Вести
Секој ден во 18,00 и 22,00 часот објективно и навремено Ве информираме за најважните настани во Кочани и регионот.
На денешен ден
На денешен ден е кратко потсетување на настаните што се случиле пред многу години и столетија. Се емитува секој работен ден пред информативната емисија Вести, а во викендите пред емисијата Магазин.
Естрада плус
Естрада плус е забавно-музичка емисија посветена на случувањата на македонската, балканската, па и светската естрада. Се реализира во соработка со телевизијата ИНТВ од Австралија. Емисијата се емитува од понеделник до петок во 17,30 ч., а репризно во 21,30 ч.
Православна ризница
Православна ризница е емисија посветена на информирањето и едуцирањето на верниците за животот според принципите и духот на православното црковно устројство. Емисијата се емитува премиерно секој понеделник во 20.30 часот, а репризно во вторник од 18.40 и сабота од 13.40 ч.

Kocanska-Reka 26.02.2013  Во изминатите 24 часа во Кочанско наврнале над 30 литри дожд на метар квадратен. Заедно со топењето на снегот на планините тоа го подигна водостојот во реките и ги преполни вештачките езера.

Водата од браната Гратче во текот на ноќта и изутрината истекуваше преку преливникот, а истовремено се испушташе и преку контролниот вентил, при што во Кочанска Река истекуваа по околу 11 метри кубни вода во секунда. Одговорните велат дека биле приморани на таков чекор за да може да се запре водата што дополнително доаѓа во сливот на Голема и Мала Река.

Нивото на Кочанска Река, на делот што протекува низ градот, во текот на ноќта и претпладнето беше во постојан пораст и практично го прекри целото корито.

Повеќе...

Lada 3.JPG01.02.2013  Среќен крај за 50-годишен пациент со инфаркт имаше транспортирањето од Кочани до Скопје. Во близина на светиниколското село Сарамзалино се расипало возилото на Општа болница со кое бил превезуван пациентот, па морал да чека неколку часа за да се организира нов транспорт.

Медицинската екипа веднаш ги известила колегите во кочанската болница за случката, па била повикана Итната медицинска помош од Свети Николе со чие возило пациентот е однесен на Кардиолошката клиника во Скопје. Расипаното возило заедно со возачот останало да чека на патот додека да дојде друго возило и да биде одвлечено назад.

Повеќе...

odron126.02.2013  Над 40 метри кубни земја и камења исчисти механизацијата на “Македонија пат“ во изминатите 24 часа. Влагата во земјиштето предизвика одрони по коловозите, што ја загрозуваше безбедноста во сообраќајот. Освен тоа и дел од локалните патни правци се најдоа под вода од поплавите, па коловозите беа оштетени, заради што сообраќајот беше пренасочуван.

Најкритично беше на патот од Соколарци кон Чешиново каде имаше голема количина вода. Исто така дојде до пробивање на одводниот канал и уништување на проточните цевки Ф-1000, заради што на неколку места во прекин е сообраќајот на делницата од Бања до Соколарци.

Екипите интервенираа и на расчистување на одроните кон браната Гратче, каде на неколку места карпите го покрија коловозот.

Повеќе...

Ularci-Poplava26.02.2013  70-тина куќи во Уларци ноќеска беа поплавени од водата на Злетовска Река што се излеа од своето речно корито и навлезе во селото. Жителите исплашени за својата безбедност цела ноќ пробдеале надвор од своите домови, обидувајќи се да спасат дел од покуќнината и домашните животни во шталите.

Силната вода ги изненадила, затоа што нејзиното ниво се зголемило за краток период, па и не можеле којзнае колку да интервенираат во спасувањето на имотот. Постарите жители рекоа дека досега не виделе толку вода во реката, па ниту во сопствените дворови.

 - Јас сум 63 години и ова е прв пат за овие години да се случи вакво нешто. Или браната кај Пишица или браната кај Злетово е пуштена одеднаш и во селото има направено голема штета, некаде околу 70 сантиметри вода има низ куќите, рече Крстев Митко, жител на Уларци.

Повеќе...

Otpor pred socijalno 526.02.2013 Со транспаренти и пораки со поддршка на Миле Андонов, отпорот на опозицијата се слеа пред Фондовите за здравствено и пензиско и инвалидско осигурување. Овие институции не биле одбрани случајно, оти според здружената опозиција секој граѓанин ги чувствува последиците од нивното лошо работење.

- Две институции кои овие години не влеаја доверба и сигурност и не понудија подобри сервисни услуги за граѓаните на Кочани и Македонија, вклучувајќи го и кочанскиот Медицински центар кој некогаш беше регионален центар од овде до бугарската граница, а денес се сведува на мала или поголема јавна здравствена установа, рече Миле Андонов.

Според него, лекарите и медицинскиот персонал не се виновни што граѓаните  не ги добивале потребните услуги, туку владината политика во здравството.

Повеќе...

opstina1.jpg18.02.2013  Актуелниот градоначалник Ратко Димитровски нема да биде единствениот кандидат на гласачкото ливче во трката за нов мандат на функцијата. Друштво ќе му прават уште двајца, чии партии ги кандидирале во законскиот рок.

Бројот на советнички листи пак, е уште поголем, односно покрај онаа од коалицијата на власт, на советничките столчиња ќе се обидат да седнат и кандидати од уште четири други партии, односно група избирачи. До Општинската изборна комисија пристигнале осумте кандидатски листи до полноќ на 16 февруари, со што биле запазени законските одредби. Оттаму  ги потврдија подносителите на сите листи и имињата на тројцата кандидати за градоначалник.

Повеќе...

Otpor-Vinica_1.jpg14.02.2013 Маршот на отпорот во Виница тргна кон центарот на градот, а заврши над градскиот плоштад. Стотина граѓани, членови и симпатизери на опозицијата со транспаренти со политичка содржина и памфлети на кои пишуваше „ОТПОР“ маршираа против „режимот“ на власта. Карванот запре на улицата „Маршал Тито“, од каде членови на Сојузот за иднината, како и истакнати локални партијци упатија пораки кон власта.

- Само во последните 5-6 години од Македонија се иселиле 450 илјади Македонци, 86 000 зеле бугарски пасоши со цел да егзистираат во друга држава. Е, ова  Македонија господо од власта, ова е Македонија за која вие молчите -рече Соња Ѓоргиева од ЛДП.

- Често можеме да слушнеме немојте да зборувате, бидете потивки, правдини не истерувајте, ќе не кажеле во Комитетот на ДПМНЕ, е тогаш ќе сме виделе. На кое дереџе дојдовме, таа работа не ја бива, тоа така не оди, тоа така нема да се случи - порача Орце Јордановски од СДСМ.

Повеќе...

Opistana-cesinovo-oblesevo2.jpg11.02.2013 Последните информации од изминатата недела велат дека актуелниот градоначалник Јорданчо Лефков и понатаму се надева на поддршка од целата владина коалиција како кандидат на ДОМ која објави дека на изборите ќе настапи со самостојна советничка листа.

Од ВМРО-ДПМНЕ најсериозна закана се поранешниот директор на Водостопанство „Брегалница“ Горанчо Зашов, Костадин Личков, Зоран Иванов, директор на Центарот за управување со кризи, директорот на комуналното претпријатие Игор Јанев, како и комуналниот инспектор Борче Сандев. Во игра се уште неколкумина кандидати, но нивните шанси се значително помали.

Повеќе...

Crven-Krst-1.jpg14.02.2013 Волонтерите на клуб на млади од ОО на „Црвен Крст“  од  Кочани денешниот празник „Св. Валентин“  го прославија со активности кои се за поздравување. Изработија разни мечиња, срциња, украси и честитки и ги продаваа по симболична цена. Собраните средства ќе бидат наменети за помош на загрозено семејство.

-Денеска спроведуваме мала активност за да го одбележиме денешниот ден „Св. Валентин„. Направивме разни срциња, честитки, мечиња и ги продаваме. Парите ќе бидат наменети во хуманитарни цели, рече Александар Панов, лидер на клуб на млади во ОО на „Црвен Крст“ Кочани.

Кочанци ја покажаа својата хуманост. Купуваа од изработките на активистите и затоа акцијата беше успешна.

Повеќе...

SDSM-4.jpg12.02.2013 Неизвесноста дали ќе се оди на локални избори е причината поради која СДСМ советничката листа ја подготвува бавно и не соопштува информации за нејзиниот изглед.

Остана уште малку време Сојузот на иднината да се договори дали ќе излезе на изборите в март под моментните услови што произлегоа од несогласувањето на Груевски за предвремени парламентарни избори.

Освен во Кочани, истата стратегија се применува и во останатите општини.

Штурите информации што доаѓаат од партиски извори од Општинската Организација ја содржат веќе раширената шпекулација дека советничката листа на опозицијата во Кочани ќе ја предводи стопанственикот и поранешен пратеник во Собранието, Ванчо Ѓоргиев.

Повеќе...

Осветување на манастирот “Св. Климент Охридски“ - Осоговски Планини

22°C

Кочани

Заоблачено
Влажност на воздухот: 57%
Ветер: East при 9 kmh
Четврток13°C/23°C
Петок13°C/27°C
Сабота14°C/28°C
Недела13°C/27°C
KWeather is powered by Kaleidoscoop
Најчитани статии во последните 30 дена
Најчитани статии по месеци
Најчитани статии по години


Имаме присутни 169 гости и нема членови


web counter



qr code