Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

OsogovoPrvaProzivka1116.07.2013  Нова група млади фудбалери на ФК “Осогово“ во понеделникот попладнето истрчаа на теренот на Градскиот стадион и ги започнаа подготовките.

На повикот на Стручниот штаб и на прозивката што ја направи тренерот Тоде Митев, дојдоа 15-тина фудбалери.

Со тоа, како што рекоа од Управата на клубот, започнува подготвителниот период пред претстојната натпреварувачка сезона. Желба и на фудбалерите и на раководството е со навремениот старт на тренинзите да се обезбеди потребната кондициона подготвеност за да се води битката за врвот на табелата. Освен подмладувањето на екипата на играчки план, новини има и во раководната структура на клубот.

Повеќе...

FKOsogovo16.07.2013  Надмудрувањето околу тоа која екипа е вистинското ФК “Осогово“ продолжува.

Иако минатата недела група фудбалери заедно со Стручниот штаб ја имаа првата прозивка и тренинг, на почетокот од оваа недела на Градскиот стадион се собра уште една група млади спортисти кои ја имаа својата прозивка и тренинг. И двете потврдија дека тие го имаат правото да го носат името на кочанскиот третолигаш, оценувајќи дека “оние другите“ не се вистинското “Осогово“.

Ваквото препукување ги става во недоумица и играчите и спортската јавност, па и новинарите.

Повеќе...

ecg215.07.2013  Современ ЕКГ апарат донираа членовите на Ротари клубот – Кочани за потребите на Општа болница. Уредот е прва донација од кочанските ротаријанци, кои ветија дека една од нивните цели ќе бидат и хуманитарните активности.

Средствата за набавка на уредот беа собрани од аукцијата на уметнички слики и икони што беше организирана на основачкото собрание на клубот што се одржа на крајот од јуни.

- Оваа акција беше најавена уште на свеченоста по повод оформувањето на нашиот клуб и брзо го реализиравме првиот дел од тоа што беше најавено. Во договор со директорот, ни беше укажано дека е неопходен овој апарат и дека многу ќе користи за подобрување на условите за лекување на пациентите во нашиот град, рече Зоран Тодоров, претседател на Ротари клуб – Кочани.

Повеќе...

sdsm15.07.2013  Tече рокот за пријавување кандидатури за претседатели на осум општински организации на СДСМ што го определи Централниот одбор на партијата.

Според официјалните известувања од СДСМ, промената не се прави заради изборните порази на последните локални избори, туку поради истекување на мандатите на досегашните претсдатели.

Со јавниот повик што беше упатен на крајот од минатата недела, нов прв човек треба да добие и кочанскиот партиски огранок. Засега во јавноста никој не излегува со можни имиња на кандидатите, посебно со фактот што кандидатирата се поднесува директно до претседателот Зоран Заев, наместо како порано тоа да го прават локалните партиски раководоства.

Повеќе...

komarci115.07.2013  Во наредните два дена, вторник и среда, повторно ќе има прскање против комарците. Со тоа Општина  Кочани го започнува спроведувањето на втората фаза од третманот против здодевните инсекти во регионот.

Со оглед што на почетокот на јули временските услови не овозможија да се спроведе планираната акција, таа сега се најавува за оваа недела. Терминот е како при претходниот третман, меѓу 23 и 5 часот наутро.

Слично како и минатиот месец, првото прскање од оваа фаза ќе се изведе од земја. Се планира да биде опфатена површина од 300 хектари во централното градско подрачје, приградските населби, како и во селата Тркање, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. 

Повеќе...

nokaut15.07.2013  Настапот на легендарната македонската рок група “Нокаут“ беше одлична завршница на програмата на годинешните “Петровденски конаци“.

Цврстиот звук, набиениот ритам повремено разнежнет со балади и препознатливи звуци од хитовите на гостите од Скопје беа одлична забава за публиката што дојде во саботата во градскиот парк.

Повеќегодишното искуство на членовите на бендот приодонесе лесно да се загрее атмосферата во гледалиштето, кое по почетното испитување на силите му се придружи на вокалистот Никола Перевски, давајќи му едногласна поддршка во изведбата на композициите.

Повеќе...

znm315.07.2013  И членови на Здружението на новинари од источниот дел на државата се соочуваат со притисоци да преминат во други новинарски асоцијации, што дејствуваат од пред извесен период.

Најчесто притисоците доаѓале од локални политичари и функционери кои се обиделе да влијаат врз сопствениците на одделни медиуми за да им “препорачаат“ на нивните вработени да го напуштат ЗНМ.

Сето тоа се прави со цел да се ослабнат позициите на Здружението и тоа да се прикаже како недоволно активно да ги штити правата на своето членство. За ваквите појави се разговараше на работниот состанок на регионалниот центар на ЗНМ од брегалничкиот регион, при што беше речено дека притисоци имало и во Кочани.

Повеќе...

turnir115.07.2013  Победничкиот пехар и главната награда од 12 илјади денари од Петровденскиот турнир во мал фудбал и припадна на екипата на “Истра“. Во финалната средба таа беше подобра од својот конкурент “Европа 92“ совладувајќи го со 2:1.

Во текот на целиот натпревар се играше цврст и добар фудбал, но на пауза се замина без голови. Резултатот беше откриен дури во второто полувреме, кога играчите на “Истра“ прикажаа подобра подготвеност, концентрираност и спортска среќа и заслужено славеа победа.

Тие водеа со 2:0 во текот на целиот натпревар, а “графичарите“ ја спасија честа од пенал што беше досуден на 10-тина секунди пред крајот на средбата.

Повеќе...

petrovden612.07.2013  Многуброен народ се собра во Градскиот парк за да присуствува на свеченоста по повод одбележувањето на Петровден.

Верскиот празник што во Кочани со векови го слави секоја куќа како домашна слава, од пред три години прерасна во општински празник.

Во рамки на празнувањето, во православниот  храм “Св. Ѓорѓи“ изутрината се одржа божествена литургија, а потоа свештениците и верниците во свечена литија пристигнаа во паркот, пред пред чешмата и мозаикот на Светите Петар и Павле.

Со духовната церемонија чиноначалствуваше митрополитот брегалнички г. Иларион, кој ја освети празничната погача, што потоа им беше поделена на присутните граѓани.

Повеќе...

SvecenaSednica912.07.2013  По повод одбележувањето на Петровден, Советот на Општина Кочани ја одржа вообичаената свечена седница, на која  покрај советниците, присуствуваа митрополитот на брегалничката епархија г. Иларион во придружба на свештени лица од кочанскиот православен храм, градоначалници од соседните општини, пратеници и функционери од државната и локалната власт, како и повеќемина граѓани.

На седницата, Одборот за доделување награди на Општината официјално ги соопшти своите одлуки за годинашните добитници на највисоките признанија.

Наградата за животно дело му  припадна на Јордан Манов, еден од основоположниците на спортот во Кочани, а наградата за значајни остварувања во развојот на Општината му е доделена на Здружението на пензионери.

Во обраќањето пред присутните, претседателката на Одборот, Илинка Атанасова, даде кратко образложение за одлуката.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

10°C

Кочани

Ведро
Влажност на воздухот: 76%
Ветер: North при 0 kmh
Четврток9°C/26°C
Петок8°C/26°C
Сабота7°C/24°C
Недела7°C/21°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 87 гости и нема членови


web counter



qr code