија да размисли, да сфати дека е тежок животот на оваа категорија работници и да го изгласаат Предлог-законот или пак, нека понудат решение до 4 јули, нешто од нивна страна за згрижување на оваа категорија на работници, рече Лилјана  Георгиевска, претседател на Здружението на стечајни работници УНИТ.

Повеќе...

osogovo324.06.2013 15- тина фудбалери потпишале договор со ФК „Осогово“-информираше претседателот на клубот Крсте Крстев. Поради оправдани причини, според него, тоа досега не го сториле уште петмина играчи, но тие веќе дале усна согласност дека ќе ги бранат боите на клубот.

Во договорот стои дека на играчите ќе им се плаќа надомест, хранарина, премии за победа на домашен и гостински терен, како и патни трошоци за играчите однадвор.

ФК „Осогово“ планира и да се засилува. Определба на менаџментот на клубот ќе биде да се ангажираат играчи од Кочани и кочанско, за како што велат оттаму, да не се повтори истата грешка со ангажирање на поголем број играчи до страна, кои потоа си заминуваат заради незадоволство или други причини.

Повеќе...

pozar-ularci120.06.2013 Пожар во средата доцна попладнето пеплоса 7,6 ха плодно земјиште. Парцелите лоцирани во близина на Уларци, од левата страна на селото имале тројца сопственици, а биле засеани со пченка, овес и пченица.

Во гаснењето на огнот учествувале селаните. Се организирале сами и за час и половина успеале да го локализираат пожарот.

Се претпоставува дека го предизвикал човечки фактор, иако вистинските причини се уште се предмет на истрага.

Пеколните температури тукушто започнаа и се сериозен аларм. Овој случај е предупредување дека сезоната на пожари допрва почнува. Пожарникарите минатата и предминатата година се бореа против неколку огнени стихии и тоа најмногу во полскиот реон, но и во планинските и ридските предели.

Повеќе...

Avionsko-Prskanje-320.06.2013 По цела деценија пауза, авионот повторно го надлета Кочани во акцијата за прскање против комарци. Истата се спроведе во раните утрински часови. Започна во 05.00 а заврши во 06.30 часот.

Според одговорните, протекла без никакви проблеми. Авионското запрашување се изврши на територијата на општините Кочани, Виница, Пробиштип и Делчево. Со оваа активност се опфати вкупна површина од околу 1500 хектари во Кочани и 1000 во Виница. Се прскаше главно над оризовите ниви крај населените места и покрај речните корита, односно на непристапните места за третирање од земја. За прскањето беше употребено средство „аквакотрин“.

Авионското пркање чини 325 денари по хектар, што значи дека за Кочани беа потрошени нешто помалку од 500 000 денари, додека во Виница околу 325 илјади денари.

Повеќе...

Stecajci-220.06.2013  Наместо на состанок во салата на Мултикултурниот центар, стечајците од Кочани останаа на тротоар.

Не се одржа закажаната средба, на која требаше да се договараат за претстојните активности околу поднесувањето на предлог-законот до Владата.

Иако почекале дваесетина минути некој од Локалната самоуправа да дојде и да каже дали ќе им отвори за да влезат, не се појавил никој.

Револтирани од таквиот однос, само набрзина се договориле дека следната средба ќе ја одржат, макар и на отворен простор.

Повеќе...

seminar-osogovo-120.06.2013  Воспоставување поцврста врска меѓу невладините организации од осоговскиот регион заради заедничко дејствување во насока на развој на Осоговијата беше тема на работилницата што се одржа на мотелот Гратче.

Организатор на активноста беше Македонското еколошко друштво, кое го реализира проектот “Прекуграничен биосферен резерват Осогово“, а опфатени се граѓански здруженија од општините Кочани, Пробиштип, Крива Паланка и Кратово.

Целта на проектот меѓу другото е да се најде заеднички бренд на регионот што подобро ќе го претстави и ќе овозможи негов развој.

Повеќе...

Policija-za-Roleri20.06.2013 Со зголемување на температурите се зголеми и бројот на деца кои возат ролери и велосипеди на коловозите и со тоа стануваат потенцијални жртви на сообраќајни незгоди.

Секојдневната сообраќајна контрола на кочанската полиција покажува дека лица кои возат ролери најчесто се малолетници. Полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај апелира до родителите и старателите на децата да поведат поголема грижа за своите малолетници.

Во наредниот период кочанската полиција ќе ги зајакне контролите против овие учесници. Согласно Законот за прекршоци и Законот за малолетничка правда ќе преземе мерки и покрај одговорноста на малолетниците ќе бидат повикувани и нивните родители и ќе биде утврдувана и нивната одговорност.

Повеќе...

starogradska520.06.2013 Македонската песна се негувала и ќе се негува во Виница уште долги години. За пет години на музичката сцена во Виница се промовираа во меѓународни рамки, а веќе го имаат и првиот документарен материјал аудио - визулен напис на кој се поместени 10 обработки на стари македонски песни . Домаќини на вечерта на староградски песни во Виница беа членовите на ансамблот „Серенада“.

-Виница има долга традиција на староградска песна. Почетоците се пред втората светска војна со градското пеење и со групите кои беа формирани. Имаше две – три групи кои ја негувале серенадната песна што поминале во староградски песни. Традицијата продолжува и после втората светска војна преку ансамблите за староградска песна „Распеани Виничани“ , женската пејачка група „Јана“ и со новоформираниот ансамбл за староградски песни „Серенада“ што работи во склоп на ДК „Тошо Арсов“.

Повеќе...

Drzavna-Matura-319.06.2013 Со поретки исклучоци, наставниците од ОУ „Никола Карев“, ОУ „Малина Попиванова“ и ОУ „Кирил и Методиј“ како и двете средни навреме го пополниле е - дневникот.

Но, дел од наставници го пропуштија рокот затоа што затаи системот и тоа заради доцнењата преоптоварување поради исполнување на обврската од страна на наставниот кадар во целата земја. Најголемиот дел наставници чекале до последен момент за да ја завршат обврска најмногу од ОУ „Раде Кратовче“.

Наместо 17-ти како што беше првично, крајниот рок за комплетно пополнувањена електронскиот дневник е понеделник 24 Јуни 2013 година.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

13°C

Кочани

Претежно облачно
Влажност на воздухот: 88%
Ветер: Variable при 4 kmh
Недела12°C/24°C
Понеделник13°C/23°C
Вторник13°C/24°C
Среда13°C/23°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 97 гости и нема членови


web counter



qr code